Рурик (старословенски: Рюрикъ; старонордиски: Hrøríkʀ; –879?) бил првиот руски кнез кој се споменува во историските извори.

Рурик
Принц на Новогород
На престол864–879
Претходникnone
НаследникОлег
Почивалиште
?
ДецаИгор I
ДинастијаДинастија Рурик
Вероисповедпаганство

Живот

уреди

„Хроника“ известува дека во 862 година на просторот меѓу земјите од Западна Двина и Бело Езеро живееле неколку племиња. Тие племиња го повикале Варангијан Рурик да владее и да воспостави ред, правда и одбрана во нивните земји.

На старословенски јазик тоа изгледа вака:

[6370 (862)] Изъгнаша Варѧги за море и не даша имъ дани. и почаша сами собѣ володѣти. и не бѣ в нихъ правдъı. и въста родъ на родъ . [и] бъıша в них̑ усобицѣ. и воєвати почаша сами на сѧ [и] рѣша сами в себѣ. поищемъ собѣ кнѧзѧ. иже бъı володѣлъ нами. и судилъ по праву. [и] идаша за море къ Варѧгомъ к Русı... рѣша. Русь. Чюдь [и] Словѣни. и Кривичи. всѧ землѧ наша велика и ѡбилна. а нарѧда в неи нѣтъ. да поидѣте кнѧжитъ и володѣти нами.

Според една верзија, Рурик веднаш дошол во Велики Новгород, според друга – прво дошол во градот Ладога, а потоа го изградил Новгород.

„Хроника“ споменува дека Рурик ја зел со себе војската и двајцата браќа Синеус и Трувор.

и изъбращасѧ . г҃ . братьӕ . с родъı своими. [и] поӕша по собѣ всю Русь. и придоша старѣишии Рюрикъ [сѣде Новѣгородѣ]. а другии Синеоусъ на Бѣлѣѡзерѣ. а третии Изборьстѣ. Труворъ.

Рурик умрел во 879 година. Го оставил малиот син Игор.

Рурик е основач на династијата „Руриковичи“. Последен од неа бил Иван IV Грозни.

Некои историчари го поистоветуваат со викингот Рурик Јитланд(ски) кој го напаѓал атлантскиот брег на Европа кон средината на 9 век. Други, пак, со помош на информации на рускиот историчар Василие Татишчев, укажуваат на тоа дека принцот Рурик бил кнез на словенскиот племенски сојуз Бодричи.

Надворешни врски

уреди