Валета (малт. Valletta) е главниот град на Малта, кој се наоѓа во најголемиот остров на истоимената држава.

Валета
град и општина
Знаме на ВалетаГрб на Валета
Местоположба на Валета во рамките на Малта
Местоположба на Валета во рамките на Малта
Координати: 35°53′52″N 14°30′45″E / 35.89778° СГШ; 14.51250° ИГД / 35.89778; 14.51250
Управа
 • градоначалникАлексеј Дингли
Површина
 • Вкупна0,8 км2 (3 ми2)
Надм. вис.&1000000000000005600000056 м
Население (март 2011)
 • Вкупно6.966
Повик. бр.356
Мреж. местоМатична страница

Населението на Валета е околу 6315, според пописот од 2005 година. Градот е вклучен во 1980 година под УНЕСКО.

Потекло на поимот

уреди

Официјалното име кое е дадено на градот било Humillima Civitas Valletta, т.е. град посветен на пониженоста, меѓутоа, поради своите бистиони и тврдини, заедно со убавината на барокните згради долж тесните улици, Валета станал познат и како Superbissima - „Величествена“ помеѓу владејачките куќи на Европа. На малтешки јазик тој обичаено се нарекува Il-Belt, што едноставно значи „град“.

Историја

уреди
 
Валета и Големото пристаниште ок. 1801

Подрачјето на Валета било населено уште во времето на праисторијата и било активно во стариот и среден век, но немало поголемо значење сè до 16 век.

Камен-темелникот на градот Валета го поставил поранешниот Голем мајстор Ред Свети Јован, Жан де ла Валет 28 март 1566 година. Ред (кој долго управивал со градот и островот) одличил да оснива нов град на полуостровот Шеберас веднаш по завршување на големата опсада на Малта. Дадениот полусторв бил средиште на динственото природно пристаниште на осрвотот, па ова бил клучен потег за зацврстување на положбата на островот.

Географија

уреди

Релјеф: Валета е сместена на северната страна на островот Малта. Градот е стратегиски поставен во една поголемо природно пристаниште на островот Малта, кој има тешко пристапни брегови. Самиот град е во ѕидини на малиот полуостров Шеберас, кои го опкружуваат две природни пристаништа. Тлото на кое е изграден е прилично покретно, но и покрај тоа тука е ортогонална улична мрежа.

Клима: Валета, како и цела Малта, има средоземна клима со многу топли и суви лета и благи и дождливи зими. Средната годишна температура е 21°С.

Води: Валета и изразено приморски град, на полуостров со три страни опкружен со вода, кој го опкружуваат две природни пристаништа, Марсамшет и Големото пристаниште. Градот е најголемо пристаниште на Малта.

Архитектура

уреди

Целата Валета е сочуван во старите ѕидини и има во потполост сочуван дух од минатите времиња. Поради сето тоа градот е ставен на списокот на светска заштита на УНЕСКО.

Градот има неколку згради со извонредна историска важност, денес се на списокот на УНЕСКО на светска градина. Најзначајни згради се:

Демографија

уреди

Населението на Валета според проценките од 2008 година било некаде преку 6.000 жители. Тоа е во постојано опаѓање во текот на последните неколку децении, и денес е само третина од некогашниот број. Овој процес посебно се забрзал по Втората светска војна кога младото население често се преселувало од пренатрпаниот град во околина на предградието, а самиот град останал седиште на трговските и управните дејности. Затоа градот и покрај својата величина и маленкост во однос на некои предградија денес е средиште на животот на оваа мала држава.

Култура

уреди

Празникот Свети Павле од Терс се прославува во Валета на 10 февруари, додека се рпазници на Свети Доминик, Свети Августин и Нашиот Госпе од Кармел, кои се прославуваат во текот на цела година.

Сообраќај

уреди
 
Автобускиот терминал во Валета

Јавниот сообраќај во Малта, кој користи автобуси, се одвива на линијата кон и од Валета, преку терминалот кој се наоѓа веднаш до велозт на градот. Сообраќајот во самиот град е ограничен, а некои од главните улици се потполно претворени во пешачки зони.

Спорт

уреди

Валета е позната и по својот фудбалски клуб „ФК Валета“, еден од најдобрите клубови на островот.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди