Јорк
Јорк е град во Северен Јоркшир, Англија. Во Јорк има многу историски споменици, а годишно го посетуваат над три милиони туристи. Седиште е на архиепископија.
Градот го основале Римјаните во 71 година и го добил името Еборакум. Подоцна станал главен град на римската провинција Британија Инфериор, а во средниот век и на кралствата Деира, Нортумбрија и Јорвик. Во средниот век, се развил како центар за трговија со волна.[1] Во 19 век, станал главен центар на железничката мрежа и центар за производство на слатки. За време на Втората светска војна градот бил бомбардиран, а неколкуте уништени историски градби биле обновени во 1960-тите.[2]
Според пописот од 2011 година во Јорк живееле 153.717 жители.[3]
Историја
уредиПред римското освојување на Британија, областа околу Јорк ја населувало племе кај Римјаните познато како Бриганти. Бригантската племенска област прво била римска клиентска држава, но подоцна нејзините водачи станале понепријателски настроени и затоа Римјаните ја испратиле својата Деветта легија да се справи со нив.[4]
Откако Деветтата легија ги поразила Бригантите во 71 година го основале градот Јорк со тоа што на тоа место изградила дрвена воена тврдина.[5][6]
Римските цареви Адријан, Септимиј Север и Констанциј I престојувале во Јорк за време на своите походи. Додека царот Север престојавул во Јорк (207–211 г н.е.), го прогласил градот за главен град на провинцијата Британија Инфериор. Констанциј I умрел во 306 година за време на престојот во Јорк, а неговиот син Константин Велики бил прогласен за цар од трупите кои се наоѓале во тврдината.[6][7]
По римското повлекување од Британија во 5. век, Јорк почнал да го губи својот престиж и бил преземен и населен од Англите. Станал главен град на британското кралство Ебраук околу 470 година, а потоа Јорк бил главен град на Деира, потоа Деира и Берниција.[8]
Во 7 век кралот Едвин од Нортамбрија го прогласил Јорк за главен главен град на државата.[9]
Во 866 година, Викинзите ја нападнале Нортамбрија и го зазеле Јорк. Откако бил освоен, градот бил преименуван од саксонски Еофорвик во Јорвик. Станал главен град на викиншката територија во Британија, и имал преку 10.000 жители и во рамките на Велика Британија бил веднаш зад Лондон по број на население. Јорвик бил важен економски и трговски центар за Викинзите. Археолошките податоци покажуваат дека во Јорвик имало развиено производство на текстил, металопреработување, резбарство, стакларија и изработка на накит. Откриените материјали во близина на Персискиот Залив наведува дека градот бил дел од меѓународна трговска мрежа.[10] Во 954 година кралот Еадред успеал да го заврши обединувањето на Англија и го протерал од Јорк последниот владетел на независен Јорвик, Ерик Блодакс.[11]
По норманското освојување
уредиВо 1068 година, две години по норманското освојување на Англија, населението од Јорк се побунило против новата власт. Бунтот првично бил успешен, но по доаѓањето на Вилијам Освојувачот во Јорк, бунтот бил задушен. Вилијам изградил дрвена тврдина. Во 1069 година, по уште еден бунт, кралот изградил уште еден дрвен замок преку реката Уз. Вилијам ја опустошил Нортамбрија во т.н „Пустошење на северот“ при што опустошил сè од Јорк до Дурам.[12][13]
Во 12-ти век Јорк почнал да просперира. Во 1190 година, во замокот Јорк бил извршен масакр на евреите од Јорк, при што биле убиени најмалку 150, иако некои извори наведуваат бројка од 500 жители.[14][15]
Кралот Џон во 1212 година на градот му ја дал првата грамота,[16] со што ги потврдил неговите трговските права во Англија и Европа.[17][18] Во подоцнежниот среден век, трговците од Јорк увезувале вино од Франција, ткаенина, восок, платно и овес од Ниските Земји, дрво и крзна од Балтикот и извезувале жито во Гасконија и жито и волна во Ниските земји.[19]
Јорк станал главен центар за производство и трговија со ткаенини. Едвард I дополнително ја стимулирал градската економија со тоа што го користел градот како база за неговата војна во Шкотска. Градот бил центар на големи немири за време на т.н. селански бунт во 1381 година. Градот со повелбата на Ричард II во 1396 година добил поголема автономија од централната власт.
Во 1644 година, за време на Граѓанската војна, Јорк бил упориште на ројалистите, па затоа парламентарните сили го опколиле Јорк. По пристигнувањето на принцот Руперт со војска од 15.000 војници парламентарните сили се повлекле на околу 10 км од Јорк каде што Руперт бил поразен во битката кај Марстон Мур. Парламентарците повторно го опседнале Јорк и градот бил освоен [20] на 15 јули.
Географија
уредиЈорк се наоѓа во Долината Јорк, рамнина со плодна и обработлива почва. Градот бил изграден на вливот на реките Уз и Фос на морена создадена во последното ледено доба.[21]
Во римско време, земјиштето околу Уз и Фос било мочурливо, и затоа градот лесно се бранел од напаѓачите. Меѓутоа, Јорк е подложен на поплави од реката Уз и има мрежа со ѕидови долж реката за заштита од поплави. Во октомври и ноември 2000 година, Јорк бил погоден од најголемата поплава во последните 375 години; повеќе од 300 домови биле поплавени.[22] Во декември 2015 година поплавите предизвикале голема штета.[23]
Демографија
уредиВо Јорк (урбаниот дел од градот) за време на пописот во Обединетото Кралство во 2011 година живееле 153.717 жители,[3] во споредба со 137.505 во 2001 година.[24] Етничкиот состав бил: 94,3% белци, 1,2% мешани, 3,4% азијци и 0,6% црнци.
Промена на населението
уредиРастот на населението во Јорк од 1801 година | |||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
година | 1801 година | 1811 година | 1821 година | 1831 година | 1841 година | 1851 година | 1861 година | 1871 година | 1881 година | 1891 година | 1901 година | 1911 година | 1921 година | 1931 година | 1941 [a] | 1951 година | 1961 година | 1971 година | 1981 година | 1991 година | 2001 година [b] | 2011 година | |
Популација | 24.080 | 27.486 | 30.913 | 36.340 | 40.337 | 49.899 | 58.632 | 67.364 | 76.097 | 81.802 | 90.665 | 100.487 | 106.278 | 112.402 | 123.227 | 135.093 | 144.585 | 154.749 | 158.170 | 172.847 | 181.131 | 198.051 | |
Извор: Визија на Британија [25] |
Економија
уредиЕкономијата главно се заснова на туризмот, науката и услужниот сектор, кои во 2000 година вработувале 88,7% од вкупното вработено население во градот.[26] Една од фабриките на Нестле, Нестле Роунтри, се наоѓа во Јорк, каде што се произведуваат Киткет, Смарти и други чоколади.
Невработеноста во Јорк во 2008 година изнесувала 4,2% и била пониска во споредба со националниот просек на Обединетото Кралство од 5,3%.[26] Најголем работодавач во Јорк е Советот на градот Јорк, со над 7.500 вработени.
Знаменитости
уредиЈорк Минстер, голема готска катедрала, доминира во градот.
Центарот на Јорк е опкружен со средновековните бедеми на градот.[27][28] Овие бедеми се најкомплетни во Англија и опфаќаат дел од ѕидовите на римската тврдина и некои нормански и средновековни градби. Реновирани се во од 19 и 20 век.[29]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Timeline“. York Tourism Bureau. 2005. Архивирано од изворникот на 8 January 2008. Посетено на 25 October 2007.
- ↑ „When sparks flew across the sky“. The Press. Newsquest Media Group. 28 April 2012. Архивирано од изворникот на 20 April 2019. Посетено на 20 April 2019.
- ↑ 3,0 3,1 „2011 Census – Built-up areas“. ONS. Архивирано од изворникот на 21 September 2013. Посетено на 15 August 2013. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „BUA“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ Willis, Ronald (1988). The illustrated portrait of York (4. изд.). Robert Hale Limited. стр. 26–27. ISBN 0-7090-3468-7.
- ↑ „York's history“. City of York Council. 20 December 2006. Архивирано од изворникот на 31 October 2007. Посетено на 1 October 2007.
- ↑ 6,0 6,1 Shannon, John; Tilbrook, Richard (1990). York – the second city. Jarrold Publishing. стр. 2. ISBN 0-7117-0507-0.
- ↑ „Lower (Britannia Inferior) and Upper Britain (Britannia Superior)“. Vanderbilt University. Архивирано од изворникот на 2 March 2008. Посетено на 24 October 2007.
- ↑ Jones, Barri; Mattingly, David (1990). An Atlas of Roman Britain. Cambridge: Blackwell Publishers (објав. 2007). стр. 317. ISBN 978-1-84217-067-0.
- ↑ „York history timeline“. YorkHistory.com. 2007. Архивирано од изворникот на 14 March 2007. Посетено на 4 October 2007.
- ↑ „From the raid on Lindisfarne to Harald Hardrada's defeat: 8 Viking dates you need to know“. History Extra. BBC. Посетено на 16 June 2020.
- ↑ „Jorvik: Viking York“. City of York Council. 20 December 2006. Архивирано од изворникот на 13 September 2007. Посетено на 5 October 2007.
- ↑ Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 927–929. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ „The Old Baile“. An Inventory of the Historical Monuments in City of York, Volume 2, the Defences. London. 1972. стр. 87–89. Посетено на 16 June 2020 – преку British History Online.
- ↑ „The 1190 Massacre“. History Of York. York Museums Trust. Архивирано од изворникот на 3 January 2013. Посетено на 13 April 2015.
- ↑ „Death in York“. BBC. 28 September 2006. Архивирано од изворникот на 14 December 2008. Посетено на 10 October 2007.
- ↑ „BBC News – Charter Day celebrations for York announced“. BBC News. 8 July 2011. Архивирано од изворникот на 16 October 2015. Посетено на 29 January 2015.
- ↑ „York Minster: a very brief history“. York Minster. Архивирано од изворникот на 9 December 2012. Посетено на 15 June 2009.
- ↑ „Norman and Medieval York“. City of York Council. 20 December 2006. Архивирано од изворникот на 15 September 2007. Посетено на 1 October 2007.
- ↑ Tillott, P. M., уред. (1961). A History of the County of York: the City of York: The later middle ages – Communications, markets and merchants. British History Online. стр. 97–106. Архивирано од изворникот на 12 January 2012. Посетено на 18 July 2009.
- ↑ „The Age of Decline“. City of York Council. 20 December 2006. Архивирано од изворникот на 4 February 2008. Посетено на 5 October 2007.
- ↑ Hall, Richard (1996). English Heritage: Book of York (1. изд.). B.T.Batsford Ltd. стр. 25. ISBN 0-7134-7720-2.
- ↑ Dennis, Ian A.; Macklin, Mark G.; Coulthard, Tom J.; Brewer, Paul A. (2002). „The impact of the October–November 2000 floods on contaminant metal dispersal in the River Swale catchment, North Yorkshire, UK“ (PDF). Wiley InterScience. стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на 29 November 2007. Посетено на 20 April 2019.
- ↑ „York floods: Hundreds evacuated and swathes of historic city underwater as rivers reach record levels“. The Independent. 27 December 2015. Архивирано од изворникот на 20 August 2016. Посетено на 19 August 2016.
- ↑ „KS01 Usual resident population: Census 2001, Key Statistics for urban areas“. Office for National Statistics. 17 June 2004. Архивирано од изворникот на 16 March 2012. Посетено на 11 March 2012.
- ↑ „York UA/City: Total Population“. A Vision of Britain Through Time. Great Britain Historical GIS Project. Архивирано од изворникот на 23 February 2012. Посетено на 19 July 2009.
- ↑ 26,0 26,1
„Labour Market ProfileYork“. Nomis. Office for National Statistics. Архивирано од изворникот на 17 July 2011. Посетено на 17 July 2009. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „NOMIS“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „The city walls“. City of York Council. 19 March 2012. Архивирано од изворникот на 31 May 2012. Посетено на 19 March 2012.
- ↑ „York City Walls Walk Map“. Walks in Yorkshire. Архивирано од изворникот на 26 September 2017.
- ↑ Pevsner, Nikolaus; Neave, David (1995) [1972]. Yorkshire: York and the East Riding (2. изд.). London: Penguin Books. стр. 192. ISBN 0-14-071061-2.
Надворешни врски
уреди- Историски фотографии од Јорк - онлајн библиотека на историски фотографии од Јорк