Моравија

историска земја во Чешка република

Моравија (чешки: Morava; полски: Morawy; латински: Moravia) е област во Чешка. Порано таа била кнежевство, а еден од неговите кнезови бил и Ростислав, човекот кој испратил писмо до византискиот цар Михаил, за да прати луѓе кои ќе го описменат моравскиот народ на словенски јазик. Притоа, Михаил ги испратил Кирил и Методиј. Моравија се простира на 22.000 км2[3] и има 3 милиони жители, што претставува околу 30% од жителите во Чешка. Жителите се нарекувале Моравци. Името на оваа област доаѓа од името на реката Морава, која извира во северниот дел од регионот. Најголем град во Моравија и историски главен град е Брно.

Моравија
Morava
историски регион
Знаме
Грб
Земја Чешка Република
Главен град Брно (историски)
Површина 22,348 км2
Местоположба на Моравија
Местоположба на Моравија
Местоположба на Моравија
Знаме[1][2]

Иако официјално не е административна единица од 1949 година, Моравија се смета за посебна земја во рамките на Чешката Република. Моравците се сметаат себеси за посебен народ со свој, моравски идентитет, и понекогаш се јавува соперништво меѓу нив и Чесите од Бохемија.[4][5]

Географија

уреди

Моравија се наоѓа на источниот дел од Чешка. Се граничи со Бохемија на запад, Долна Австрија на југозапад, Словачка на југоисток, Полска на север, и Чешка Шлеска на североисток. Природните граници ги формираат планините Судети на север, Карпати на исток и Бохемско-моравски Висорамнини на запад. Меѓу 1782–1850 година, во рамки на Моравија влегувал мал дел од Шлеска.

Историја

уреди
 
Вјестоничка Венера, најстарата керамичка фигура во светот

Докази за присуство на човек во овој регион има од пред 600.000 години.[6] Околу 60 година п.н.е., келтските Волки си заминале од овој регион, кој го населиле германските Квади. Дел од Макроманските војни се пдвивале во Моравија во текот на 169–180 година. За време на Големата преселба на народите, низ Моравија минувале разни германски и словенски племиња, а во 6 век Словените се населиле трајно. Кнезот Ростислав (846–870) сакал да ги образува своите поданици, па испратил молба до Рим да пратат мисионери. Откако Рим одбил, тој испратил молба до византискиот цар Михаил III за да му испрати мисионери кои ќе го шират христијанството на словенски јазик. како резултат, се случила мисијата на Кирил и Методиј кои за таа цел превеле литургиски книги на словенски јазик, кој подоцна бил признат од папата како рамен на грчкиот и латиснкиот. Методиј станал првиот моравски архиепископ, но по неговата смрт повторно се засилило германското влијание, па учениците на Методиј биле принудени да побегнат.

Брно и Оломоуц биле главни градови на Моравија до 1641 година. Турците и Кримските Татари го освоиле регионот во 1663 година, земајќи 12.000 затвореници.[7] Во 1740 година, Моравија била окупирана од пруските војски на Фридрих Велики.

По распадот на Австроунгарското Царство во 1918 година, Моравија станала дел од Чехословачка. Како една од петте земји во Чехословачка, имала ограничена автономија. За време на Втората светска војна, Моравија изгубила 46.306 Евреи.[8]

Поврзано

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Svoboda, Zbyšek; Fojtík, Pavel; Exner, Petr; Martykán, Jaroslav (2013). „Odborné vexilologické stanovisko k moravské vlajce“ (PDF). Vexilologie. Zpravodaj České vexilologické společnosti, o.s. č. 169. Brno: Česká vexilologická společnost. стр. 3319, 3320.
  2. Pícha, František (2013). „Znaky a prapory v kronice Ottokara Štýrského“ (PDF). Vexilologie. Zpravodaj České vexilologické společnosti, o.s. č. 169. Brno: Česká vexilologická společnost. стр. 3320–3324.
  3. „Změny v rozloze obcí a okresů.“. Statistický lexikon obcí v republice Československé - II. Země Moravskoslezská (чешки). Praha. 1935. стр. 149 and 151.
  4. a.s., Economia (18 February 2000). „Jsem Moravan?“.
  5. „Říkáte celé ČR Čechy? Pro Moraváky jste ignorant“. 8 February 2010.
  6. Првите луѓе во Европа
  7. Lánové rejstříky (1656–1711) Архивирано на 12 март 2012 г. (чешки)
  8. Hope for the future in Brno's Jewish cemetery BBC 3.7. 2014

Надворешни врски

уреди