Дербент (руски: Дербент, персиски: دربند) е град во Русија во република Дагестан. Дербент е најјужниот град во Русија, и втор по значење град во Дагестан. Според пописот на населението од 2010 година во градот живело 119.961 жители.

Дербент
Дербент
Град[1]
Други транскр.
 • АзербеџајнDərbənd
 • Тат јазик (Кавказки)Dərbənd
 • ЛезгиниКьвевар, Цал, Дербенд
 • АварДербенд
Дербент во 2017
Дербент во 2017
Грб на Дербент
ДржаваРусија
Федерален субјектДагестан[1]
Основан во438
Градски статус од1840
Управа
 • МајорКизри Абакаров
Површина[2]
 • Вкупна69,63 км2 (2,688 ми2)
Надм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (попис 2010)[3]
 • Вкупно119.200
 • проц. од (2018)[4]123.720 (+3,8%)
 • Ранг137-ми во 2010
 • Густина17/км2 (44/ми2)
 • Подреден наГрад Дебрент[1]
 • Главен град наРепублика Дегестан[1]
 • Седиште наГрад Дебрент[1], Дербентски Округ[1]
 • Градски округДербент Урбан Округ[5]
 • Седиште наДербент Урбан Округ[5], Општински Дербентски округ
Часовен појасмосковско време Уреди википодатоци[6] (UTC+3)
Поштенски бр.[7]368600
Повик. број.+7 87240
Мреж. местоderbent.org

Постои тврдење дека Дербент е најстариот град во Русија. Од античко време, оваа област е многу важна заради својата позиција како порта кон Кавказ. Постојат археолошки места во Дербент стари над 5.000 години. Како резултат на географската специфичност, градот се развил помеѓу два реда sидини во ридскиот дел и брегот на Каспиското Езеро. Со векови, многу народи му давале на градот разни имиња, но секој од нив бил поврзан со „врата“, „портал“ итн.

Географија уреди

Градот е изграден на западниот брег на Каспиското Море, јужно од реката Рубас, на падините на планините Табасаран, кои припаѓаат на Кавказ. Дербент е добро опслужуван од сообраќај - има свое пристаниште, железничката пруга минува низ него кон Баку, како и патот Баку - Ростов. Дербент има единствена стратешка позиција на Кавказ - градот се наоѓа на тесен појас на лесно проодна површина (3 км) помеѓу Каспиското Море и Кавказ, контролирајќи го копнениот сообраќај помеѓу Источната Европа и Средниот Исток. Во северниот дел на градот постои споменик на Кирк-лар, или четириесет херои, кои паднаа во одбрана на Дагестан од Арапите во 728 година. На југ се протега гранка на Кавкаскиот ѕид 50 м долг, исто така познат како Александров ѕид, кој го затвора тесниот премин на Касписката порта / Порта Атана или „Порта Каспија“. Додека овој ѕид бил недопрен, тој бил висок 9 метри и дебел 3 метри, а со своите железни порти и караули претставувал силна одбрана на персиската граница.

Историја уреди

Првата постојана населба во областа Дербент датира од 8 век п.н.е. до 4 век од н.е., оваа област била дел од Кавкаска Албанија и обично се идентификувала со албанската престолнина. Денешното име потекнува од персискиот збор „Дарбанд“ што значи „затворена врата“, тој започна да се користи кон крајот на 5 век или почетокот на 6 век, кога градот била воспоставен во оваа област од страна на Кавад I од династијата Сасаниди на Персиско Царство.

За ѕидовите и тврдината се верува дека припаѓаат на времето на синот на Квад, Хозроје I. Дербент стана силно воено упориште и пристаниште на Сасанидската империја. Во текот на 5 и 6 век, Дербент стана важен центар за ширење на христијанството на Кавказ.Во текот на 630-ите, го заземал Казарскиот канат. Во 654 година го заземаат Арапите, кои го преобразуваат во важно управно седиште и воведуваат ислам во тоа подрачје. Калиф Харун-ал-Рашид живеел во Дербент и го довел на добар глас како уметнички и трговински центар. Во 10 век, со паѓањето на Арапскиот калифат, Дербент станува емират сè до монголската инвазија во 1239 година. Во 14 век, била окупирана од орди на Татарскиот водач Тамерлан . Во 1437 година станал под контрола на шахот Ширван . Во текот на 16 век, Дербент бил повод на војни помеѓу Османлиската Империја и Персиското Царство, со која управувала династијата Сафавиди. До почетокот на 17 век, Сафавидскиот шах Абас I му нанел тежок пораз на Отоманското Царство и го обновил Дербент. За време на Руско-персиската војна, за време на Петар Велики, Русија го освоила Дербент во 1722 година, но во 1736 година повторно бил признат авторитетот на шахот Надир. Дербент во 1747 станал главен град на Ханатот под исто име. За време на персиската експедиција нарачана од Катерина Велика, Дербент бил освоен на 10 мај во 1796 година од страна на Русите под водство на генералот Валеријан Зубов. Како резултат, беше потпишан мировниот договор Гулистан и Дербент стана дел од Руската Империја.

Население уреди

Според првичните податоци од пописот, градот имал 119.961 жител во 2010 година, 18.930 (18,74%) повеќе отколку во 2002 година.

Повеќето од жителите се Лезгини, проследени со Азербејџани и Табасарани.

Економија и култура уреди

Во Дербент има машинска индустрија, прехранбена индустрија (меѓу другите пиварници и винарии), текстилна индустрија, производство на градежни материјали, дрвна индустрија, риболов и преработка на риба.

Постојат неколку високообразовни институции и технички училишта во Дербент.

Во областа на културата, треба да го споменеме Легин театар (театар С. Сталски).

На два километри од градот има празнично село „Чајка“ (= галеб).

Дербент е во суштина голем музеј со прекрасни планини и крајбрежје, со голем туристички потенцијал. Од 2003 година тврдината и стариот дел на градот се наоѓаат на списокот на УНЕСКО за Светското наследство. Нестабилноста во регионот негативно влијаела и на развојот на туризмот.

Партнерски градови уреди

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Ref294.
  2. „База данных показателей муниципальных образований“. Архивирано од изворникот на 2017-10-06. Посетено на June 9, 2015.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име 2010Census.
  4. http://www.gks.ru/free_doc/doc_2018/bul_dr/mun_obr2018.rar; датум на архивирање: 26 јули 2018; архивска URL: https://web.archive.org/web/20180726010024/http://www.gks.ru/free_doc/doc_2018/bul_dr/mun_obr2018.rar.
  5. 5,0 5,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Ref416.
  6. „Об исчислении времени“. Официальный интернет-портал правовой информации. 3 јуни 2011. Посетено на 19 January 2019.
  7. Почта России. Информационно-вычислительный центр ОАСУ РПО. (Russian Post). Поиск объектов почтовой связи (Postal Objects Search) (на руски)

Надворешни врски уреди