Катедрала Ла Сеу
Катедралата Ла Сеу или катедралата во Палма де Мајорка, (шпански: Catedral de Santa María de Palma de Mallorca) е катедрала и базилика која се наоѓа во истоимениот град, на островот Мајорка, Шпанија. Храмот бил изграден на местото каде порано се наоѓала џамија. Објектот е долг 121 метри, 55 метри широк и 44 метри висок. Катедралата со својата изградба започнала во времето на Џауме I од Арагон во 1229 година а завршила во 1601 година. Таа е во стил на готска архитектура со влијание на готски елементи од Северна Европа. Таа се наоѓа во непосредна близина на брегот на Средоземно Море, заштитена од ѕидините на стариот град. Во почетокот на XX век започнала обнова на катедралата. Како главен дизајнер бил избран Антони Гуади. Дел од неговите идеи биле прифатени. Сепак, во 1914 година Гуади го напуштил проектот по расправија со изведувачот.
Катедрала Ла Сеу Catedral de Santa María de Palma de Mallorca (шпански) | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Палма де Мајорка, Мајорка, Шпанија |
Координати | 42°52′50″N 8°32′40″W / 42.880602° СГШ; 8.544377° ЗГД |
Припадност | Римокатоличка црква |
Архитектонски стил | Готика |
Надворешни врски
уреди- Историја на катедралата Архивирано на 25 октомври 2014 г.
- Катедрала Ла Сеу Архивирано на 17 ноември 2007 г.
- Катедрала Ла Сеу на www.mallorcawebsite.com
- Almudaina Palace Архивирано на 25 октомври 2009 г.
Оваа статија за црква или сличен христијански објект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
39°34′2.56″N 2°38′53.29″E / 39.5673778° СГШ; 2.6481361° ИГД{{#coordinates:}}: не може да има повеќе од една главна ознака по страница