Роберт IV Силниот ( 8202 јули 866[1]), исто така познат и како Руперт, бил маркгроф (маркиз) во Неустрија. Неговото семејство е именувано според него и се нарекува Робертини. Роберт бил татко на кралевите Одо и Роберт I од Франција. Роберт бил дедото на Иго Капет и со тоа предок на сите Капети. Неговиот татко бил Роберт III од Вормс.[2]

Статуа на Роберт Силниот

Потекло и доаѓање на власт

уреди

Доста малку се знае за потеклото на Робертините. За време на владеењето на Лудвиг Германски, семејството од Источна Франкија се преселило во Западна Франкија. По неговото пристигнување во Западна Франкија, Карло Ќелавиот во 853 им дал власт во провинциите Мејн, Анжу, и Тур. Роберт имал задача да ја брани Неустрија од наездите на Викинзите и Бретонците во коишто битки се истакнал.

Откако во 858 земал учество во бунтот против Карло II, во 861 се покорил и станал маркиз на Неустрија, регионот меѓу Сена и Лоара.[3].

Поддршка на Карло II и стекнување на грофовиите Тур и Анже

уреди

Роберт Силниот е цитиран уште во 836, година во текот на која тој го напуштил регионот на средна Рона[4], но без да стекне титули.

Во тек на битките за превласт меѓу синовите на Луј I Побожниот, тој бил на страната на Шарл II Ќелавиот, кој бил зет на Одо Орлеански и веројатно сопруг на неговата германска братучетка. Тој морал да ги напушти поседите, кои се наоѓале во рамки на кралството на Лотар I, а да побегне на запад, кај семејството на мајка му.

Во 852, Карло II Ќелавиот го прогласил за лаички опат на Мармутие[5], потоа следната година missus dominicus на разни грофовии во Неустрија, посебно во регионите на Турена и Анже[6].

Карл Фердинанд Вернер го објаснува неговиот успех да се наметне во регионот на Лоара поради семејните врски[7] кои го поврзувале со кланот на Адалар и со две групи роднини на запад :

Бунтот против Карло II и стекнување на власт (маркизат) на Неустрија

уреди

Во 856, Карло II Ќелавиот го наместил својот син Луј на чело на « војводството од Манс », територија која одговара на маркизатот Неустрија[8]. Роберт не е споменат ни во таа прилика, ниту од ноември 853 и во текот на годината 854 кога Нормандите дошле во Лоара за да го ограбуваат Анже, Турена или Блоа[9]. Тој се споменува дури во 858 на страната на Лудвиг Германски, против Карло и син му.[10]. Се покорил дури во 861, во замена за маркизатот Неустрија[11].

Битка против Нормандите

уреди

Во 862, 864 и 865, Роберт се истакнал во битката против нападите на Викинзите кои формирале свои бази на устието на реката Лоара (853) и на Сена (856) под водство на нивниот водач Хастинг. Бернар Плантвелу, не сакајќи да се откаже од татковото наследство, го нападнал Роберт Силниот кој морал да го напушти Отен и за да се обесштети, ја земал Опатијата Сен-Мартен во Турена оттаму бркајќи го опатот.[12]. Во 866, Карло Ќелавиот повторно му го дал маркизатот на Неустрија, и власт врз опатијата Сен-Мартен, која била важна опатија со што Роберт стекнал и бројни вазали.[5].

Роберт умрел истата година во битка со други грофови, Норманди, во (битката на Брисард)[11].

Брак и деца

уреди

Сопругата на Роберт Силниот не е спомената во ниеден современ извор. Во тој поглед има повеќе хипотези.

  • Првата хипотеза, најопшто прифатена, е дека Роберт Силниот е вториот маж на Аделаида од Алзас[13]. Аделаида од Алзас која е позната исто така и под името Аделаида од Турена (v. 805 - † ap. 866), била ќерка на Иго од Алзас. Таа се омажила околу 839 со Конрад I од Бургоња[14]. Но ништо не потврдува дека Аделаида се премажила после смртта на Конрад и оваа хипотеза има хронолошки недоследности.
  • Втората хипотеза претпоставува дека Роберт Силниот се оженил со некоја ќерка на Аделаида од Алзас и на Конрад I. Оваа хипотеа се потпира на хрониката на Сен-Бенињ од Дижон, која датира од 12-от век.[15]. Преносот на името Иго кај Робертините и фактот дека Опатот Иго, син на Аделаида и на Конрад, го наследува Роберт Силниот ја засилува хипотезата дека сопругата на Роберт Силниот е во блиска роднинска врска со Аделаида.
  • Третиот предлог, според германскиот историчар Карл Фердинанд Вернер, е дека сопругата на Роберт е ќерка на Одо Орлеански (околу 790 - † 834). Но ако има сродство меѓу Одо Орлеански и Роберт Силниот, тоа е веројатно преку Валдрада, мајката на Роберт Силниот која му била сестра на Одо од Орлеан.

Во

< 17 век 18 век 19 век >
01 02 03 04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
91 92 93 94 95 96 97 98 99 00

, Алберик де Троа-Фонтен вели дека сопругата на Роберт се викала Режина, конкубина на Карло Велики. Освен хронолошката невоможност за ова тврдење, се чини дека ова се должи на една абуна меѓу Иго Опатот (син на Конрад) и зетот на Роберт Силниот, и опатот Иго, син на Карло Велики и Режина.

Како и да било, Роберт Силниот бил таткјо на два сина кои биле кралеви на Франција :

Белешки и наводи

уреди

Белешки

уреди
  1. Името Одо било она на вујкото на Роберт Силниот, Одо Орлеански.

Наводи

уреди
  1. Robert le Fort on Medieval Lands site
  2. Baldwin, Stephen (28 јули 2008). „Robert the Strong“. The Henry Project. Архивирано од изворникот на 2016-05-17. Посетено на 2010-10-24.
  3. Eugène Jarry, Provinces et pays de France: essai de géographie historique, Volume 2, C. Poisson, 1950, p. 130
  4. Hartmut Atsma, Karl Ferdinand Werner, La Neustrie, 1989,  235
  5. 5,0 5,1 Hélène Noizet, Société de l'histoire de France, L'Ascenssion du lignage robertien, Librairie Droz, 2005, p. 21
  6. Olivier Guillot, Albert Rigaudière, Yves Sassier, Pouvoirs et institutions dans la France médiévale, tome I : Des origines à l'époque féodale, Armand Colin, 2003, p. 153
  7. Société de l'Ecole des chartes, Bibliothèque de l'École des chartes, librairie Droz, 1999, p. 661
  8. Olivier Guillot, Albert Rigaudière, Yves Sassier, Pouvoirs et institutions dans la France médiévale, volume 1, Armand Colin, 1994  146
  9. Olivier Guillot, Albert Rigaudière, Yves Sassier, op.cit., 1994   146
  10. Olivier Guillot, Albert Rigaudière, Yves Sassier, op.cit., 2003,   153
  11. 11,0 11,1 Olivier Guillot, Albert Rigaudière, Yves Sassier, op.cit., 2003, p. 154
  12. Annales de saint Bertin cité par Jacques-Gabriel Bulliot, Histoire de l'Abbaye de Saint-Martin d'Autun, Autun, 1849, 2 vol in 8°, chap:IX, pp.131-132/449.
  13. Предлошка:Ref-Riché-Carolingiens.
  14. Предлошка:Ref-Riché-Carolingiens, tableau XIII
  15. Settipani, Christian (1993). La Préhistoire des Capétiens (Nouvelle histoire généalogique de l'auguste maison de France, том 1) (француски). уредн. Patrick van Kerrebrouck. ISBN 2-9501509-3-4..

Надворешни врски

уреди