1220-ти
десетлетие
< 1210-ти | 1220-ти | 1230-ти > | |||||||
1220 | 1221 | 1222 | 1223 | 1224 | 1225 | 1226 | 1227 | 1228 | 1229 |
1220-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1220 година и завршила на 31 декември 1229 година.
Настани
уреди1220
уреди- 26 мај - Фридрих II им дава суверени права на бискупите.
- мај - Френциск Асиси поднесува оставка од раководството на Редот на Фрањевците.
- 8 август - Ливонска крстоносна војна: Естонците ги победуваат Швеѓаните во Битката кај Лихула.
- 22 ноември - Фридрих II е крунисан за Цар на Светото Римско Царство од страна на Папа Хонориј III.
- Монголците ја напаѓаат територијата на Харезмитите. Бухара и Самарканд се освоени.
- Доминиканскиот ред е одобрен од папата.
- Конрад Пјаст ги протерува Прусијците од територија на Хелминската земја.
- Германската Хоенштауфен династија, која владеела со Сицилија од 1194, го прифаќа Палермо како главно свое место.
- Дордрехт добива градски права, што го прави најстариот град во денешна Холандија.
- Љубљана ги добива своите градски права.
- Исламските земји во Средна Азија се освоени од војските на Џингис Кан.
- Основано е Кралство Сухотај.
- Свети Бенедикт е канонизиран од Римокатоличката црква.
- Готската архитектура станува сè попопуларна во Европа.
- Реконструкцијата на катедралата во Шартр, која била уништена од пожар во 1194.
- Започнува обнова на Амјенската катедрала[1]
- Започнува обновата на Јоркшката катедрала.
- Започнува изградбата на Солсбериската катедрала
- Започнува обнова на градот Лондон.
- Започнува изградба на црквата Свети Никола во Берлин.
- Изградена е црквата во градотв Гадебуш.
- За првпат се споменува замокот Турјак.
- Градот Либен (Шпревалд) добил градски права.
- За првпат се споменува замокот во градот Хетштет.
1221
уреди- јануари - Монголската армија на чело со Џучи го освојува денешниот град градот Кенеургенч во Туркменистан) и ги масакрира жителите.
- февруари - Островот Мерв на Патот на свилата е освоен од страна на монголските сили на чело со Толуј по наредба на Џингис Кан. Современите научници сметаат дека над еден милион луѓе систематски биле убиени.
- 16 јуни - Евреите од Ерфурт, Германија се масакрирани.
- 29 јули - 10-годишниот Цар Го-Хорикава се искачува на престолот на Јапонија[2]
- декември - Јован III Дука Ватац станува византиски цар (Никејско Царство[3]
- Голема и мошне ефикасна монголска армија, испратена под Субутај од Џингис Кан во Грузија, поразува две грузиски војски околу Тбилиси.
- Џингис Кан влегува во долината на Инд во денешен Пакистан[4][5]
- Маџд ел-Мулк ал-Музафар, големиот везир на Голем Корасан, е убиен од монголските освојувачи.
- Маите од Јукатан започнуваат револт против владетелите на Чичен Ица.[6][7]
- Султан ел-Камил, син на ел-Адил, кој бил брат на Саладин, го понудил Ерусалим на Крстоносците за десет години во замена за Дамиета, но крстоносците на крајот се откажале, во замена за безбедно повлекување од делот на Нил.
- Основан е градот Нижни Новгород, Русија.
1222
уреди- 17 април - Стивен Лангтон, Архиепископ на Кентербери во Англија, го отвора советот во Оснејската опатија во Оксфорд.
- 11 мај - Кипар е потресен од земјотрес.
- август - По смртта на Јован Шведски на 10 март, 6-годишниот Ерик XI Шведски е избран за нов Крал на Шведска.
- Ливонска крстоносна војна: Данците не успеваат во обидот да го освојат островот Сарема од Естонците.
- Цистерцитскиот манастир е завршен во Алкобака.
- Отокар I ги обединува Бохемија и Моравија.
- Традиционален датум: Падовскиот универзитет е основан во Италија, од страна на Фридрих II.
- Издадена е Златна була во Унгарија, според која се ограничува моќта на монархијата над благородништвото.
- За првпат се споменува градот Нојкирх (Лужица).
- За првпат се споменува градот Вилтен.
- За првпат се споменува градот Рајдинг.
- За првпат се споменува градот Везениц.
- За првпат се споменува градот Марина Горка.
1223
уреди- 26 март - Саншу II Португалски станува Крал на Португалија
- 31 мај - Битка на река Калка: Монголските сили на Џингис Кан ги победуваат Русите.
- 6 август - Луј VIII е крунисан крал на Франција.
- Битка кај Самара Бенд: Волшките Бугари ја поразуваат армијата на Монголското Царство.
- Флотата составена од италијанско-нормански сили не успева да ја освои Џерба.
- Монголска инвазија на Русија започнува кога монголската армија напаѓа, по 87 години од доминацијата на државата Новгородска Република.
- Герман II Цариградски станува Вселенски патријарх.
- За првпат се споменува градот Зебниц.
- Ибн Араби се преселува во Дамаск
1224
уреди- февруари - Во Карион кралот на Кастиља, Фердинанд III, објавува дека има намера да продолжи со „Реконквиста“ против ел-Андалус.[8] Истата година, алмохадскиот калиф Јусуф II ел-Мустансир умира и е наследен од Абу Мухамед ел-Вахид, но во ел-Андалус, двајца претенденти, исто така, ги бараат своите права на престолот. Оваа политичка нестабилност на муслиманската страна му овозможува на кастилискиот принц победоносно да ја започне својата поход во октомври, со освојувањето на Кесада, Шпанија.
- Последните муслимански жители се протерани од Сицилија и Малта.
- Ливонска крстоносна војна: Ливонските браќа на мечот ги поразуваат Естонците. Со предавањето на тврдината Тарту, само островите на Саремаа и Муху остануваат под контрола на Естонија.
- Теодор Ангел Дука Комнин, владетел на Епирско Деспотство, го освојува Солунското Царство.
- Основан е Универзитет Неапол.
- За првпат се споменува градот Битерфелд-Волфен.
- Јуденбург ги добива своите градски привилегии.
- Опава ги добива своите градски привилегии.
1225
уреди- Тевтонските витези се протерани од Трансилванија, поради нивната закана за освојување од Унгарија.
- Големата повелба е потврдена (по третпат) од Хенри III[9]
- Илтутмиш, султанот на Делхи, го одбива Монголскиот напад.
- 27 јули - изградена е катедралата во Висби.
- За првпат се споменува округот Герсдорф.
- За првпат се споменува Кроствиц.
- За првпат се споменува Минхеберг.
- Основан е францискански манастир во Кириц.
- Царот Фридрих II одлучил да замине во крстоносен поход, се оженил по вторпат, со Изабела, ќерка на ерусалимскиот крал Јован Бријен, по кое се прогласил и самиот за ерусалимски крал.
- Во Монферато, Вилијам VI го наследил неговиот син Бонифациј II.
- Ослободен е Валдемар Дански според соборот во Франкфурт. Според договорот, Валдемар Дански морал да учествува во крстоносниот поход и да го предаде управувањето на кралството.
- Епископот на Рига Алберт, од страна на германскиот крал Хенрик, право над Маркгрофовија Летонија и Естонија.
1226
уреди- Папа Хонориј III го екскомуницирал Ремон VII од Тулуза.
- Кралот Луј VIII започнува голема јужна офанзива против Катарите и Грофовија Тулуза. Рамон Беренгер IV ја користи можноста да го потврди својот авторитет над автономните општини на своите територии. Повеќето градови мораат да го прифатат авторитетот на грофот, но Марсеј и Ница се спротивставиле[10]. Луј VIII го освоил Авињон.
- 8 ноември - Луј IX започнува да владее, по смртта на Луј VIII.
- Кралот Саншу II Португалски започнува голема офанзива против муслиманите и го зазема градот Елвас[11].
- На градот Нанитон му е доделен статус на трговски град од страна на кралот Хенри III.
- Во Норвешка, Роберт ја пишува Saga Af Tristram ok Ísodd, една од ретките целосно преживеани верзии на легендата за Тристан и Изолда[12]
- Поради стравот од моќта на Ломбардија, Фридрих II, цар на Светото Римско Царство, ги натерал да го обноват својот сојуз како би се одржал мирот според договорот од Констанца. Царот истовремено им ги одзел и нивните привилегии.
- Во југоисточнна Индокина, Јаја Парамесвар-Аварман II е крунисан за крал и повторно неговото Кралство Чампа се осамостоило.
- Џингис-кан организирал поход за да го казни непослушното вазалско кралство на Тангутите.
- За првпат се споменува градот Рајнбек.
- Фридрих II го прогласува градот Либек за слободен царски град.
- За првпат се споменува градот Гревесмилен.
- Војводата Хајнрих I на градот Лебус му доделува статус на град.
- Основан е манастирот во Прец и е доделен на монасите.
- Изградени се градските ѕидини на Дутинхем, денешна Холандија.
- Биоград на Море е споен со епархијата Скрадин.
1227
уреди- Јануари
- Ливонска крстоносна војна: Ливонските браќа на мечот и нивните сојузници на крстоносците го преминуваат морскиот мраз од копното на Естонија и ги поразуваат последните естонски упоришта на Муху и Саремаа. Ова го означува крајот на естонскиот поход во Ливонската крстоносна војна. Данска Естонија и Талин ги добиваат своите градски права.
- * Хенри III станува полнолетен и го презема престолот на Англија[13].
- 11 јануари - За првпат се споменува градот Пожега, во Повелбата на Андреј II Унгарски.
- март - Англија склучува примирје со Франција.
- 19 март - Папа Григориј IX го наследува Папа Хонориј III, како 178-ти папа.
- 24 ноември - Убиен е принцот Лешек Белиот, Голем војвода на Полска, за време на собрание на полските властелини во Гонсава.
- Новиот папа го присилил на Фридрих II, цар на Светото Римско Царство да го почитува договорот за започнување на крстоносна војна. Царот својот поход го започнал од Бриндизи, но поради голема епидемија тој се вратил, поради што бил екскомунициран.
- Во Алмохадскиот калифат починал Абу Мухамад Абд Алах ел-Адил, и бил наследен од страна на ел-Мутасим.
- На Јава починал Ангрок, по кое власта ја презел неговиот син Анушапати.
- Основан е Валкенридскиот манастир.
- Хајлбад Хајлигенштат ги добил правата на град од надбискупот на Мајнц.
- Данците се поразени во Битката кај Борнхеовед кое довело до загуба на територии населени со Германи и Словени.
- Основена е Династија Верле од страна на Никола I.
- Пронајдени се најстарите пишани податоци за селото Таор.
- За првпат се споменува селото Бистрица (Велешко).
- Теодор Комнин Дука, епирскиот деспот, го освоил градот Одрин.
- Градот Куресаре е освоен од Ливонското братство на мечот на чело со Волквин[14].
- Ханза добила статус на слободен царски град.
1228
уреди- 25 април - Конрад IV станува титуларен ерусалимски крал, со Фридрих II како регент.
- 28 јуни - Крстоносците се собираат во Бриндизи на чело со царот Фридрих II, за започнување на Нова крстоносна војна.
- Болдвин II Цариградски станува цар на Латинското Царство, заедно со Јован Бриен како регент.
- Трансилванискиот град Регин се споменува за првпат во Повелбата на Андреј II Унгарски.
- Шпанија: Кралот Јаков I започнува голема офанзива против муслиманите во Мајорка. Истата година, Мурсија е соочена со зголемување на христијанскиот притисок, а Ибн Худ ел-Јамади ги осудува Алмохадите и ги признава Абасидите како легитимни калифи, кои всушност прогласуваат независност[8]. Други познати христијански успеси: Алфонсо IX Леонски ја освојува Мерида[11].
- 16 јули - Свети Францисо Асиски е канонизиран од папа Григориј IX.
- Прв доказ дека Темпларите му дале паричен заем на Хенри III[15].
- Населението на Болоња на чело со Џузепе Тоскиски, започнале востание против аристократијата и наметнале демократски реформи.
- Дален (Саксонија) добива градски права.
- Абу Закарија ја основа Хафсидската династија во Ифрикија (денес Тунис).
- Сукафа, првиот цар на Ахом, го воспоставува своето владеење во Асам. Кралевите на Ахом владеат близу 600 години.
1229
уреди- 18 февруари - Шеста крстоносна војна: Фридрих II потпишува десетгодишно примирје со ел-Камил, враќајќи го Ерусалим, Назарет и Витлеем.
- 6 март - 2-годишен штрајк на Универзитетот во Париз започнува со студентски немири.
- 18 март - Шеста крстоносна војна: Фридрих II се крунисува за Крал на Ерусалим.
- 12 април - Парискиот договор доведува до крај на Катарската крстоносна војна.
- 23 април - Алфонсо IX Леонски го освојува Касерес.
- 12 септември - Армијата, на чело со Јаков I, започнува напади на Мајорка.
- 13 септември - Огатај-кан е прогласен за кан на Монголското Царство.
- 28 ноември или 29 ноември - Ерик XI Шведски е поразен од Кнут II Шведски, кој се прогласува за нов крал.
- Католичката црква трајно ја воспоставува инквизицијата.
- Изграден е Замок Беверстон, Глостершир.
- Следејќи го ќор-сокакот во изборот на венецијански дожд, бројот на избирачите се зголемува од 40 на 41, со цел да се спречат таквите идни појави.
- Универзитет Тулуза е основан во Франција.
- Основан е градот Турку, Финска.
- Основан е градот Раперсвил.
- Прво споменување на градот Бенц (Узедом).
- Прво споменување на градот Глинде.
- Прво споменување на градот Мјелец.
- Прво споменување на градот Камник (Словенија).
- Прво споменување на градот Жлковце.
- Прво споменување на градот Бад Закса.
- Висмар добива градски права.
- Еслинген на Некар добива градски права.
- Силите на Папската Држава навалиле во Неапол каде папата наредил да бидат разрешени сите поданици кои имаат верност кон царот.
- Венеција потпишува трговски договори со султанот на Алеп.
- Започнува да се гради Катедрала Ла Сеу.
Наводи
уреди- ↑ Sutton, Ian (1999). Architecture, from Ancient Greece to the Present. London: Thames & Hudson. ISBN 978-0-500-20316-3.
- ↑ Perkins, George W. The Clear Mirror: A Chronicle of the Japanese Court During the Kamakura Period (1185-1333). Mourning Attire. Stanford University Press. стр. 59. ISBN 0804763887.
- ↑ George Akropolites. The History. Trans. Ruth Macrides. New York: Oxford University Press, 2007, p. 160.
- ↑ Jeune, Sir Francis Henry (1867). The Mahometan Power in India: The Arnold Prize Essay for 1867. стр. 20.
- ↑ Lindsay Brown; Paul Clammer; Rodney Cocks (2008). Pakistan and the Karakoram Highway. North-west Frontier Province. Lonely Planet. стр. 189. ISBN 1741045428.
- ↑ Richard Bodley Scott; Graham Briggs; Rudy Scott Nelson (2009). Blood and Gold: The Americas at War. Osprey Publishing. стр. 35. ISBN 1846036917.
- ↑ Bancroft, Hubert Howe (1883). The native races. 1882-86. British Columbia: History Company.
- ↑ 8,0 8,1 Linehan, Peter (1999). Abulafia, David (уред.). The New Cambridge Medieval History c.1198-c.1300. Chapter 21: Castile, Portugal and Navarre. Cambridge University Press. стр. 668–699 [672]. ISBN 0-521-36289-X.
- ↑ Williams, Hywel (2005). Cassell's Chronology of World History. London: Weidenfeld & Nicolson. стр. 135–137. ISBN 0-304-35730-8.
- ↑ Dell'Umbria, Alèssi (2006). Histoire universelle de Marseille. De l'an mil à l'an deux mille. Marseille: Agone. стр. 19. ISBN 2-7489-0061-8.
- ↑ 11,0 11,1 Picard, Christophe (2000). Le Portugal musulman (VIIIe-XIIIe siècle. L'Occident d'al-Andalus sous domination islamique. Paris: Maisonneuve & Larose. стр. 110. ISBN 2-7068-1398-9.
- ↑ Tristan et Iseult. Paris: Gallimard. 1995. ISBN 2-07-011335-3.
- ↑ Palmer, Alan; Veronica (1992). The Chronology of British History. London: Century Ltd. стр. 79–81. ISBN 0-7126-5616-2.
- ↑ Kjaergaard, Thorkild (1994). Castles around the Baltic Sea: the illustrated guide. Castle Museum. стр. 64. ISBN 978-83-86206-03-2. Посетено на 4 June 2012.
- ↑ Ferris, Eleanor (1902). „The Financial Relations of the Knights Templars to the English Crown“. American Historical Review. 8 (1).