Визиготско Кралство

поранешна држава на Пиринејскиот Полуостров
(Пренасочено од Визиготско кралство)

Визиготско Кралство — држава која постоела на територијата на денешна југозападна Франција и Пиринејскиот Полуостров во периодот од 5 век до 8 век, и се смета дека е една од германските земји наследнички на Западното Римско Царство.

Визиготско Кралство
Regnum Visigothorum
Gutthiuda Thiudinassus
418–721
во 500 година, кога престолнината била градот денешниот град Тулуза
во 500 година, кога престолнината била градот денешниот град Тулуза
Главен градТулуза, Толедо
Говорени јазициГотски, Латински
Вероисповед
Аријанство, Никејски симбол на верата, Римокатоличка, и Јудаизам.
УредувањеМонархија
Крал 
• 418-419
Валија
• 714-721
Ардо
Историја 
• Визиготите се доселиле на територијаста на Галска Аквитанија
418
721
Претходници
Наследници
[[Западно Римско Царство]]
[[Омејадскиот халифат]]
[[Кралство Астурија]]

Империјата била создадена со населувањето на Визиготите под водство на кралот Валија во провинцијата Аквитанија, кое денеска се наоѓа во југозападна Франција. Подоцна, империјата продолжила со освојување на целиот Пиринејски Полуостров. Царството одржувало независност од Источното Римско Царство односно Византија. Обидите повторно да се воспостави Римска власт во Иберија (Спанија) биле само делумно успешен и краткотрајни. До почетокот на 6 век, Галија била заземена од страна на Франките, освен тесниот крајбрежен појас на Септиманија, но вестготската контрола на Иберија била обезбедена кон крајот од овој век од страна на Свевите и Баските. Поголемиот дел од Визиготското Кралство било освоено по исламската инвазија на полуостровот, преку Мароко во 716 година. Слободни и христијански останале само северните делови од полуостровот. На тие простори биле создадени повеќе кралства, како Кралство Астурија, а подоцна и Кралство Арагон, Кралство Кастиља и Кралство Навара.

Визиготите и нивните рани цари биле христијани, кои го имале прифатени Аријанството. Но, откако го прифатиле Никејскиот симбол на својата религија, црквата имала огромно влијание врз секуларните работи.

Федерално Кралство

уреди

Во периодот помеѓу 407 и 409 година, германските племиња Вандали, заедно со Аланите и Свевите ја преминале реката Рајна и навлегле на Пиринејскиот Полуостров. Како одговор на оваа инвазија на тогашната римска Хиспанија, царот на Западното Римско Царство Хонориј ги повикал Визиготите за помош и противнапад. Во 418 година било формирано т.н. Федерално Кралство помеѓу империјата и Визиготите, кое извојувало победа над новодојдените Германи. Но, договорот за давање на земјиште од страна на кралството не бил почитуван во целост, но од друга страна и локалната галска аристократија била подложена своите даноци да ги плаќа на Визиготите наместо на Римското Царство.[1] Визиготите, на чело со Теодорих I (418-451) ги нападнале градовите Арл (во 425 и 430) и Нарбона (436), но под водство на Флавиј Аециј кој бил во сојуз соХуните во 438 година Визиготите доживеале пораз. Во 451 ситуацијата била обратна. Хуните ја нападнале Галија, а Визиготите биле на страната на Западната Римска импеирја. Хуните биле под водство на нивниот крал Атила. Во оваа битка, позната и како Битка за Каталонските Plains, визиготскиот крал бил убиен[2]

 
Визиготите во 418 година
 
Полуостровот во 476
 
Полуостровот во 560
 
Полуостровот во 586

Веќе во 454 година, Вандалите ја имале зазедено цела Северна Африка а Свевите пак поголемиот дел од денешна Шпанија. Во времето на Теодорих II (453-466), Визиготите ги зазеле Шпанска Баетика, Картагина и Лузитанија. Во 461 го добиле и градот на Нарбона од царот Либиј Север поради нивната поддршка и сојузништво во текот на војната. Ова довело до револт од страна на војската и Гало-Римјаните на чело со Аегидис.[3]

Кралство Тулуза

уреди

Во 466 година, кралот на Визиготите бил убиен од страна на неговиор брат Еурик, кој веднаш по настанот бил прогласен за нов цар. По негово раководство, Визиготите го започнале своето проширување во Франција и консолидирање на нивното присуство во Шпанија. Еурик водел серија од војни со Свевите. Во 469 година ги поразил и го заземал денешниот град Мерида. Еурик, исто така, ја нападнал и Западното Римско Царство, зазимајќи ја Тараконска Шпанија во 472 година, последниот бастион на римската власт во Шпанија. Во текот на 476 тој продолжил по текот на реката Рајна зазимајќи ги Арл и Марсеј, а потоа пристигнал до реката Лоара на север. Визиготското Кралство било официјално признато кога Западениот римски цар Јулиј Непот (473-480), потпишал сојуз со Еурик, давајќи м ги териториите на југ од Лоар и западно од Рајна во замена за воена служба и на земјиште во Прованс (вклучувајќи и Арл и Марсеј). Иберијскиот полуостров останал под целосна контрола на Визиготите. Кога Одоакаро го симанл од власт последниот западен римски цар Ромул Августул, Еурик ја освоил Прованса[4] .

Во 500 година, престолнина на Визиготското Кралство станал Тулуза. Заедно со градот, кралството контролирал и со Галска Аквинтанија и Галска Нарбоненсија. Единствено во кралството не биле вклучени Кралството Галисија и мали шпански кралства кои биле контролирани од страна на мали народи како Баски|Баските и Кантабрини|Кантабрините.

Во следните години следувале конфликтите со Франките, на чие чело стоел кралот Хлодвиг I, кој ја имал освоено северна Галија. По кратката војна со Франките, новиот визиготски крал Аларих II бил принуден да се откаже од востанието кое избувнало во Тарагона. Во 507 година престоел уште еден напад на Франките, кои тогаш го имале склучено сојузот со Бургундите. Аларих II бил убиен во битка на основа Вогладенсис. Паднала и престолнината Тулуза. Во 508 година, Визиготите ја изгубиле цела територија која претходно ја освоиле во Галија[5]

Аријанско кралство на Хиспанија

уреди

По смртта на Аларих II, неговиот син Гесалих ја презел власта, но тој беше сменет од Теодорих Велики, владетел на Остроготите кои ја нападнале и зазеле Барселона. Гесалих бил фатен и убиен. Теодорих Велики го наследил Амаларик (511-531), син на Аларик II. Но, Амаларик сѐ уште бил дете и фактичката власт останала во рацете на Остроготите. Владеењето на Амаларик не траело долго, бидејќи во 511 година бил поразен од страна на франкскиот цар Чилдеберт I и потоа убиен во Барселона. Негов наследник станал Теудис (531-548) кој ја проширил визиготската контрола над јужните региони, но тој исто така бил убиен по неуспешната инвазија во Африка. Визиготска Хипанија доживеала граѓанската војна под водство на кралот Агила I (549-554), што предизвикало византискиот цар Јустинијан I да се испрати војска и регионот да го претвори во византиска провинција. Агила на крајот бил убиен, а неговиот претендент Атанагилд (552-568) станал нов цар. Тој ги нападнал позициите на Византија, но не бил во состојба да ги прогони новите владетели.

Нов визиготски крал станал Леовигилд (569-586). Во негово време, во 570 година го вратил градот Кордоба, на север водел војни со Свевите и Баските. Нова граѓанска војна следувала кога кралот за свој сокрал го избрал неговиот син Херменегилд. Херменегилд станал првиот визиготски крал кој го прифатил католицизмот, но бикл поразен во војната и испратен во прогонство во 584 година. Леовигилд воспоставил пријателски односи со Франките преку кралски бракови, и тие останале во мир низ повеќето од неговото владеење. Леовигилд основал нови градови, како Рекополис и Виторија, првиот варварски цар првиот варварски цар кој го напрвил тоа[6][7].

Католичко кралство во Толедо

уреди

Синот на Леовигилд, Рекаред I (586-601) при стапнувањето на престолот станал католик. Ова довело до некои немири во кралството, особено од страна на Аријанските епископи на Мерида. Во 589 година, на Третиот сабор во Толедо официјално ја признал католичката вера на територијата на цела држава, осудуувајќи го Аријанството. Тој го сменил своето име во Флавио, сметајќи се за наследник на Римските цари.

 
Полуостровот во 700

Синот на Рекаред, Лиува II цар станал во 601 година, но бил соборен од страна на Витерик (601-610). Во периодот помеѓу 610 и 631 имало повеќе визиготски кралеви, во кој обично истите биле убивани. Во овој период конечно Византија ги зазела јужните делови од полуостровот. Војна продолжила на север против Баските и Астурите. Во времето на Сисебут (612-621), биле донесени многу “остри“ закони наменети главно против Евреите кои биле принудени да се христијанизираат или да побегнат од Хиспанија. Сисебут исто така бил успешен и против Византијците, зазимајќи неколку од нивните градови, вклучувајќи ја Малага. Византијците конечно биле поразени во времето на Свинтила (621-631). Тој бил сменет од страна на Франките, а негов наследник бил Сисенанд[8].

Нестабилноста на овој период можеби се должи на борбата за власт помеѓу Кралевите и аристократијата. Религиозното обединување ја зацврстила политичката моќ на црквата која дејствувала преку црковните општини во Толедо, заедно со благородните. Од 4-от совет, одржан за време на владеењето на Сисенанд, во 633 тој бил екскомунициран и прогонет а негов наследник станал Хинтила (636-639). Црковните совети станале најсилната институција во визиготската држава. Тие одлучиле дека Кралот треба да умре во мир и нивното свето лице, во обид да стави крај на насилството и региони на минатото. И покрај сето ова, бил организиран уште една граѓанска војна од страна на Хинтила и тој бил сменет во 639 година, а бил наследен од страна на Тулга, кој исто така бил сменет во третата година од своето владеење и советот го избрал Хиндасвинт како негов наследник.


Во времето на Хиндасвинт и неговиот син Рекесвинт биле изработени најважните закони на кралството, меѓу кој најважен е т.н. Готски закон (завршен во 654). Законот ги содржал старите закони од минатото, од времето на крал Аларик II во неговиот Breviarium Alarici и Leovigild, но исто така биле напишани и многу нови закони и кодекси. Законите речиси целосно се базирале на римските закони, со некое влијание на германските кодекси во многу ретки случаи. Меѓу старите закони кои биле избришени биле оние против Евреите. Со Законот вестготските жени можеле да ја наследат земјата независно од нивните сопрузи или машки потомци.

Наследникот на Рекесвинт, кралот Вамба (672-680) морал да се справи со почетна востанија во Тарагона и поради тоа тој чувствувал потребата од реформи на армијата. Тој го донел законот според кој сите војводи, војсководци и други воени водачи, како и епископите требло да ја бранат својата земја од непријателот. Вамба на крајот бил сменет од престолот. Во времето на неговиот наследник, Ервиг (680-687) се одржал шеснаесеттиот сабор во Толедо во 693 година. На седмнаесетиот сабор во 694 донел остри закони против Евреите, цитирајќи заговор и многу биле претворени во робови, посебно оние кои биле христијанизирани. во меѓувреме го поништил законот за задолжително одење во војска. Негов наследник бил Егикакој владеел и како ковладетел во 698. Не се знае многу за неговото владеење, но периодот на граѓанската војна брзо следувал помеѓу неговите синови, кои биле заробени во Толедо[9].

Инвазија на муслиманите

уреди

Маварското освојување на Пиринејскиот Полуостров (711-718) започнало во времето кога арапските Маври ги нападнале државитена Визиготите, кои се наоѓале на Пиринејскиот Полуостров. Генералот Тарик Ибн-Зијад, предводел војска претежно составена од Бербери го преминал протокот од африканската кон европската страна и го освоил Гибралтар. По осум години, Маврите успеале да заземат голем дел од Пиринејскиот Полуостров, освен северозападните региони Астурија и поголем дел од Баскија. Територијата која била освоена била позната под името ел-Андалус. Христијаните имале право да ја негуваат својата религија, но мораче да плаќаат данок[10][11].

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Cameron, Ward Perkins & Whitby "THE CAMBRIDGE ANCIENT HISTORY VOLUME XIV. Late Antiquity: Empire and Successors, A.D. 425–600", p. 48.
  2. Cambridge Ancient v. 14, p. 113.
  3. Cambridge Ancient v. 14, p. 24.
  4. NC Medieval v. I, p. 167-171.
  5. Cambridge Ancient v. 14, p. 113-114.
  6. NC Medieval v. I, p. 183 - 209.
  7. Cambridge Ancient v. 14, p. 122-124.
  8. NC Medieval v. I, p. 350-353.
  9. NC Medieval v. I, p. 360-369.
  10. NC Medieval v. I, p. 369-370.
  11. David Abulafia et al. "The New Cambridge Medieval History, Volume II c.700—c.900", p. 256-58, 275-276.

Извори

уреди
  • Bachrach, Bernard S. "A Reassessment of Visigothic Jewish Policy, 589–711." American Historical Review 78, no. 1 (1973): 11–34.
  • Collins, Roger. The Arab Conquest of Spain, 710–797. Oxford: Blackwell Publishers, 1989. Reprinted 1998.
  • Collins, Roger. Law, Culture, and Regionalism in Early Medieval Spain. Great Yarmouth: Variorum, 1992. ISBN 0-86078-308-1.
  • Collins, Roger. Visigothic Spain, 409–711. Oxford: Blackwell Publishing, 2004. ISBN 0-631-18185-7.
  • Heather, Peter. The Goths. Oxford: Blackwell Publishers, 1996.
  • James, Edward, ed. Visigothic Spain: New Approaches. Oxford: Oxford University Press, 1980. ISBN 0-19-822543-1.
  • Lacarra, José María. Estudios de alta edad media española. Valencia: 1975.
  • Sivan, Hagith. "On Foederati, Hospitalitas, and the Settlement of the Goths in A.D. 418." American Journal of Philology 108, no. 4 (1987): 759-772.
  • Thompson, E. A. "The Barbarian Kingdoms in Gaul and Spain", Nottingham Mediaeval Studies, 7 (1963:4n11).
  • Thompson, E. A. The Goths in Spain. Oxford: Clarendon Press, 1969.
  • Wallace-Hadrill, John Michael The Barbarian West, 400–1000. 3rd ed. London: Hutchison, 1967.
  • Wolfram, Herwig. History of the Goths. Thomas J. Dunlap, trans. Berkeley: University of California Press, 1988.