Карло Ќелавиот
Карло Ќелавиот (13 јуни 823 – 6 октомври 877) — крал на Западна Франкија (843–77), крал на Италија (875–77) и цар на Светото Римско Царство (875–77, како Карло II). По низата граѓански војни за време на владеењето на неговиот татко, Лудвиг Побожниот, Карло според Вердунскиот договор (843) со што го стекнал во владение западниот дел од Франкиското Царство. Тој бил внук на Карло Велики и најмладиот син на Лудвиг Побожниот од неговата втора сопруга, Џудита.
Карло Ќелавиот | |
---|---|
Карло Ќелавиот во поодминати години, слика од неговиот псалтир | |
Крал на Франките | |
На престол | 840–877 |
Претходник | Лудвиг I |
Цар на Светото Римско Царство | |
На престол | 875–877 |
Крунисување | 29 декември 875, Павија |
Претходник | Лудвиг II |
Наследник | Карло III |
Роден(а) | 13 јуни 823 |
Починал(а) | 6 октомври 877 | (возр. 54)
Сопружник | Ирментруда Орлеанска Рихилда Прованска |
Деца | |
Династија | Каролинзи |
Татко | Лудвиг Побожниот |
Мајка | Џудита |
Борбите со браќата
уредиРоден на 13 јуни 823 година во Франкфурт,[1] кога неговите постари браќа веќе биле возрасни и им биле распределени териториите за владеење односно нивните подкралства од нивниот татко. Обидите на Лудвиг побожниот и на него да му довери подкралство првично Алеманија и подоцна територијата меѓу Меза и Пиринеите (во 832 година, по неуспешното востание на Пипин I Аквитански). По бројните помирувања со бунтовните Лотар И Пипин, како и со нивниот брат Лудвиг Германски, кралот на Баварија, ги направиле владенијата на Карло на во Аквитанија и Италија да бидат привремени, но неговиот татко не се откажал и го прогласил Карло за наследник на целото кралство кое порано било Галија и еден ден ќе стане Франција. На соборот во Ахен во 837 година, Лудвиг Побожниотги обврзал благородниците да му се поклонат на Карло како нивен наследник.[2] Пипин Аквитански починал во 838 година, по што Карло најпосле го стекнал во владение царството,[2] што ги разлутило Пипиновите наследници и благородниците во Аквитанија.[3]
Смртта на царот во 840 година довела до војна меѓу синовите. Карло стапил во сојуз со Лудвиг Германски за да му се спротивстават на новиот цар Лотар I, и заеднички го поразиле Лотар во Битката кај Фонтноа на 25 јуни 841 година.[4] Следната година, двајцата браќа го потврдиле сојузот со прославената Стразбуршката заклетва. Со ова завршила војната со Вердунскиот доковор од август 843 година. Со оваа спогодба Карло ја добил во владение Западна Франкија, територијата на денешна Франција, сè до Меза, Саона и Рона, дополнета со владеењето на Шпанската Краина сè до Ебро. Лудвиг го стекнал источниот дел од Каролишкото Царство, познато под името Источна Франкија подоцна Германија. Лотар ја задржал кралската титула и Кралството италија. Тој исто така ги добил во владение и централните области од Фландрија па сè до Рајнската област and Бургундија како крал на Средна Франкија.
Владеење со Зпадното царство
уредиПрвите години од владеењето на Карло до смртта на Лотар I во 855 година, поминале мирно. Во периодот на овие гопдини тројцата браќа го продолжиле системот на „собратското владение“, сретнувајќи се редовно меѓусебно, во Кобленц (848), Мерсен (851), и во Атињи (854). Во 858 година, Лудвиг Германски, под влијание на незадоволните благородници сакал да го симне од власт Карло, па извршил напад на Западна Франкија. Карло бил толку непопуларен што не успеал да насобере војска па морал да пребегне во Бургундија. Тој бил спасен благодарение на поддршката на епарсите, кои одбиле да го крунисаат Лудвиг германецот за цар, и од верноста на Велфците, кои биле роднински поврзани со неговата мајка, Џудита. Во 860 година, и тој се обидел да го земе во владение кралството на својот внук, Карло Провански, но бил спречен во својата намера. По смртта на неговиот внук Лотар II во 869, Карло се обидел да ги стави под свое владение Лотаровите земји, но поради Мерсенскиот договор (870) бил обврзан да ги подели со Лудвиг Германски.
покрај овие семејни недоразбирања, Карло имал и постојани немири и бунтувања во Аквитанија и Бретања.Предводени од своите поглавари Номиное и Ериспое, кои го поразиле кралот во Балонската битка (845) и Јегенландската битка (851), со што технички Бретонците се стекнале со независност. Карло исто така војувал и против Викинзите, кој ги постушеле северните делови на царството, долините на Сена и Лоара, сè до границит е на Аквитанија. Неколкупати Карло морал да ги поткупи за големи суми злато, за тие да се повлечат. Карло имал многу походи против натрапниците и според Пистрскиот указ од 864 година, ја направил војската поподвижна воведувајќи коњаница,претходницата на француското витештво која била позната во наредните 600 години. Според истиот указ, тој наредил и изградба на утврдени мостови на реките за да се спречат викиншките упади. Два од овие мостови го спасиле Париз за време на Опсадата од 885–886.
Царско владеење
уредиВо 875 година, по смртта на царот Лудвиг II (синот на неговиот полубрат Лотар), Карло Ќелавиот, поддржан од страна на папата Јован VIII, отпатувал во Италија, каде бил крунисан во Павија а кралскиот печат го добил во Рим на 29 декември. Лудвиг Германски, кој исто така бил кандидат за наследник на Лудвиг, се одмаздил така што ги плачкосал владенијата на Карло, поради што Кало морал веднаш да се врати во Западна Франкија. По смртта на Лудвиг Германски (28 август 876), Карло се обиделда го заземе неговото царство, но претрпел тешки загуби во Андернашката битка на 8 октомври 876.
Во меѓувреме, Јован VIII, нападнат од страна на Сарацените, барал од Карло да се упати во Италија. Карло уште еднаш ги минал Алпите, но овој поход не бил поддржан од страна на благородниците, и дури и неговиот регент во Ломбардија, Босо, одбил да му се придружи во походот. Во истиот период Карломан, синот на Лудвиг Германски, навлеол во северна Италија. Карло, болен и во паника, започнал да се повлекува кон Галија, но починал при преминувањето на Мон Сенис кај Брид ле Бен, на 6 октомври 877.[5]
Според хрониките на Св. Бертин, Карло набрзина бил закопан во опатијата Нанту, во Бургундија поради неподносливата смрдеа која се ширела од трупот во распаѓање. Тој требал да биде погребан во базиликата Сен Дени и најверојатно е пренесен таму подоцна. ВО записите се сретнува текст според кој постоел месинган спомненик кој бил претопен за време на револуцијата.
Карло бил наследен од неговиот син, Лудвиг. Карло бил образован принц, пријател на црквата и свесен за поддршката која ја имал од епископијата против неговите благородници соперници, па затоа неговите највисоки советници биле од високото свештенството, како што бил случајот со Венило, кој о предал и Хинкмар.
Ќелавост
уредиПретпоставено е дека прекарот на Карло бил користен иронично а не описно т.е. тој не бил ќелав, туку имал коса.[6] Алтернатива или дополнително толкување засновано на првичниот недостиг на Карло за владение. „Ќелавиот“ во овој случај била изрека за неговата безвладејност, на возраст на која неговите браќа веќе имале свои подкралства.[7]
Тогашните прикази на неговата личност, на пример во Библија од 845, и на неговиот печат [[:|од 847]] (како крал) како и на неговиот печат од 875 година како (цар) го прикажуваат со коса на главата, како и јавачката статуетка (о. 870) за која се смета дека го претставува токму него.
Според Генеологијата на Франкиските кралеви, запис од Фонтанел од почетокот на 869 година, запис во кој не се користи иронија, го спомнува како Karolus Calvus („Карло Ќелавиот“). Со сигурност, при крајот на X век, Рихер и Адемар Шабански повторно го нарекуваат „Карло Ќелавиот“.[8]
Бракови и деца
уредиКарло се оженил со Ирментруда, ќерка на Одо I, во 842 година. Таа починала во 869 година. Во 870 година, Карло се оженил со Рихилда Прпванска, која имала благородничко потекло од Лорена.
Со Ирментруда:
- Џудита (844–870), првично омажена со Етелвулф, па со посинокот Етелбалд и по третпат со Балдуин Железноракиот
- Лудвиг Пелтекот (846–879)
- Карло Детето (847–866)
- Лотар Сакатиот (848–866), монах во 861 година, подоцна опат
- Карломан (849–876)
- Ротруда (852–912), монахиња
- Ирментруда (854–877), монахиња
- Хилдегарда (856,починала млада)
- Гизела (857–874)
- Годехилда (864-907)
Со Рихилда:
- Ротилда (871–929),првично омажена со Хуго, гроф на Бурж, а вторпат со Рагенолд Неустриски.[9]
- Дрого (872–873)
- Пипин (873–874)
- син (роден и починат 875)
- Карло (876–877)
Предци
уредиПоврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ Riche 1983, стр. 150.
- ↑ 2,0 2,1 Riche 1983, стр. 157.
- ↑ Riche 1983, стр. 158.
- ↑ Bradbury 2007, стр. 14.
- ↑ Riche 1983, стр. 204.
- ↑ Nelson 1992, стр. 13.
- ↑ Lebe 2003.
- ↑ Dutton 2008.
- ↑ Riche 1983, стр. 237.
Наводи
уреди- Bradbury, Jim (2007). The Capetians: Kings of France 987-1328. Hambledon Continuum.
- Dutton, Paul E. (2008). Charlemagne's Mustache. Palgrave Macmillan.
- Lebe, Reinhard (2003). War Karl der Kahle wirklich kahl? Historische Beinamen und was dahintersteckt. Dt. Taschenbuch-Verlag.
- Nelson, Janet (1992). Charles the Bald. Essex.
- Riche, Pierre (1983). The Carolingians:The Family who forged Europe. University of Pennsylvania Press.
Надворешни врски
уредиКарло II Ќелавиот Роден(а): 13 јуни 823 Починал(а): 6 октомври 877
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Пипин I |
крал на Аквитанија 838–855 со Пипин II како наследник (838–855) |
Наследник Карло Детето |
Војвода на Мена 838–851 |
Наследник Роберт Силниот | |
Претходник Лудвиг Побожниот како крал на Франките |
крал на Западна Франкија 840–877 |
Наследник Лудвиг Пелтекот |
Претходник Лудвиг Подмладиот |
Цар на Светото Римско Царство 875–877 |
Незаземено Следен носител на титулата Карло Дебелиот
|
Крал на Италија 875–877 |
Наследник Карломан |