Месопотамија (римска провинција)

Месопотамија била името на двете различни римски провинции, една краткотрајна творба на римскиот цар Трајан во 116–117 година, а другата основана од императорот Септимиј Север во ок. 198, кој се опсегала меѓу римските и сасанидските империи, сè до арабјанските освојувања од VII век.

Provincia Mesopotamia
ἐπαρχία Μεσοποταμίας
Провинција на Римската Империја

116–117
198–637

Местоположба на Месопотамија
Местоположба на Месопотамија
Провинцијата Месопотамија во рамките на Римската Империја.
Главен град Амида / Дара/Низибис
Историски период Антика
 -  Воспоставена од Трајан 116
 -  Евакуиран од Адријан 117
 -  Превоспоставен од Септимиј Север 198
 -  Арабјански освојувања 637
Денес во  Ирак
 Турција
 Сирија
 Кувајт
Римските провинции на Истокот под Трајан, вклучително и Месопотамија.
Доцната римска Источна Диецеза, вклучувајќи ја и провинцијата Месопотамија

Во 113 година, императорот Трајан (р. 98–117) започнал војна против долгогодишниот источен соперник на Рим, Партската Империја. Во 114 година ја освоил Ерменија, која била претворена во провинција и до крајот на 115 година ја освоил северна Месопотамија. Истата била организирано како провинција во почетокот на 116 година, кога биле ковани монети за да се прослави фактот.[1]

Подоцна во истата година, Трајан се упатил кон средишна и јужна Месопотамија (проширувајќи и комплетирајќи ја на провинцијата Месопотамија) и преку реката Тигар до Адијабена, која ја анектирал во другата римска провинција, Асирија.[2] Но, тој не застанал тука. Во последните месеци од 116 година, тој го заробил големиот персиски град Суза. Тој го соборил партскиот крал Хосрое I и си поставил свој марионетски владетел Партамаспат на патрскиот престол. Никогаш повеќе Римската Империја не напредувала до толку на исток.

Веднаш штом умрел Трајан, неговиот наследник Адријан (р. 117–138) се откажал од неговите освојувања источно од реката Еуфрат, што повторно станала источна граница на Римската Империја.[3][4]

Провинцијата под Север уреди

Кампањата на Лукиј Вер уреди

Северна Месопотамија, вклучително и Осроена, повторно дошла под римска контрола во експедицијата на Лукиј Вер во 161–166 година, но не биле формално организирани во провинции; наместо тоа, тие биле оставени под локалните вазални владетели, иако римските гарнизони биле оставени, особено во Низибис.

Година на петте императори уреди

Оваа контрола била загрозена во 195 година, за време на граѓанската војна помеѓу Септимиј Север (р. 193–211) и узурпаторот Пескениј Нигер, кога избувнале востанија во областа, а Низибис била опсадена. Север брзо го вратил редот и ја организирал Осроена како целосна провинција.[5][6]

Преосвојувањата од страна на Север уреди

Следно, Северус започнал војна против Партија, која успешно ја завршил со освојувањето на партската престолнина Ктесифон. Како имитација на Трајан, тој повторно ја основал провинцијата Месопотамија во 198 г., со Низибис, издигнат со статусот на целосна колонија, како нејзин главен град.[7][8]

За разлика од провицијата на Трајан, која ја опфаќала целата римско окупирана Месопотамија помеѓу реките Еуфрат и Тигар, новата провинција била ограничена помеѓу провинцијата Осроена на југ, Еуфрат и Тигар на север, и реката Хаборас (денешен Хабур) на исток.[9]

Воена зона уреди

 
Карта што ја покажува провинцијата Месопотамија

За остатокот од своето постоење, новата провинција ќе остане јаболко на раздорот меѓу Римјаните и нивните источни соседи, претрпејќи големи страдања во повторливи римско-персиски војни. Во немирот што следел по Годината на шесте императори, во 239–243 г., Ардашир I (вл. 224–241), основачот на новото Сасанидска Империја, кој ги заменил кревките Парти, го нападнал и ја зафати областа, но истата била повратена од Тимеситеј пред неговата смрт во 243 година.[10] Во 250-тите, персискиот шах Шапур I (вл. ок. 240-270) ја нападнал Месопотамија и се борел против римскиот цар Валеријан (вл. 253–260), кого го заробил во Едеса во 260 година.[11] Во наредната година, сепак, Шапур бил силно поразен од Оденант од Палмира и бил истеран од Месопотамија.[12]

Реорганизација уреди

Според реформите на Диоклецијан (вл. 284–305) и Константин Велики (вл. 306–337), таа станала дел од Источната Диецеза, која, пак, била подредена на преториската Источна Префектура.

 
Карта на римските воени постојки во Месопотамија од ракопис од 1436 година

Низибис и Сингара, заедно со територијата во Адијабена освоена од страна на Диоклецијан биле изгубени по дебаклот на персиската експедиција на Јулијан во 363 година, а главниот град бил префрлен во Амида, додека седиштето на воениот командант, т.н. Dux Mesopotamiae, се наоѓало на Константина. Други вклучени градови биле Мартиропол и Кефа.[9]

По неволјите со кои се соочиле римските сили во Анастазиската војна од 502–506, римскиот цар Анастасиј I (вл. 491–518) ја изградил тврдината Дара како против тежа на Низибис и како нова база на месопотамискиот командант.

За време на реформите во Јустинијан I (вл. 527-565), провинцијата била поделена: северните окрузи со Мартиропол отишле во новата провинција Ерменија IV, додека остатокот бил поделен на две граѓански и црковни области, една (регионот) јужно од Тигар) со главен град во Амида и другиот (регионот Тур Абдин) со главен град во Дара.[9] Провинцијата претрпела многу за време на скоро постојаните војни со Персија во 6 век. Во 573 година, Персијците дури ја зеле Дара, иако Римјаните ја повратиле под мирот од 591 година. Тие повторно ја изгубиле од Персијците во Големата војна од 602–628 година и ја вратиле потоа само за да го загубат целиот регион трајно од арабјанските освојувања во 633–640.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Bennett (1997), pp. 196, 198–199
  2. Bennett (1997), стр. 201
  3. Bennett (1997), стр. 206–207
  4. Mommsen, Dickson & Purdie (2004), стр. 72
  5. Mommsen, Dickson & Purdie (2004), стр. 77–78
  6. Southern (2001), стр. 33
  7. Mommsen, Dickson & Purdie (2004), стр. 78–79
  8. Southern (2001), стр. 42
  9. 9,0 9,1 9,2 Kazhdan (1991), стр. 1348
  10. Southern (2001), стр 70–71
  11. Mommsen, Dickson & Purdie (2004), стр. 100
  12. Mommsen, Dickson & Purdie (2004), стр. 103–104

Извори уреди

  • Bennett, Julian (1997). Trajan: Optimus Princeps. Routledge. ISBN 0-415-16524-5. Bennett, Julian (1997). Trajan: Optimus Princeps. Routledge. ISBN 0-415-16524-5. Bennett, Julian (1997). Trajan: Optimus Princeps. Routledge. ISBN 0-415-16524-5.
  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991). Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-504652-6.
  • Mommsen, Theodor; Dickson, William Purdie; Haverfield, Francis (2004). The provinces of the Roman Empire: from Caesar to Diocletian, Vol. II. Gorgias Press LLC. ISBN 978-1-59333-026-2. Mommsen, Theodor; Dickson, William Purdie; Haverfield, Francis (2004). The provinces of the Roman Empire: from Caesar to Diocletian, Vol. II. Gorgias Press LLC. ISBN 978-1-59333-026-2. Mommsen, Theodor; Dickson, William Purdie; Haverfield, Francis (2004). The provinces of the Roman Empire: from Caesar to Diocletian, Vol. II. Gorgias Press LLC. ISBN 978-1-59333-026-2.
  • Southern, Pat (2001). The Roman Empire from Severus to Constantine. Routledge. ISBN 978-0-203-45159-5. Southern, Pat (2001). The Roman Empire from Severus to Constantine. Routledge. ISBN 978-0-203-45159-5. Southern, Pat (2001). The Roman Empire from Severus to Constantine. Routledge. ISBN 978-0-203-45159-5.