Маврикиј Тибериј (лат.Flavius Mauricius Tiberius Augustuss, гр.Φλάβιος Μαυρίκιος Τιβέριος Αύγουστος, ерм.Մավրիկ, Mavrig;) бил цар на Византија од 582 година до 602.

Маврикиј Тибериј
Роден 539
град Аравис Кападокија
Починал 27 ноември 602
Халкидон

Маврикиј се родил во богата ерменска фамилија во градот Арабис,Кападокија. На почетокот на својата кариера бил нотар, но подоцна влегол во војската. Се истакнал во борбите со Персијците, најповеќе со победата во 581 година, по која се оженил за Константина, ќерка на царот Тибериј II Константин. Така станал совладетел, а по смртта на Тибериј и цар на Византија. Наследил империја во тешка состојба - на исток во војна со Персија, на запад совладана од словените, плаќала големи даноци на Аварите, а државната каса била речиси празна. Сепак во 586 неговите војски ги победиле персијците. Неговите реформи ги смалиле трошоците за војската, што предизвикало буна во 588 година, но тоа не го спречило да им се спротивставува успешно уште две години на персијците, сè додека не бил симнат од престолот царот Хормизд. Маврикиј го поткрепил новиот Хозрој II. Така успеал да добие мир на исток и можел да преземе акции на запад. Во 583 Аварите зазеле неколку дунавски тврдини, а во 586-587 стасале до Адријанопол. Во 593 година неговиот генрал Приск ги победил неколкупати Аварите и презел поход против словените во денешна Романија. Но царот, не мајќи доверба во него го вратил назад и ставил начело на војската својот брат Петар. Тој се покажал како неспособен војсководец и тогаш словените и Аварите првпат опсадиле Солун. Во 589 Приск бил вратен и империјата успеала во следната година да заклучи мир со Аварите. Маврикиј сакал војските да зимуваат во непријателските земји, но оваа стара римска традиција ги побунила војниците. Тие се кренале под водството на Фока. Припадници на Зелената партија, која била против Маврикиј, ги отворила вратите на Цариград. На 23 ноември Фока бил крунисан за цар, а неколку денови подоцна Маврикиј со неговите браќа и синови биле убиени.