Григориј II Цариградски

Григориј II Цариградски (1241–1290) — Вселенски патријарх во периодот меѓу 1283-1289 година.

Григориј родум од Лапитос, Кипар, бил дете на родители од средната класа но со благородничко потекло. Тој се преселил во Никозија како тинејџер за повисоко образование. Незадоволен со нивото на образованиеобезбедено од страна на месните учители, тој се запишал во латинско училиште (Кипар во тој период бил крстоносна држава). Имал потешкотии со учењето на латинскиот јазик и така се стекнал само со површно знаење и граматика како и Аристотелова логика.

Сепак решен да се стекне со доволно добро образование, се качил на брод и заминал до, Палестина, каде пристигнал по три дена.Од таму пативула до Анаеја во Мала Азија и конечно стигнал во Ефес. Тој чул многу за учителот Никифор Блемид но бил разочаран и заминал во Никеја каде учел заедно со Георги Акрополит. Со повторното освојување на Цариград од силите на Никејското Царство во 1261 година, се преселил во градот. Подоцна станал учител, негов ученик бил и Никифор Хумн.

Тој бил избран за патријарх во 1283 година. Православната и католичката црква прогласиле унија во 1274 година за време на Вториот Лионски собор, мотивирани од волјата на императерот наместо од теолошки причини. Грегориј, спротивно на своите претходници одбил да го прифати филиоквето кој бил додаден во симболот на верата од страна на католиците. Григориј говорел за нематријална појава на Светиот дух од Синот. Григориевата формула се сметала како православен одговор на филиоквето, но сепак го немала статусот на официјална православна доктрина. Григориевото гледиште за светото тројство било прифатено од соборот во Влахерна во 1285.

Тој напишал збирка на поговорки и сопствената автобиографија.

Надворешни врски

уреди
Духовни титули
Претходник
Јосиф I
Цариградски патријах
1283–1289
Наследник
Атанасиј I