Дијалектика
Дијалектика — наука за општите законитости на движењето и развитокот на природата, на општеството и на човековото мислење. Дијалектиката ги разгледува природните појави во вечното движење и менување, а развојот на природата го гледа како резултат на заемното дејствување на противставените сили во самата природа. Всушност, дијалектиката е вештина на наоѓање на вистината со откривање на противречностите.
Карл Маркс користејќи ја дијалектиката, при анализа на правото дошол до заклучок дека правото е еманација на волјата на владејачката класа. Тој тврдел дека општеството е во постојана борба меѓу владејачката и владеената класа.
Поврзано
уредиОваа статија од областа на филозофијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |