Орхус
Орхус (дански: Aarhus; шведски: Århus) е втор град по големина во Данска и најголем во копнениот дел на државата, на полуостровот Јитланд. Па затоа и градот се нарекува „престолнината на Јитланд“. Градот е најголем град на регионот Среден Јитланд, каде со околните населби ja сочинуваат Општина Орхус. Орхус е главно и многу важно стопанско, културно и политичко средиште на Данска со високоценетиот Универзитет Орхус.
Орхус | |
---|---|
Воздушен поглед на центарот на Орхус и јужното пристаниште | |
Местоположба во Данска | |
Координати: 56°09′N 10°13′E / 56.150° СГШ; 10.217° ИГД | |
Држава | Данска |
Регион | Среден Јитланд |
Општина | Општина Орхус |
Површина | |
• Градска | 91 км2 (35 ми2) |
• Метро | 9.997 км2 (3,860 ми2) |
• | 468 км2 (181 ми2) |
Население (2011[1]) | |
• Градскo | 252.107 |
• Градска | 2.669/км2 (6,910/ми2) |
• Метро | 1,245,046 |
• Метро | 124/км2 (320/ми2) |
• Густина | 671/км2 (1,740/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
Мреж. место | http://www.aarhus.dk |
Природни услови
уредиОрхус се наоѓа во Среден Јитланд. Од главниот град, Копенхаген, оддалечен е 300 км западно.
Релјеф
уредиОрхус се наоѓа на источниот брег на данскиот полуостров Јитланд. Градот е сместен на дното на истоимениот Орхуски Залив. Подрачјето на градот е доста ридесто, за условите на Данска, а во близина на градот се наоѓаат и највисоките планини во државата. Па според тоа, надморската височина на градот оди од 0 до 60 м.
Клима
уредиКлимата во Орхус е умереноконтинентална под влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.
Вода
уредиОрхус се развил како морски центар на дното на истоимениот Орхуски Залив, кој претставува дел од Категат, еден од поголемите заливи на Северното Море. Поголемиот дел од градското крајбрежје денес претставува еден од поголемите центри во Данска.
Историја
уредиПрвите траги на населеност на денешниот град Орхус се јавуваат околу 75 година. Епископијата на самото место е основана во 951. година, што претставува важен настан за населбата. Наскоро, тука се јавил значаен град, кој поради својата поволна местоположба станал значајно трговиште во следните неколку векови.
Во 17. век се доселила и привредната криза, а подоцна, окупација на градот од страна на Шведска. Ова многу го нарушило угледот на градот. Новиот подем Орхус го дожиевал во втората половина на 19. век, кога доаѓа до индустријализација, па затоа дошло и до нагло нарастување на бројот на населението.
И покрај петгодишната окупација на Данска (1940-1945) од страна на Третиот Рајх, Орхус и неговото население не претрпеле премногу страдања.
Население
уредиДенес Орхус има околу 250.000 жители во градските граници, што е 3,5 пати повеќе од претходниот век. Градот заедно со околните населени места има вкупно 310.000 жители. Метрополитенското подрачје има околу 1,2 милиони жители.[2][3][4]
Етнички состав
уредиНаселението на Орхус до пред неколку децении било претежно населено со етнички Данци. Меѓутоа, бројните доселеници од странските држави го измениле составот на населението. Така денес во Орхус има над 11% население родено во странство, а тоа е повеќе од просекот на државата.
Стопанство
уредиСтопанството на Орхус посебно се наслонува на големиот градски центар, еден од најголемите во Европа и најголем во Данска. Опкружувањето на Орхус е многу развиено земјоделско подрачје, па во градот и околината е развиена прехранбена индустрија. Позната е и градската пиварница „Церес.“
Знаменитостите на градот
уредиОрхус има сочувано старо градско јадро во скандинавски дух, со неколку плоштади, многу цркви и многу палати и градски градби. Од нив најпознати се:
- Орхускиот соборен храм, најдолгата црква во Данска
- Градската куќа, современа градба на архитектот Арне Јакобенс
- Градско читалиште
- Главната градба на Орхускиот универзитет
- Градскиот театар
- Музеј на уметноста
Една од најголемите турискички одлики е Стариот град (дан. Den Gamle By), кој имено не е стар дел на градот, туку збир од стари згради направени по пример на зградите од данската историја, кои се наоѓаат ширум земјата.
Галерија
уреди-
Градсиот соборен храм
-
Музејотна уметноста
-
Градскиот театар
-
Градската куќа на Орхус
Наводи
уреди- ↑ BEF44: Population 1st January, by urban areas database from Statistics Denmark
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2016-06-24. Посетено на 2012-07-24.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на 2012-07-24.
- ↑ http://www.businessaarhus.dk/~/media/Subsites/Business-Aarhus/Powerpoint-praesentationer/Aarhus-som-vkstby-english-new.ashx[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- www.aarhus.dk Официјално мрежно место на градот Орхус Архивирано на 7 февруари 2005 г.
- Информации за градот Архивирано на 29 април 2011 г.
- www.au.dk Орхуски универзитет