Ран среден век

(Пренасочено од Раниот среден век)

Ран среден век[3]историски период кој следувал по доцноантичкиот период, во почетокот на 5 век. Средниот век се протегал од 5 век сè до крајот на 10 век. Раниот среден век следуваал по распаѓањето на Западното Римско Царство и му претходел на развиениот среден век (околу 1001 – 1300). Во овој период се продолжило со истиот тренд како во антиката, зголемено опаѓање на бројот на населението, особено во урбаните центри, намалување на трговијата и зголемена имиграција.

Теодора, сопругата на Јустинијан I и нејзината придружба.[1]

Во европската историја, раниот среден век следувал по распаѓањето на Римското Царство. Овој период бил наречен Мрачно доба, одлика која го нагласувала малиот број на литературни и културни дела во ова време, особено во Западна Европа. Сепак, Источното Римско Царство, односно Византија, продолжила да постои, а во 7 век исламските калифати освоиле големи делови од поранешна римска територија. Овие трендови се свртиле наопаку подоцна низ периодот. Во 800 година, во Западна Европа, титулата цар била оживеана од Карло Велики, чие Каролиншко Царство имало влијание на подоцнежната социјална структура и историја. Европа дочекала враќање на систематското земјоделство преку феудалниот систем и вовела иновации како плодоредот и тешките плугови. Миграцијата на варварите се стабилизирала во поголемиот дел на Европа, иако северот бил засегнат од викиншката експанзија.

Периодизација

уреди

Поимот "тан среден век" е првиот од трите периоди на средниот век, а другите се развиениот среден век и доцниот среден век. Леонардо Бруни бил првиот историчар кој употребил триделна периодизација во неговата Историја на луѓето од Фиренца (1442). Флавио Биондо употребил слична рамка во Децении од историјата на распаѓањето на Римското Царство (1439 - 1453). Триделната периодизација станала стандардна откатко германскиот историчар Кристоф Келер ја објавил Универзалната историја на поделена на Антика, среден век и ново време (1683).

Хронологија

уреди

Раните години

уреди
Опсада на Цариград (674)Готска војна (535–552)Римско - персиска војнаБитка кај ТолбиакПапа Григориј IОдоакарМухамедЈустинијан IХлодовикСвети Августин
Датуми

Подоцнежните години

уреди
Битката кај Поатјеел-АндалусOтон I (Свето Римско Царство)Карло ВеликиАлфред ВеликиАрдо
Датуми

Историја

уреди

Европа и Медитеранот

уреди

Распаѓање на Римското Царство

уреди
372 – 410
 
Die Hunnen im Kampf mit den Alanen
[Tr., Хуните во борба со Аланите]
(Јохан Непомук Гајгер, 1873)
Аланите, ирански народ кој живеел северно и источно од Црното Море, биле првата одбранбена линија на Европа против азиските Хуни. Тие биле расселени и се населиле низ Римското Царство

Почнувајќи од 2 век, имало секакви показатели за опаѓањето на римската цивилизација, вклучувајќи ја урбанизацијата, поморската трговија и популацијата. Само 40 проценти од бродските несреќи во Средоземното Море кои се случиле во 3 век биле пронајдени, а овој процент важел и за 1 век.[4] Помеѓу 150 и 400 година, се проценува дека популацијата во Римското Царство опаднала од 65 милиони на 50 милиони, што е повеќе од 20 проценти. Некои ова го поврзале со студениот период од Мрачното доба (300 – 700), кога намалувањето на глобалните температури им наштетило на земјоделските приноси.[5][6]

Во почетокот на 3 век германските племиња мигрираале на југ, од Скандинавија па сè до Црното Море, создавајќи застрашувачки конфедерации кои војувале со месното население, Сармати. Во Романија и степите северно од Црното Море, Готите, еден од германските народи, создале најмалку две кралства: Тервинзи и Гројтунзи.[7]

Со пристигнувањето на Хуните (372 – 375), завршила историјата на овие две кралства. Хуните биле конфедерација од централноазиски племиња која основала империја предводена од аристократија која на еден од туркиските јазици. Тие ја совладале техниката на стрелање со свиен лак, истовремено јавајќи на коњ. Готите барале прибежиште на римска територија (376 година) согласувајќи се влезат како невооружени доселеници. Но многу од нив ги поткупиле стражарите на дунавската граница да им дозволат да го понесат своето оружје со нив.

Дисциплината и организацијата на римската легија ја направиле одлична борбена единица. Римјаните претпочитале пешадија повеќе од коњаница, зашто пешадијата било полесно да се обучи да остане во формација, додека коњаницата имала тенденција да се распрсне кога се соочувала со непријателот. Варварската војска било полесно да се собере и инспирира со можниот грабеж, а легијата бидејќи била платена од централната власт преку даноци, со кои се плаќало за постојаната обука, опремата и храната. Самите финансиски потешкотии, создадени од раководењето со царството, заедно со намалувањето на земјоделската и економската активност, го намалиле приходот на данок и со тоа се појавиле потешкотии во одржувањето на професионална војска.

Инвазијата на Варварите
 
Миграциите на германските племиња во 5 век биле поттикнати од уништувањето на готските кралства од страна на Хуните во 372-375. Рим бил освоен и ограбен од Визиготите во 410 година, а потоа и од Вандалите во 455 година
Германи
     Англи, Саксонци
     Франки
     Готи
     Визиготи
     Остроготи
     Хуни
     Вандали
  Римско Царство
     Западно Римско Царство
     Источно Римско Царство

Во Готската војна (376 – 382), Готите се побуниле и се соочиле со римската војска во Битката кај Адријанопол во 378 година. Во ова време, римската војска била составена од варавари и војници регрутирани за еден воен поход. Вкупниот пад во дисциплината исто така довел и до употреба на мали штитови и лесно оружје.[8] Не сакајќи да ја дели заслугата, источноримскиот цар Валенс, без да го чека западноримскиот цар Грацијан кој требало да пристигне со засилување, го наредил нападот врз Тервинзите предводени од Фритигерн. Додека Римјаните биле зафатени со борба, коњаницата на Гројтунзите пристигнала и само една третина од римската војска успеала да побегне. Според римскиот записничар Амијан Марцелин, ова било еден пораз тежок сличен на оној што го претрпиле кај Кана. Јадрото на источната војска било уништено, Валенс бил убиен и Готите биле слободни да ограбуваат низ Балканот непречено, како и низ оружарниците кај Дунав. Како што коментира Едвард Гибон : ,,Римјаните, кои ладнокрвно и концизно ги спомнуваат актите на правда кои беа извршувани од легиите, го чуваа своето сочувство и елоквентност за нивните страдања, кога нивните провинции беа нападнати и опустошени од страна на поуспешните варвари.”[9]

Царството немло доволно ресурси, а можеби и волја, за одново да ја формира професионалната мобилна војска која беше уништена кај Адријанопол и беше принудено да се потпре на варварските војски да се борат за него. Источното Римско Царство успеа да ги поткупи Готите со поткуп. Западното Римско Царство ја немаше таа среќа. Стилихон, воениот командант на Западното Римско Царство со полу – вандалско потекло, ги собрал армиите сместени кас границата кај реката Рајна за да ја одбие визиготската инвазија во 402 – 03 и инвазијата од други Готи 406 – 07.

Бегајќи пред хунските напади, Вандалите, Свевите и Аланите извршиле напад преку смрзнатата Рајна во близина на Мајнц; на 31 декември, 406 година, границата попуштила и овие племиња навлегле во Галија. По нив следуваа Бургундите и групи од Алеманите. Како одговор на анти – варварската хистерија која следувала потоа, царот Хонориј по кратка постапка наредил Стилихон да биде обезглавен. Како што напишал Гибон, Стилихон го подал вратот, ,,со непоколебливост која му прилегала на последниот од римските генерали,”. Потоа на Хонориј му останале само бескорисните дворјани како советници. Во 410 година, Визиготите предводени од Аларих I, го зазеле Рим и во тие три дена само пожари и колежи се среќавале по улиците, палатите беа ограбувани, а за секој што се мислело дека крие некакво богатство бил испрашуван и мачен. Како новопокрстени христијани, Готите го почитувале црковниот имот. Но тие што успеале да се скријат во Ватиканот и другите цркви, биле само малкуте кои ја имале таа среќа.

Големата преселба на народите

уреди
400 – 700
Големата преселба на народите

Готите и Вандалите беа само првите од многуте бранови на напаѓачи кои ја поплавија Западна Европа. Некои живееја само за војна и грабеж и за презирање на римските обичаи. Други му се восхитуваа и сакаа да станат негови наследници. "Сиромашниот Римјанин глуми Гот, а богатиот Гот глуми Римјанин", рекол остроготскиот крал Теодорих.[10]

Поданиците на Римското Царство биле католици, цивилизирани поданици на едно бирократско царство кое постоело долго време. Германските народи не знаеле многу за градовите, парите или пишувањето. Тие биле новопокрстени аријци и сè уште се сметале за кривоверци од страна на црковните луѓе.

За време на преселбата, или Völkerwanderung (талкањето на народите), претходно населеното население остана невознемирено или делумно расселено. Народите во Франција, Италија и Шпанија продолжија да зборуваат на латински дијалекти, што денес ги сочинуваат романските јазици, додека јазиците на народите од римската ера во денешна Англија исчезнаа речиси без трага на териториите освоени од Англо – саксонците, иако британските кралства на западот продолжија да зборуваат на британски јазик. Новите народи многу го променија постоечкото општество, вклучувајќи ги законите, културата, религијата и обрасците на сопственост на имот.

Римскиот мир (Pax Romana) обезбеди сигурни услови за трговија и производство, и обединета културна и образовна средина од долго – достижни врски. Како што се губеше ова, се заменуваше со владеењето на локалните моќници, понекогаш членови на старата владеечка романизирана елита, понекогаш господари од некоја непозната култура. Во Аквитанија, Нарбонска Галија, јужна Италија и Сицилија, Баетика или јужна Шпанија и пиринејскиот брег на Средоземјето, римската култура траеше сè до 6 или 7 век.

Насекаде, постепеното распаѓање на економските и социјалните врски и инфраструктура резултираше со најчесто локализиран изглед. Распадот често беше брз и драматичен, стануваше опасно да се патува и да се пренесуваат стоки на било кое растојание; поради тоа имаше распаѓање на трговијата и производството за извоз. Повеќето индустрии зависни од трговијата, како грнчарството, исчезнаа преку ноќ во места како Британија. Тинтагел на Корнвол, како и многу други центри, успеаја да набават резерви од средоземните луксузни стоки сè до 6 век, но потоа ги изгубија трговските врски. Административната, образовната и воената инфраструктура брзо исчезна, а губитокот на веќе постоечкиот cursus honorum доведе до колапс на училиштата и до пораст на неписменоста дури и меѓу водачите. Кариерите на Касиодор (починал 585) на почетокот на овој период и на Алкуин од Јорк (починал 804) на неговиот крај, биле засновани на нивната писменост, која се вреднувала многу.

За поранешните римски територии, имало уште 20 проценти пад на популацијата помеѓу 400 и 600 година, или еднотретински пад од 150 до 600.[11] Во 8 век, честотата на трговијата ја достигнала најниската точка, која ја немала достигнато од бронзеното доба. Малиот број на бродски несреќи кои датираат од 8 век го поддржуваат ова (што претставува помалку од 2 проценти од бројот на бродски несреќи од 1 век). Околу 500 година исто така имало пошумување и намалување на земјоделските насади. Овој период исто така се совпадна со периодот на брзо заладување, според информации собрани од годовите на дрвјата.[5] Римјаните практикувале земјоделство на две полиња, односно земјоделските култури на едното поле, а другото поле било необработено и изорано за да се уништи тревата. Со постепеното распаѓање на институциите на царството, сопствениците не можеле да го спречат бегањето на нивните робови и со тоа системот на плантажи се распаднал. Систематското земјоделство воглавно исчезнало и приносите се намалиле до она ниво потребно за преживување.

Речиси илјада години, Рим бил политички најважниот, најбогатиот и најголемиот град во Европа.[12] Околу 100 г. н.е., имаше популација од 450000 жители.[13] Неговата популација се намали до незначителни 20000 жители за време на раниот среден век, смалувајќи го некогаш огромен и постојано растечки град на групи од населени згради распрснати низ големи делови на рушевини и вегетација.

Големите сипаници (вариола) не навлегле во западна Европа сè до 581 година кога епископот Грегориј од Тур не донел сведочење кое ги опишува карактеристичните симптоми на големите сипаници.[14] Бран од епидемии збришал многу селски популации.[15] Повеќето детали за епидемиите се изгубени, најверојатно поради малиот број на пишани докази.

Се проценува дека чумата на Јустинијан убила речиси 100 милиони луѓе низ целиот свет.[16] Историчари како Џосаја Расел (1958), предложија вкупно намалување на европското население за 50 до 60 проценти од 541 до 700 година.[17] По 750 година, големи епидемии не се појавиле во Европа сè до Црната Смрт во 14 век.

Византија
уреди
Византија
 
Византија за време на Јустинијановата династија
Under Emperor Јустинијан (r. 527-65), Византиското царство успеало повторно да ја наметне својата власт во Италија и поголемиот дел од северна Африка
     Освојувањата на Јустинијан
     Источно Римско Царство

По смртта на Теодосиј I, царството било поделено помеѓу неговите два сина. Западното Римско Царство се распаднало како мозаик од германски завојувани кралства во 5 век, што го направи лоИсточното Римско Царство во Цариград правниот наследник на старото Римско Царство.Потоа, грчкиот јазик го заменил латинскиот јазик како службен јазик и историчарите почнале да го нарекуваат царството Византија. Западњаците пополека почнале да го нарекуваат "Грчко" отколку "Римско". Сепак, жителите секогаш се нарекуваа Romaioi (Ромеи), или Римјани.

Источното Римско Царство се обидувало да ја одржи контролата над трговските врски меѓу Европа и Ориентот, што го направило царството најбогата држава во Европа. Користејќи го нивниот софистициран начин на војување и супериорна дипломатија, Византијците успеале да се одбранат од нападите на новодојдените варвари. Нивниот сон, да ги потчинат западните моќници на кратко се остварил за време на владеењето на Јустинијан I (527 – 565). Јустинијан, не само што повратил дел од западните територии во рамките на Римското Царство, туку и го кодификувал римското граѓанско право (неговата кодификација постоела во многу области во Европа сè до 19 век) и ја изградил најголемата и технолошки најнапредна градба во раниот среден век, Света Софија. А пандемијата, чумата на Јустинијан, сепак го нарушила владеењето на Јустинијан, заразувајќи го царот, убивајќи околу 40 проценти од населението на Цариград, а во исто време придонесувајќи за намалувањето на населението во Европа во раниот среден век.

Маврикиј и Ираклиј, наследниците на Јустинијан, морале да се соочат со аварските и словенските инвазии. По пустошењето од страна на Словените и Аварите, големи области од Балканот биле раселени. Во 626 година, Цариград, најголемиот и далеку најнаселениот град во раната средновековна Европа, издржал здружени напади од Аварите и Персијанците. Во рок од неколку децении, Ираклиј ја завршил светата војна против Персијанците, заземајќи го нивниот главен град и убивајќи го нивниот сасанидски монарх. Сепак, Ираклиј не успеал да ужива во неговиот неверојатен успех поради муслиманските освојувања на Сирија, три палестински територии, Египет и северна Африка, што било олеснато од верското неединство и зголемувањето на еретичките движења (особено монофизитство и несторијанство) во областите преобратени во ислам.

Иако наследниците на Ираклиј успеаја да го спасат Цариград од две арапски опсади (674 – 77 и 717), царството во 8 и 9 век беше потресена од иконоборството, нагласено од династичките борби помеѓу различните фракции на дворот. Бугарските и словенските племиња извлекоа корист од овие немири и ги нападнаа Илирија, Тракија, па дури и Грција (којашто ја нарекуваа Мореја). По одлучувачката победа кај Онгал во 680 година, војските на Бугарите и Словените продолжија до југот на Балканските Планини, поразувајќи ги Византијците уште еднаш и принудувајќи ги да потпишат понижувачки мировен договор кој го признавал основањето на Првото Бугарско Царство на границите на Византиското царство.

За успешно да се соочат со овие закани, се воведе нов систем на администрација. Регионалната граѓанска и воена била комбинирана во рацете на генерал, односно стратег. Тема, која порано значела поддивизија во византиската војска, сега означувала регион под контрола на стратег. Оваа реформа довела до појавата на моќни фамилии кои управувале со регионалната војска и често изразувале барања за престолот (види Вардас Фокас и Вардас Склер како карактеристични примери).

Во почетокот на 8 век, без оглед на постојано смалувачката територија на царството, Цариград останал најголемиот и најбогатиот град на светот, а со него можеле да се споредуваат само сасанидскиот Ктесифон и абасидскиот Багдад. Популацијата на царскиот главен град варирала меѓу 300000 и 400000 поради мерките преземени од царевите да се спречи неговиот пораст. Други големи христијански градови биле Рим (50000) и Солун (30000).[18] Дури пред крајот на 8 век, законот за земјоделство го означил возобновувањето на земјоделските територии во Римското Царство. Како што забележа Енциклопедија Британика во 2006, ,,технолошката основа на византиското општество била понапредна од онаа на нивните современици од западна Европа: во селата можеле да се најдат железни алатки; водениците го означувале релјефот, а полињата посеани со грав и зрнести плодови обезбедиле високопротеинска исхрана”.[19]

Кога Македонската династија дошла на власт во 867 година, го означила крајот на политичките и верските превирања, а исто така започнало ново Златно доба за царството. Талентираните војсководци како Никифор Фокас го прошириле царството, додека македонските цареви (како Лав VI Мудриот и Константин VII Порфирогенит) владееле над културното цветање на Цариград, познато како Македонска ренесанса. Просветлените македонски владетели ги презирале владетелите во западна Европа како неписмени варвари и имала само номинално барање да владее со Западот. Иако оваа лажна надеж била разбиена кога Карло Велики бил прогласен за цар во Рим во 800 година, византиските владетели не ги гледале западните владетели како рамноправни. Воглавно, тие не се интересирале многу за политичките и економските случувања на варварскиот (така гледан од нивна страна) Запад.

Наспроти оваа економска заднина, културата и царските традиции на Источното Римско Царство биле тиешто ги привлекле нивните соседи од северот – Словените, Бугарите и Хазарите – кон Цариград, кои биле во потрага во грабеж или просветлување. Раздвижувањето на германските племиња кон југ ја присли преселбата на Словените, кои ги окупирале слободните региони. Во 7 век, тие се придвижиле западно кон реката Елба (Лаба), јужно од Дунав и источно кон Днепар. До 9 век, Словените се населиле на ретко населените територии јужно и источно од овие природни граници, мирно претопувајќи го локалните Илири и Угро – Фински народи.

Подемот на исламот

уреди
632–750
ел-Андалус
 
Големата џамија - катедрала во Кордоба од 10 век
(Кордоба, Андалусија)
The site of the Grand Mosque was originally a pagan temple, then a Visigothic Christian church, before the Umayyad Moors at first converted the building into a mosque and then built a new mosque on the site.

Од 7 век, подемот на исламот и калифатите во голема мера влијаел на византиската и европската историја. Муслиманските Арапи за првпат навлегле во историски римска територија под водство на Абу Бакр, првиот калиф на Рашидунскиот (Праведниот) калифат, кој навлегол во римска Сирија и римска Месопотамија. Под водство на Омар, вториот калиф, муслиманите одлучно ги освоиле Сирија и Месопотамија, како и римска Палестина, римски Египет, делови од Мала Азија и римска северна Африка. Со исто темпо продолжиле и наследниците на Омар и Умајадската династија, кои го освоиле остатокот од средоземна северна Африка и поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров. Во наредниот век муслиманските сили зазеле уште европска територија, вклучувајќи ги Кипар, Малта, Крит, Сицилија и делови од Јужна Италија.[20]

Освојувањето на Шпанија од страна на муслиманите започнало кога Маврите (повеќето Бербери и малку Арапи), го нападнале пиринејското христијанско визиготско кралство во 711 година, под водство на Тарик ибн Зијад. Тие се истовариле на Гибралтар на 30 април и со борба си правеле пат кон север. Ним им се приклучиле и силите на неговиот претпоставен Муса ибн Нусаир. Во текот на 8 годишниот поход, поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров потпаднал под муслиманска власт, освен мали области во северозападниот дел (Астурија) и поголемиот дел од баскиските региони на Пиринеите. Територијата, сега позната како ел–Андалус, станала дел од постојано растечкото Умајадско царство.

Втората неуспешна опсада на Цариград во 717 година, го заслабнала Умајадското царство и го намали неговиот престиж. По нивниот брз успех во Иберија, освојувачите се насочиле кон североисток преку Пиринеите, но биле поразени од водачот на Франките Карло Мартел во Битката кај Поатје во 732 година. Умајадите биле соборени од власт во 750 година од Абасидите и речиси целата Умајадска фамилија била масакрирана.

Еден од преживеаните принцови, Абд – ар – Рахман I, побегнал во Шпанија и основал нова Умајадска династија во Кордопскиот калифат во 756 година. Синот на Карло Мартел, Пипин Кусиот повторно го освоил Нарбон, а неговиот внук Карло Велики ја основал Шпанската марка (Marca Hispanica), на Пиринеите, на денешна Каталонија и повторно ги освоил Хирона (785) и Барселона (801). Умајадите во Шпанија се прогласиле за калифи во 929 година.

Повторното избувнување на латинскиот запад

уреди
700–850
Племиња и држави во средината на Раниот среден век
 
Царството на Карло Велики во времето на неговата смрт вклучувајќи ги денешна Каталонија, Франција, западна Германија, Ниските Земји и северна Италија.
     Царството на Карло Велики (814)
Близок Исток/Балкан
     Источно Римско Царство
     Абасидски калифат
     Прво Бугарско Царство
Северна Европа
     Луѓе од северот
     Финци
     Швеѓани and Готи
     Данци
Источна Европа
     Естонија
     Словени
     Хазари
     Унгарци
     Авари
Британските Острови
     Ирска
     Пикти
     Шкоти
     Велшани
     Англија
Италијанскиот Полуостров
     Кнежевство Беневенто
     Сардинија
     Сицилија
Пиринејски Полуостров
     Кралство Астурија
     Кордопски калифат

Условите во западна Европа почнале да се подобруваат по 700 година, со новиот земјоделски пораст кој продолжил сè до 1100 година.[21] Студија на варовникот кој се наоѓа на дното на Медитеранот довела до заклучок дека имало значително зголемување на сончево зрачење помеѓу 600 и 900 година.[22] Првите знаци на европското обновување на воен план биле одбраната на Цариград во 717 година и победата на Франките над Арапите во Битката кај Поатје во 732 година.

Помеѓу 5 и 8 век, политичка и социјална инфраструктура се разви низ поранешните римски територии, основани од моќни регионални фамилии и новоформираните кралства на Остроготите во Италија, Визиготите во Шпанија и Португалија, Франките и Бургундите во Галија и западна Германија. Овие земји останале христијански, а нивните ариски освојувачи биле покрстени (Визиготите и Лангобарди) или освоени (Остроготите и Вандалите). Франките, од паганство директно се покрстиле во католицизам за време на Хлодовик I.

Заедничкото делување на новодојденците, нивната лојалност кон воената дружина, остатоците од старата култура и христијанското влијание, создаде нов вид на општество, на темел на феудалните обврски. Централизираните административни системи на Римјаните не ги издржаа овие промени и институционалната поддршка за пазарите за робови речиси исчезна. Англо – саксонците во Англија почнаа да се покрстуваат од незнабоштво за време на пристигнувањето на христијанските мисионери (околу 600 година). За разлика од Франција, постоеле два вида на христијанство во Англија, римокатолицизмот на југот и келтската црква на северот. На Синодот во Витби во 664 година, беше разгледан конфликтот меѓу овие различни верски гледишта, каде римокатолицизмот се покажа како доминантен.

Италијански регион
уреди

Лангобардите, кои за првпат навлегле во Италија во 568 под водство на Албоин, и со борба основале држава на северот, чиј главен град бил Павија. На почетокот, тие не можеле да го освојата Равенскиот егзархат, Римското војводство (Ducatus Romanus), Калабрија и Апулија. Следните 200 години тие биле зафатени со освојување на овие територии, кои и припаѓале на Византија.

Државата на Лангобардите имала вистински варварска во споредба со другите германски држави во западна Европа. На почетокот била високо децентрализирана, а територијалните кнезови имале практичен суверенитет над нивните кнежевства, особено во јужните кнежевства Сполето и Беневенто. Во декадата по смртта на Клеф во 575 година, Лангобардите не ни избирале крал; овој период се нарекува Владеењето на Кнезовите. Првиот правен кодекс бил составен на слаб латински во 643 година, односно едиктот на Ротари (Edictum Rothari). Тоа била првата кодификација на усно пренесената правна традиција на народот.

Државата на Лангобардите била добро организирана и стабилизирана при крајот на долгото владеење на Лиутпранд (717 – 744), но нејзиното распаѓање се случи одеднаш. Кралот Дезидериј не добил поддршка од кнезовите и во 774 бил принуден да го предаде своето кралство на Карло Велики. Кралството на Лангобардите било уништено и стапил периодот на владеење на Франките. Кралот на Франките, Пипин Кусиот, со Донацијата на Пипин, му ги дал на папата "Папската Држава" и територијата северно од папската земја која претходно им припаѓала на лангобардските и франкиските вазали на царот на Светото Римско Царство, сè до издигнувањето на градовите – држави 11 и 12 век.

На југот започнал период на безвластие. Кнежевството Беневенто го одржало својот суверенитет и покрај претензиите на Западното и Источното царство. Во 9 век, муслиманите ја освоиле Сицилија и почнале да се населуваат на полуостровот. Крајбрежните градови на Тиренското Море и им ја откажале верноста на Византијците. Различните држави, кои биле номинално верни, постојано војувале за територија, но и овие настани завршиле со доаѓањето на Норманите во 11 век, кои го освоиле целиот југ до крајот на векот.

Британија
уреди
Келската книга
 
Келската книга е едно од најважните уметнички дела во раниот среден век.

Во средината на 5 век, наемничките племиња од денешна Германија, Холандија и Данска, почнале да вршат напади на богатата и независна пост – римска провинција Британија. Според традицијата, моќиот британски крал Вортигерн им ветил земја на два јутски поглавари Хенгист и Хорса ако тие успеат да го поразат воинственото (како нив) племе Пикти. Според Англо – саксонските хроники, откако тие ги поразиле Пиктите, "Тие испратија порака до Ангелн и побараа уште засилувања, а и да им кажат за безвредноста на Британците и придобивките од нивната земја." Ова го означило почетокот на децениите на инвазии и освојување на јужна и централна Британија, од страна на племиња како Јутите, Англите и Саксонците. Сепак, британските народите во Велс, Думнонија и Hen Ogledd (Стариот север) ги одбиле навлегувањата и си го задржале сопствениот јазик и традиции, како што се раскажува во светски познатите легенди за Кралот Артур уште од 6 век.

Евентуално, Англо – саксконците основале неколку кралства со различен век и важност. Кралот на Весекс, Алфред Велики (871 – 899), го предводел отпорот против данските сили. Обединувањето на Англија завршило во 926 кога Нортумбрија била анектирана од кралот Етелстан, внук на Алфред и кој ја поставил границата со Корнвол во 936.

Се проценува дека 50 проценти од келтските староседелци биле убиени[23], но сепак е возможно и историски оправдано, дека повеќето од нив емигрирале и го основале независното кралство Бретања на континентот, кое одржало блиски културни врски со Девон и Корнвол подоцна во средниот век.

Франкија
уреди
Крунисувањето на Карло Велики
 
Крунисувањето на Карло Велики,
Grandes Chroniques de France,
Jean Fouquet, Tours, околу 1455-1460
(Втората книга од Шампања)
На 25 декември 800 година, во базиликата Свети Петар во Рим, Карло Велики бил крунисан за цар од папата Лав III.

Меровинзите се воспоставиле како вакуум на моќта на поранешните римски провинции во Галија, а по победата на Хлодовик I над Алеманите во Битката кај Толбиак (496), се покрстил, поставувајќи ги темелите за Царството на Франките, држава која ќе доминира во средновековното западно христијанство.

Почнувајќи со земјите на Франките во почетокот на 9 век, Карло Велики го обединил поголемиот дел од денешна Франција, западна Германија и северна Италија во една држава под името Каролиншко Царство. Ученоста и изучувањето на антиката цветало под покровителство на Карло Велики, доведувајќи ги до тоа историчарите од 20 век овој период да го наречат "Каролиншка ренесанса".

Во 840те, безредието повторно се појавило, со распаѓањето на Царството на Франките и почетокот на нов циклус на нови варварски напади, прво од страна на Викинзите, а потоа и Унгарците.[24]

Феудализам
уреди

Околу 800 година, систематското земјоделство повторно се врати во употреба во вид на систем на откриени полиња, или систем на редови. Благородничкиот имот би имал неколку полиња, секое поделено на делови од по 1 акр (4000м2). Според една теорија, оваа површина се сметало дека може да се изора со вол без тој да се одмори. Друга можност е дека имотите биле во правоаголна форма и биле поделувани на редови поради начинот на кој земјата се наследувала[се бара извор]. Во идеализираната форма на овој систем, секое семејство би добило по 30 редови. Системот на плодоред на три полиња за првпат бил развиен во 9 век: пченица или ‘рж на едно поле, на второто со култури кои го врзуваат азотот (јачмен, овес, грашок или грав) и третата била непосадена.[25]

Во споредба со системот на две полиња, со овој систем поголем дел од земјата бил култивиран. Што е уште поважно, со овој систем имало по две жетви годишно, намалувајќи го ризикот дека од пропаст, што со претходниот систем доведувал до голем глад. Земјоделството на три полиња создавало вишок од овес, што се користел за исхрана на коњите.[26] Бидејќи за овој систем било потребно многу преуредување на недвижностите и социјалниот ред, што траело сè до 11 век кога почнало насекаде да се употребува. Тешкиот плуг со тркала бил воведен во 10 век. За него била потребна поголема влечна сила и со тоа се охрабри употребата на групи на волови. Украсените ракописи прикажуваат плугови со две тркала со даска на плугот или закривен ралник и со остар ралник, вертикално сечило пред ралникот. Римјаните употребувале плугови без тркала, со рамни железни делови, што не можеле да се користат правилно на тешката земја во северна Европа.

Враќањето на систематското земјоделство се совпадна со воведувањето на ново општествено уредување наречено феудализам. Овој систем се вовела хиерархија на взаемни вредности. Секој човек бил обврзан да му служи на својот господар, во замена за заштита. Но, ова направи забуна во територијалниот суверенитет, бидејќи верноста била предмет на промена низ текот на времето, а понекогаш тоа било контрадикторно. Феудализмот овозможил поголема заштита на јавноста и покрај недостатокот на бирократија или пишана евиденција. Дури и споровите во земјопоседништвото биле засновани само на усно сведочење. Територијалноста била намалена во мрежа од лична вредност.

Викиншка ера

уреди
793–1066
Викиншка експанзија
 
Скандинавски населби и нападната територија
     територијата во 8 век
     проширување во 9 век
     проширување во 10 век
     проширување во 11 век

     региони на викиншката екпанзија

Викиншката ера се протегала во периодот од 793 до 1066 година во Скандинавија и Британија, по германското железно добаВенделовата доба во Шведска). Во овој период Викинзите, скандинавски воини и трговци, ги нападнале и ги истражиле поголемите делови од Европа, југозападна Азија, северна Африка и североисточна Северна Америка. .

Со средства за патување (долги бродови и на отворени води), нивната желба за добра ги довела скандинавските трговци да истражуваат и да развиваат трговски партнерства во нивите територии. Некои од најважните трговски пристаништа во овој период се постоечки и стари градови како Орхус, Рибе, Хедеби, Винета, Трусо, Каупанг, Бирка, Бордо, Јорк, Даблин and Алдеигуборг.

Викиншките експедиции биле засебни и постоеле истовремено со трговските експедиции. Луѓе со традиција да напаѓаат на нивните соседи кога нивната била оспорувана може лесно да потпадне под напаѓање на странски народи кои им ја оспорувале честа.Освен истражувањето на Европа преку океаните и реките со помош на нивните навигациони вештини и проширувањето на трговските патишта во големи делови на континентот, тие исто така војувале, ги ограбувале и поробувале многу христијански заедници во средновековна Европа низ вековите, придонесувајќи за развојот на феудалните системи во Европа.

Источна Европа

уреди
600–1000
Киевска Русија
уреди

Пред подемот на Киевска Русија, источната граница на Европа била густо населена со Хазари, туркиски народ кој стекнал независност од Туркискиот Канат во 7 век. Хазарија била мултиетничка, трговска држава која својата добросостојба ја должела на контролата над речната трговија помеѓу Европа и Ориентот. Хазарите исто така земале данок од Аланите, Унгарците и од различните словенски племиња, Готите и Грците на Крим. Со помошта на патувачки еврејски трговци, тн Раданити, тие дошле во контакт со трговските центри во Индија и Шпанија.

Унгарци
 
Унгарските походи во 10 век.
     Унгарскиот регион
Повеќето европски народи се молеле за милост: "Sagittis hungarorum libera nos Domine" - "Бог нека не спаси од стрелите на Унгарците"

Соочени со арапскиот експанзионизам, Хазарите прагматично застанале на страната на Цариград и се судриле со калифатот. И покрај многуте пречки на почетокот, тие успеале да го заземат Дербент и да продрат на југ сè до Кавкаска Иберија, Кавкаска Албанија и Ерменија. Со ова, тие делотворно ја блокирале експанзијата на исламот на север кон источна Европа неколку декади пред Карло Мартел да ја оствари истата победа во западна Европа.[27]

Во 7 век, северното крајбрежје на Црното Море било погодено од нов бран на номадски напади, предводени од Бугарите, кои формирале моќен канат наречен Голема Бугарија, под водството на канот Кубрат. Хазарите успеале да ги изгонат Бугарите од јужна Украина до средниот тек на Волга (Волга Бугарија) и долниот тек на Дунав (Дунавска Бугарија, односно Прво Бугарско Царство). Дунавските Бугари биле брзо славизирани и покрај постојаното војување против Цариград, ја прифатиле грчката форма на христијанство. Преку обидите на двајца локални просветители – мисионери, Свети Кирил и Методиј, била составена првата словенска азбука и народниот дијалект, сега познат како старословенски јазик, бил создаден како јазик на книгите и литургијата.

На север од византиската периферија, првото потврдено словенско кнежевстно било Велика Моравија, која се појавила под покровителство на царството на Франките во почетокот на 9 век. Моравија била сцена на која се соочиле мисионерите од Цариград и Рим. Иако западните Словени го прифатиле учењето на римокатоличкото свештенство, свештенството од Цариград успеало да ја покрсти најголемата држава во тогашна Европа, Киевска Русија, кон 990 година. Предводени од Варјагиската (Варангиската) династија, Киевска Русија ги контролирала трговските патишта што ги поврзувале северна Европа и Византија со Ориентот. На крајот, Велика Моравија била освоена од Унгарците, кои ја нападнале Панонската низина околу 896 година.

Прогонот на Русите
 
Војниците на Свјатослав I прогонувани од византиските војници.
(Минијатура од Јован Скилица)
Руски напад, поттикнат од Византијците, довел до распаѓањето на Бугарската држава и окупацијата на земјата од страна на Русите. Военото соочување меѓу Русите и Византијците завршило со византиска победа. Русите се повлекле и Бугарија била вклучена во Византија.

Пред и по христијанизацијата, Русите лажираа напади против Цариград, кои резултирале со трговски договори кои им користеле на двете страни. Важноста на Руско – византиските односи е нагласена со фактот дека Владимир I Велики, принц од Киев бил едниствениот странец кој се оженил со византиска принцеза од Македонската династија, чест која многу владетели од западна Европа ја гледале како залудна. Воените походи на неговиот татко Свјатослав I Киевски, ја уништиле сувереноста на двете многу силни источноевропски сили Бугарија и Хазарите.

Бугарско Царство
уреди

Во 681 година, Бугарите основале моќна држава која играла важна улога во Европа, особено во Југоисточна Европа сè до нејзиното потпаѓање под турска власт во 1396 година. Во 718 година, Бугарите ја уништиле арапската војска во близината на Цариград, а нивниот водач, канот Тервел станал познат како "Спасителот на Европа".[28][29][30][31] Бугарија исто така ги делотворно ги запрела варварските племиња (Печенези, Хазари) да се населат на запад и во 806 година го уништиле Аварскиот канат. Во времето на Симеон I (893 – 927), оваа држава била најголема во Европа, загрозувајќи го постоењето на Византија.

 
Керамичка икона на Теодор Студит од околу 900 година, пронајдена во Преслав

По покрстувањето во 864 година, Бугарија станала културниот и духовниот центар на православниот словенски свет. Кирилското писмо (кирилицата) било составено од просветителот и македонски светец Климент во 885 година. Литература, уметност и архитектура просперирале со основањето на Охридската и Преславската книжевна школа и Преславската школа за керамика. Во 927 година, Бугарската православна црква беше првата европска национална црква која постигнала независност со свој сопствен патријарх.

Пренесување на учењето и знаењето

уреди

Со пропаѓањето на Западното Римско Царство и со намалувањето на урбаните центри, писменоста и учењето се намалија на Западот. ,,Ренесансата” во класичното образование во Каролиншкото Царство се појавила во 8 век. Во Источното Римско Царство (Византија), учењето (во смисла на формално образование вклучувајќи литература) се одржало на повисоко ниво отколку Западот. Уште поисточно, исламот ги нападнал и потоа освоил повеќе православни патријархати, а имало и напредок во науката, филозофијата и други интелектуални обиди во ,,златното доба” на учењето.

Класично образование
уреди

Класичниот образовен систем, кој траел стотици години, ставил акцент на граматиката, латинскиот јазик, грчкиот јазик и реториката. Учениците ги читале и препрочитувале античките дела и пишувале есеи имитирајќи го нивниот стил. До 4 век, образовниот систем бил христијанизиран. Свети Августин, во неговото дело "За христијанската доктрина" (De Doctrina Christiana) започната во 396, а завршена во 426, објаснил како класичното образование добро се вклопува во христијанскиот поглед на светот. Христијанството било религија на книгата, па христијаните морало да бидат писмени. Тертулијан бил поскептичен за вредноста на класичното учење, прашувајќи ,,Што има Атина со Ерусалим?” Но и тој не се противел на запишувањето на христијани во класичните школи. Академијата на Платон и останатите класични школи биле затворени од царот Јустинијан во 529 година и нехристијанската филозофија била делумно забранета. Чарлс Фримен вели дека "Покрстувањето на царот Константин во 312 година.. ..го претвори Рим од отворена, толерантна и плуралистичка цивилизација од Хеленистичкиот свет, во култура што била основана на правилото на фиксиран авторитет".[32] Од таа дата некое образование било потребно и присилно за да се усогласи со санкционираната црковна доктрина, освен во приватни и скришни околности.

Христијанско монаштво
 
Опатијата Санто Доминго де Силос
Во раниот среден век, културниот живот бил концентриран во манастирите.
Пад во Западот
уреди

Деурбанизацијата го намалила опсегот на образованието и до 6 век учењето и изучувањето било преместено монастичките и катедралните школи, а центарот на образованието било изучувањето на библиските текстови.[33] Образованието на лаиците скромно преживеало во Италија, Шпанија и јужниот дел на Галија, каде римското влијание останало најдолготрајно. Но, во 7 век, се појавило учење во Ирска и келтските земји, каде латинскиот јазик бил странски јазик и латинските текстови биле желно изучувани.[34]

Наука
уреди

Во антиката, грчкиот јазик бил основниот јазик на науката. Напредокот во науката и учењето главно се случувал во хеленистичкиот дел на Римското Царство и тоа на грчки. Подоцнежните римски обиди да се преведат грчките ракописи на латински имале ограничен успех.[35] Како што се намалувало познавањето на грчкиот јазик, латинскиот Запад бил отсечен од неговите грчки филозофски и научни корени. Некое време, говорителите на латинскиот јазик кои сакале да научат за науката, имале пристап само до некои книги од Боетиј (околу 470 – 524), што давале општ преглед на грчките прирачници на Никомах од Гераса. Свети Исидор Севилски направил латинска енциклопедија во 630 година. Приватни библиотеки би постоеле, а манастирите исто така би имале различни текстови.

Повеќето водечки учени луѓе од пораните векови за коишто ние знаеме биле свештеници кои пројавувале мал интерес за изучувањето на природата. Изучувањето на природата повеќе било од практични причини, а не од апстракни потреби: потребата од грижа за болните довела до изучување на медицината и старите текстови за лекови,[36] потребата на монасите да се одреди точното време за молитва довела до изучување на движењето на ѕвездите,[37] потребата да се пресмета точниот датум на Велигден довела до изучување на основна математика и движењата на Сонцето и Месечината.[38] Модерните читатели понекогаш го сметаат за вознемирувачки тоа што понекогаш во истите дела се дикутира за техничките детали на природните појави и нивната симболичка важност.[39]

Каролиншка ренесанса
уреди

Околу 800 година, повторно се појавил интерес за Антиката како дел од Каролиншката ренесанса. Карло Велики извршил реформа во образованието. Англискиот монах Алкуин од Јорк разработил проект на научен развој наменет за оживување на класичното знаење со создавање на програми за изучување засновани на седумте слободни вештини: тривиум (trivium), односно образование за литература (граматика, реторика и дијалектика) и квадривиум (quadrivium), односно образование за наука (аритметика, геометрија, астрономија и музика). Од 787 година па наваму, почнале да кружат декрети низ целото царство, за враќање на старите школи и основање на нови.

Институционално, овие школи припаѓале во рамките на манастирите (манастирски училишта), катедралите и царските дворови. Вистинското значење на овие мерки ќе се почувствува во наредниот век. Изучувањето на дијалектиката (дисциплина тесно поврзана со модерната логика), било одговорно за повторно пројавениот интерес за шпекулативното побарување; од овој интерес ќе произлезе схоластичката традиција на христијанската филозофија. Во 12 и 13 век, многу вакви школи биле основани под покровителство на Карло Велики, особено катедралните училишта, што подоцна ќе станат универзитети.

Златното доба на Византија
уреди
Византија за време на Македонската династија
 
Miniature from the Paris Psalter
Византија во 10 век доживеала културно оживување во голем степен.

Едно од најголемите интелектуални достигнувања бил Јустинијановиот законик (Corpus Juris Civilis), огромен збир од римското граѓанско право, направен со покровителство на Јустинијан (владеел 528 – 565). Ова дело има дел наречен Пандекти (Digesta), кој ги теоретизирал принципите на римското право на таков начин што тој можел да се примени во секоја ситуација. Нивото на писменост било значително повисоко во Византија, отколку на латинскиот Запад. Основното образование било подостапно, понекогаш дури и во селата. Средните училишта сè уште предавале за Илијадата и други класици.

Што се однесува до високото образование, Неоплатонската Академија во Атина била затворена во 526 година поради паганството. Исто така постоела школа во Александрија која останала отворена сè до арапските освојувања (640). Универзитетот во Цариград, основан од страна на царот Теодосиј II (425), се смета дека бил затворен во ова време. Повторно бил отворен од царот Михаил III во 849 година. Високото образование во овој период се фокусирало на реторика, иако Аристотеловата логика била воглавно опфатена. За време на Македонската династија (867 – 1025), Византија уживала во златното доба и повторното оживување на класичните студии. Постоело малку оригинално истражување, а многу лексикони, антологии, енциклопедии и коментари.

Исламското учење
уреди

Низ текот на 11 век, исламските достигнувања во науката почнале да навлегуваат во западна Европа. Делата на Евклид и Архимед, изгубени на Западот, во Шпанија биле преведени од латински на арапски. Модерните арапски броеви, вклучувајќи ја и ознаката за нулата, биле развиени од индиските математичари во 5 и 6 век. Муслиманските математичари дознаа за ова во 7 век и додадоа ознака за децималните делови во 9 и 10 век. Околу 1000 година, Херберт Оријаски (подоцна папата Силвестер II), направил абакус со бројаници на кои биле врежани арапските броеви. Трактат од Ал – Хорезми, за тоа како да се пресметува со овие броеви бил преведен на латински во Шпанија во 12 век.

Христијанството: Исток и Запад

уреди

Од раните христијани, христијаните во раниот среден век наследиле црква обединета во главните верувања, стабилен библиски канон и добро развиена филозофска традиција. Во раниот среден век, поделбата помеѓу источното и западното христијанство се проширила, олеснувајќи го патот за Големиот Раскол (Големиот раскол) во 11 век. На Западот, моќта на Римскиот епископ се зголемила. Во 607 година, Бонифациј III станал првиот Римски епископ кој ја користел титулата Папа. Папата Григориј I Велики ја користел функцијата како световна титула, ги зголемил мисионерските напори на Британските Острови и ги поставил темелите на проширувањето на монастичките редови. На Истокот, исламските освојувања ја намалиле моќта на грчките патријаршии. Келтското христијанство било посебен вид на христијанска традиција на Британските Острови.

Христијанизација на Западот
уреди

Католичката црква, единствената централизирана институција што преживеала недопрена по падот на Западното Римско Царство, била единственото обединувачко културно влијание на Западот, селективно задржувајќи одредено изучување на латинскиот јазик, задржувајќи ја вештината на пишување и зачувувајќи ја централизираната администрација како мрежа од епископи подредени по ред. Раниот среден век е карактеристичен по урбаната контрола од страна на епископите и територијалната контрола од страна на кнезовите и војводите. Подемот на средновековните комуни го означил почетокот на развиениот среден век.

Христијанизацијата на германските племиња започнала во 4 век со Готите и продолжила низ раниот среден век, предводена од ирско – шкотската мисија, а потоа заменета во 8 и 9 век со Англо – саксонската мисија и Англо – саксонците како Алкуин играле значајна улога во Каролиншката ренесанса. До 1000 година, дури и Исланд бил покрстен, оставајќи само некои тешко достапни делови од Европа (Скандинавија, Балтикот и Угро – финските земји) да бидат покрстени за време на развиениот среден век.

Свето Римско Царство

уреди
10 век
Светото Римско Царство
 
Отон I, Светото Римско Царство ги вклучувало Германија, северна Италија, Австрија и Холандија
Царски области
     Граници (Полна линија); Отон I (927)
     Граници (Точки); Конрад II (1032)
     Германско кралство (Полна линија)
     источно саксонска марка (Коси линии)
     Италијанско кралство
     Бургундија / Бохемија / Моравија

Останати области
     Византија
     Папската Држава
     Венецијанска Република
     Сарацени / Маври / Арапи
     Неодредено

Исцрпен и често болен, каролиншкиот цар Карло III Дебелиот предизвикал востание предводено од неговиот внук Арнулф Корушки што ја предизвикало поделбата на царството на кралствата Франција, Германија и (северна) Италија (887 година). Користејќи ја слабоста на германската власт, Унгарците почнале да се наметнуваат во Алфелд (Панонската Низина) и почнале да напаѓаат во Германија, Италија, па дури и Франција. Германските благородници го избрале Хенрик I Птичарот, саксонскиот војвода, за крал во Рајхстагот, односно Националното собрание во Фрицлар во 919 година. Моќта на Хенрик била само маргинално поголема од на другите благородници од другите (матични) војводства, што биле феудален израз на поранешните германски племиња.

Отон I, синот на Хенрик, кој владеел од 936 – 973 година, го пригушил бунтот на благородниците поддржани од кралот на Западна Франкија Луј IV во 939 година. Во 951 година Отон I слегол во Италија, се оженил со кралицата вдовица Аделаида и се прогласил себеси за крал на Лангобардите добивајќи признание од Беренгар II од Ивреа, италијанскиот крал (владеел 950 – 952). Отон I ги назначил своите роднини за водачи на матичните војводства, но ова целосно не го разрешил проблемот со нелојалноста. Неговиот син Лиудолф, војводата на Швабија, се побунил и ги повикал Унгарците во Германија во 953 година. Во Битката на Лехското поле во близина на Аугсбург во Баварија, Отон ги начекал Унгарците како пљачкосуваат и остварил важна победа во 955 година. По ова, Унгарците престанале да бидат нација што живеела од ограбување и нивните водачи формирале христијанско кралство наречено Унгарија (околу 1000). Со зголемувањето на својот престиж, Отон повторно слегол во Италија и бил прогласен за цар (imperator augustus) од папата Јован XII во Рим во 962 година.

Историчарите го сметаат овој настан како основање на Светото Римско Царство, иако овој назив не се користел многу подоцна. Државата на Отон се смета дека била Првиот Рајх, односно Германското Царство. Отон ја користел царската титула без да ја поврзува. Тој и подоцнежните цареви се гледале себеси како наследници на лоза која започнала со Карло Велики. (Некои од овие ,,цареви” биле локални италијански големци кои го присилиле папата да ги круниса.) Отон го симнал од власт Јован XII бидејќи ковал заговор со Беренгар против него и го прогласил за папа Лав VIII како негов наследник во 963 година. Беренгар бил заробен и однесен во Германија. Јован успеал да ја поврати оваа одлука по заминувањтето на Отон, но умрел набрзо во рацете на неговата љубовница.

Освен основањето на Германското Царство, Отон е познат по создавањето на "Отонскиот црковен систем", во кој свештенството (единствениот писмен дел ос населението), ги презело царските граѓански должности. Тој го издигнал папството од калта на римската гангстерска политика, се осигурал дека позицијата е целосно пополнета, а ја дал и честа што му дозволила до го преземи водството на меѓународната црква.

Европа во 1000 година

уреди
1000 од н.е.
 
Гокстадскиот брод
Музеј за викиншки бродови
Осло, Норвешка
Викиншки брод (Дракар) од 9 век ископан во 1882.

Шпекулацијата дека крајот на светот ќе пристигнел во 1000 година била ограничена само на неколку француски монаси.[40] Обичните службеници ги користеле годините на владеење, т.е. четвртата година од владеењето на францускиот крал Роберт II Побожниот. Употребата на модерното anno domini (лето (година) господово) била ограничена само на Преподобниот Бед и други хроничари на универзалната историја.

Во споредба со исламот , кој имал трговија со каравани или со Кина, кое било најнаселеното царство во светот во времето на Династијата Сонг, Европа била многу заостанато место. Цариград имал популација од 300000 жители, но Рим имал 35000 и Париз 20000 жители.[41][42] За разлика од нив, исламот имал повеќе големи градови од Кордоба во Шпанија, во тоа време најголемиот град на светот со 450000 жители, па сè до Средна Азија. Викинзите имале голема трговска мрежа во северна Европа, вклучувајќи пат кој ги поврзувал Балтикот со Цариград преку Русија. Но тоа било многу скромно во споредба со караваните кои ги поврзувале големите муслимански градови Кордоба, Александрија, Каиро, Багдад, Басра и Мека.

Речиси цела Англија била опустошена од новите викиншки напади и западнала во очајна состојба. Како одмазда за долгото страдање, Англичаните се одмаздиле со масакр над данските доселеници во 1002 година, што довело до неколку повторувања и конечно потпаѓање под данска власт во 1013 година, иако Англија ја повратила независноста набрзо потоа. Христијанизацијата брзо напредувала и се пројавила како долготрајно решение на проблемот со варварските напади. Скандинавија набрзо била целосно христијанизирана: Данска во 10 век, Норвешка во 11 век и Шведска, држава од која имало најмалку напади, во 12 век. Киевска Русија, која била покрстена во православието, процветала како најголемата држава во Европа. Исланд и Унгарија биле набрзо прогласени за христијански во 1000 н.е.

 
Отонска архитектура
Црквата Свети Михаил, Хилдесхајм, 1010те
Отонската архитектура својата инспирација ја црпела од каролиншката и византиската архитектура.

Во Европа, формализираната институција брак била создадена од благородништвото.</ref>[43] Северно од Италија, ѕидарството никогаш не згаснало, а во важните градби дрвото било заменето со камен. Сечењето на дрвјата во густите шуми почнало. Во 10 век почнал да се враќа урбаниот живот, а на италијанските градови двојно им се зголемила популацијата. Лондон, кој бил напуштен многу векови, станал главниот економски центар на Англија во 1000 година. Истата година, Брухе и Гент организирале трговски панаѓури позади градските ѕидини, што било само привремено враќање на економскиот живот во западна Европа.

Во европската култура, по 1000 година се појавиле неколку одлики во Европа што го означиле крајот на раниот среден век: создавањето на средновековни комуни (заедници), оживувањето на градскиот живот, појавата на буржоазијата (средната класа), основањето на првите универзитети, повторното ,,откривање” на римското граѓанско право и почетокот на народната литература.

Во 1000 година, папството било под контрола на Германскиот цар Отон III, односно ,,Царот на светот” , како што се нарекувал себеси. Но, подоцнежните црковни реформи ја зголемиле неговата независност и престиж: Клунијачкото движење, градењето на првата голема трансалпска катедрала и збирањето на собраните декретали во едно канонско право.

Дополнување

уреди

Дополнителна литература

уреди
  • Cambridge Economic History of Europe, vol. I 1966. Michael M. Postan, et al., editors.
  • Norman F. Cantor, The Medieval World 300 to 1300
  • Georges Duby, 1974. The Early Growth of the European Economy: Warriors and Peasants from the Seventh to the Twelfth Centuries (New York: Cornell University Press) Howard B. Clark, translator.
  • Georges Duby, editor, 1988. A History of Private Life II: Revelations of the Medieval World (Harvard University Press)
  • Heinrich Fichtenau, (1957) 1978. The Carolingian Empire (University of Toronto) Peter Munz, translator.
  • Charles Freeman, 2002. The Closing of the Western Mind: The Rise of Faith and the Fall of Reason (London: William Heinemann)
  • Richard Hodges, 1982. Dark Age Economics: The Origins of Towns and Trade AD 600-1000 (New York: St Martin's Press)
  • David Knowles, (1962) 1988. The Evolution of Medieval Thought
  • Richard Krautheimer, 1980. Rome: Profile of a City 312-1308 (Princeton University Press)
  • Robin Lane Fox, 1986. Pagans and Christians (New York: Knopf)
  • John Marenbon (1983) 1988.Early Medieval Philosophy (480-1150): An Introduction (London: Routledge)
  • Rosamond McKittrick, 1983 The Frankish Church Under the Carolingians (London: Longmans, Green)
  • Karl Frederick Morrison, 1969. Tradition and Authority in the Western Church, 300-1140 (Princeton University Press)
  • Pierre Riché, (1978) 1988. Daily Life in the Age of Charlemagne
  • Richard Southern, 1953. The Making of the Middle Ages (Yale University Press)
  • Early Medieval History Архивирано на 2 септември 2011 г. page, Clio History Journal Архивирано на 24 септември 2010 г., Dickson College, Australian Capital Territory.
  • Glimpses of the dark ages: Or, Sketches of the social condition of Europe, from the fifth to the twelfth century. (1846). New-York: Leavitt, Trow & company

Наводи

уреди
  1. Мозаик од VI век - Базилика Сан Витале, Равена.
  2. 8th century manuscript (Vatican Library, Reg. Lat. 316. foll. 131v/132r)
  3. Leonardo Bruni, James Hankins, History of the Florentine people, Volume 1, Books 1–4, (2001), p. xvii.
  4. Hopkins, Keith Taxes and Trade in the Roman Empire (200 B.C.-A.D. 400)
  5. 5,0 5,1 Berglund, B. E. (2003). „Human impact and climate changes—synchronous events and a causal link?“ (PDF). Quaternary International. 105: 7–12. doi:10.1016/S1040-6182(02)00144-1.
  6. Curry, Andrew, "Fall of Rome Recorded in Trees Архивирано на 18 јануари 2011 г.", ScienceNOW, 13 January 2011.
  7. Heather, Peter, 1998, The Goths, pp. 51-93
  8. Eisenberg, Robert, "The Battle of Adrianople: A Reappraisal", p. 112.
  9. Gibbon, Edward, A History of the Decline and Fall of the Roman Empire, 1776.
  10. Excerpta Valesiana
  11. McEvedy 1992, op. cit.
  12. Roman Empire Population
  13. Storey, Glenn R., "The population of ancient Rome Архивирано на 1 мај 2011 г.", Antiquity, December 1, 1997.
  14. Hopkins DR (2002). The Greatest Killer: Smallpox in history. University of Chicago Press. ISBN 0-226-35168-8. Originally published as Princes and Peasants: Smallpox in History (1983), ISBN 0-226-35177-7
  15. How Smallpox Changed the World, By Heather Whipps, LiveScience, June 23, 2008
  16. "Scientists Identify Genes Critical to Transmission of Bubonic Plague Архивирано на 8 март 2010 г.", News Release, National Institutes of Health, July 18, 1996.
    The History of the Bubonic Plague Архивирано на 28 јули 2007 г..
  17. An Empire's Epidemic.
  18. City populations from Four Thousand Years of Urban Growth: An Historical Census Архивирано на 11 февруари 2008 г. (1987, Edwin Mellon Press) by Tertius Chandler
  19. http://www.britannica.com/eb/article-9239
  20. Kennedy, Hugh (1995). "The Muslims in Europe". In McKitterick, Rosamund, The New Cambridge Medieval History: c.500-c.700, pp. 249–272. Cambridge University Press. 052136292X.
  21. Berglund, ibid.
  22. Cini Castagnoli, G.C., Bonino, G., Taricco, C. and Bernasconi, S.M. 2002. "Solar radiation variability in the last 1400 years recorded in the carbon isotope ratio of a Mediterranean sea core" Архивирано на 9 октомври 2006 г., Advances in Space Research 29: 1989-1994.
  23. "English and Welsh are races apart", BBC.
  24. „The Maygars of Hungary“. Архивирано од изворникот на 2009-10-27. Посетено на 2009-10-27.
  25. "No. 1318: Three-Field Rotation"
  26. This surplus would allow the replacement of the ox by the horse after the introduction of the padded horse collar in the 12th century.
  27. Islam eventually penetrated into Eastern Europe in the 920s when Volga Bulgaria exploited the decline of Khazar power in the region to adopt Islam from the Baghdad missionaries. The state religion of Khazaria, Judaism, disappeared as a political force with the fall of Khazaria, while Islam of Volga Bulgaria has survived in the region up to the present.
  28. „Exposition, Dedicated to Khan Tervel“. Архивирано од изворникот на 2016-05-07. Посетено на 2011-05-29.
  29. НИМ представя изложбата "Кан Тервел - спасителят на Европа"
  30. Bulgaria at Sleedh Look encyclopedia
  31. „Кан Тервел - спасителят на Византия и ЕВРОПА“. Архивирано од изворникот на 2014-05-06. Посетено на 2011-05-29.
  32. Charles Freeman, The Closing of the Western Mind: The Rise of Faith and the Fall of Reason, (London:William Heinemann., 2002), back cover.
  33. Pierre Riché, Education and Culture in the Barbarian West: From the Sixth through the Eighth Century, (Columbia: Univ. of South Carolina Pr., 1976), pp. 100-129.
  34. Pierre Riché, Education and Culture in the Barbarian West: From the Sixth through the Eighth Century, (Columbia: Univ. of South Carolina Pr., 1976), pp. 307-323).
  35. William Stahl, Roman Science, (Madison: Univ. of Wisconsin Pr.) 1962, see esp. pp. 120-133.
  36. Linda E. Voigts, "Anglo-Saxon Plant Remedies and the Anglo-Saxons," Isis, 70(1979):250-268; reprinted in M. H. Shank, ed., The Scientific Enterprise in Antiquity and the Middle Ages, (Chicago: Univ. of Chicago Pr., 2000).
  37. Stephen C. McCluskey, "Gregory of Tours, Monastic Timekeeping, and Early Christian Attitudes to Astronomy," Isis, 81(1990):9-22; reprinted in M. H. Shank, ed., The Scientific Enterprise in Antiquity and the Middle Ages, (Chicago: Univ. of Chicago Pr., 2000).
  38. Stephen C. McCluskey, Astronomies and Cultures in Early Medieval Europe, (Cambridge: Cambridge Univ. Pr., 1998), pp. 149-57.
  39. Faith Wallis, "'Number Mystique' in Early Medieval Computus Texts," pp. 179-99 in T. Koetsier and L. Bergmans, eds. Mathematics and the Divine: A Historical Study, (Amsterdam: Elsevier, 2005).
  40. Cantor, 1993 Europe in 1050 p 235.
  41. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-05-21. Посетено на 2011-05-29.
  42. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2006-09-19. Посетено на 2011-05-29.
  43. The Cincinnati lancet-clinic, Volume 89. Pg 478