Авари — евроазиски номади за кои сѐ уште нема официјална потврда од каде точно потекнуваат[10][11][12][13][14], иако се претпоставува дека имаат туркиско потекло. Овој народ живеел покрај Панонската низина во околу 6 век до 9 век[15], каде имал изградено своја држава. Најголем нивни поход бил Опсадата на Цариград од 7 век.

Панонски Авари
567 – по 822 година[1]
Аварскиот Хаганат околу 582–612 година.
Аварскиот Хаганат околу 582–612 година.
СтатусЦарство
Говорени јазици
Вероисповед
Првично шаманизам и анимизам, христијанство по 796 година
УредувањеХанат
Хаган 
Историја 
• Основана
567 
• Поразени од Пепин Италијански
796
• Престанала да постои
 по 822 година[1]
Претходници
Наследници
Ломбарди
Гепиди
Историја на Хуните
Франкија
Прво Бугарско Царство
Кованици на Аварите од 6-ти–7 век, кои наликуваат на кованиците на Равена од Хераклиј.[9]

Во почетокот на 8 век, Аварите доживеале голем пораз од страна на франкискиот крал Карло Велики, каде по таа битка нивната држава започнала да се распаѓа. Со доаѓањето на Словените, се претпоставува дека голем дел се преточиле во нив. Денеска, постојат Кавкаски Авари кои живеат во Русија и Азербејџан.[16][17][18]

Јазикот или јазиците што ги зборувале Аварите денес се непознати[10][12][13][14]. Класичниот филолог Самуел Садецки-Кардош наведува дека повеќето од зборовите на Аварите употребени истовремено со латински или грчки текстови, се чини дека имаат потекло од монголскиот јазик.[19] Други теории сметаат дека има тунгуско потекло[20]. Според Садецки-Кардос, многу од титулите и редовите што ги користеле панонските Авари ги користеле и Туркијците, Прабугарите, Ујгурите и Монголците, како на пример каган, кан, кадхан, тудун, тархан и хатун[19]. Меѓутоа, постојат докази дека владејачките кланови зборувале на различни јазици, како кавкаски[12], ирански[3], тунгуски[21][22][23][24], унгарски и туркиски[25][26]. Неколку научници сугерираат дека прасловенскиот јазик станал лингва франка на Аварскиот каганат[27]. Според Ѓула Ласло, кон крајот на 9 век панонските Авари зборувале со разни стари унгарски јазици, со што формирале аваро-унгарски континуитет со тогаш новодојдените Унгарци[28].

Потекло

уреди

Аварите спаѓале во туркиската група на народи кои кон средината на 6 век биле потиснати од Западните Туркијци и се преселиле од Средна Азија во подунавјето поточно во Панонија. Тука покориле повеќе разнородни племиња меѓу кои имало Словени, Прабугари, Хуни и создале своја држава наречена Аварски каганат.

Тие живееле во родовско уредување. Кај нив владеела воена демократија. Племињата предводени од своите старешини претставувале посебни единици во војската која била поделена на единици од 1000 до 10000 војници. Пленот од воените походи, даноците кон Византија како и даноците од поробените народи создале цврста основа за одделување според имотната состојба на родовските и племенските старешини. Патријархалното ропство добива постојан облик во аварското општество. Тоа ни го покажува и постапувањето со заробениците од војните на Балканскиот Полуостров.

Според легендата на Св. Димитрија: „за неколку десетици години се создало ново племе со нов племенски поглавар според нивниот обичај“. Аварскиот каганат претставувал „држава“ во која Аварите биле доминантни а останатите племиња биле поробени маси. Аварската војска била цврсто обединета под водство на каганот а аварската коњаница била многу посилна од словенската пешадија.

Создавањето на Аварскиот каганат

уреди

Кон средината на 6 век Аварите упаднале во Панонија и формирале своја држава наречена Аварски каганат. Во неа влегле многу разнородни племиња кои Аварите ги потчиниле меѓу кои имало Словени, Хуни и Прабугари. Аварите биле доминантни во каганатот а другите племиња им биле потчинети. На чело на каганатот стоел каган кој раководел со аварската војска а под негова контрола биле и војските на потчините племиња. Аварите имале околу 20000 војници а со приклучување на Хуните, Прабугарите и Словените вкупно броеле 50000 војници. Византија се наоѓала под постојан притисок на Аварите во средното Подунавие. Борбите меѓу Византија и Аварите започнала преку премините на реките Сава и Дунав. По тригодишна опсада аварскиот каган Бајан во 582 година го освоил Сирмиум. Така започнал походот кон Цариград.

 
Европа околу 600 година

Походот кон Цариград

уреди

По падот на Сирмиум и смрта на царот Тибериј во 582 година за време на владеењето на царот Маврикуј продолжиле Византиско-аварските војни, кои завршиле со опсдата на Солун во 586 година. „За тоа како е освоен јасно изложува ценетиот Менадер“ ова го обајаснува Теофилакт Симоката во врска со паѓањето на Сирмиум. Аварите поставувале тешки услови за Византија. Аварскиот каган барал од Цариград слонови кои подоцна ги вратил, а за возврат барал зголемување на данокот од 80000 на 100000 златници. Поради овие барања во 584 година избила нова војна меѓу Византија и Аварите. Со оваа војна може да се поврзе и опсадата на Солун од страна на 5000 Словени која претрпела неуспех.

Прв град кој бил на удар на аварските напади бил Сингидурум. Во оваа аварска офанзива бил заземен градот Августа кој се наоѓал на брегот на реките Огуста и Дунав во денешна Бугарија. Бил заземен Виминациум и бил опседнат Анхијал а нивната околина била опустошена и запалена. Поради ова царот Маврикиј решил да преговара со Аварите. Било испратено пратеништво кое го предводеле сенаторот Елпидиј и старешината на царската гарда Коментиол. Ова пратеништво немало успех. Во 585 година во Цариград пристигнал кагановиот преговарач Таргитиј кој барал данокот да се зголеми на две години за 100,000 златници.

Барањето било прифатено и бил постиганат мир. Во 586 година, Словените од Влашка провалиле во Тракија и ја опустошиле но биле поразени кај реката Ергинија. Овој упад на Словените било причина за нови непрјателства. „Каганот ги викнал кон себе сите неверници од Склавиниите и кон Словените ги придружил варварите од другите племиња“. Така велел писателот на чудата на Св. Димитрија Солунски. Во Солун се наоѓала малку војска која била неискусна. Првиот ден опсадниците вршеле грабежи по околината на Солун но наредниот ден настанал глад. Третиот ден биле донесени воени справи, но настанал судир меѓу самите Авари. Дошла група на бегалци. Не успеал обидот за заземање на Касандриската капија. Седмиот ден настанало затишје. Осмиот ден стигнале нови бегалци кои барале прибежиште во градот за да се заштитат од чумата која започнала да владее меѓу аварските војници. Набрзо започнало повлекување на аварските војници кои оставиле зад себе многу оружје и робови.

Во летото 558 година, аварскиот каган испратил словенски чети да ја пустошат Тракија. Византискиот војсководец Коментиол успеал на Словените да им преземе дел од пленот. Аварската војска ја заземала и разрушила Рацијарија (Арчар на Дунав во Бугарија), Бононија (Видин), Аквис (Видовград кај Неготино), Дуросторум (кај Силстира во Бугарија) и Тропајон (Акадмилиси меѓу Констанца и Силистрија).

Првиот пораз Аварите го доживеале кај градот Томис. византиската војска броела 40,000 регрути кои ја бранеле линијата Чернодава-Констанса. Со одредот раководел хипостратегот Мартин. Тој го спасил градот Томис од разурнување. Војната траела до 587 година а главното жариште била Тракија. Во заробеништво на Аварите паднал градителот на византиските воени справи Буса кој ги поучил да изградат опсадни справи. византиските команданти Каст и Ансимут биле заробени од Аварите и за нив бил нуден откуп од голема количина на злато. На местото на Коментиол за воен стратег бил поставен Јован Мистиг а за хипостатег Лангобард Дроктон.

Одлучната битка се водела кај Адријанопол (Едрене), каде што византиската војска ја извојувала победа над Аварите и тие се повлекувале преку Дунав. Во 558 година биле обновени непријателствата и Аварите ги нападнале Скитија и Мизија а во следниот напад заедно со Словените ја заземале Тесалија, Хелада, Стар Епир, Атика, Евбојаи стигнале на Пелопонез. Кон крајот на 591 и почетокот на 592 година, царот Маврикиј склучил мир со Персијците за да ја префрли војската на Балканот. За да се одржи мирот на Аварите им бил плаќан данок сè до 593 година кога каганот побарал зголемување на данокот кое барање Византијците го одбиле и започнала нова војна.

Новата војна со Византија

уреди
 
Аварите ги ограбуваат балканските земји

Како и во претходната војна борбите започнале околу Сингидунум. Аварската коњаница морала да ги премине Дунав и Сава. Каганот им наредил на Словените да градат чамци кои населението на Сингидунум ги спалувало. Аварите успеале да поминат една од реките и го опколиле градот. Меѓутоа каганот наредил повлекување на војската и таа се повлекла во шаторите. Војската се улогорила во Сирмиум. Војската ја преминала Сава кај Сирмиум и се поделила во два дела. Едниот дел тргнал во грабеж со намера да сее страв и со него раководел аварскиот војсководач Самур. Вториот дел бил под команда на самиот каган и за пет дена стигнал до Бононија. Од Бононија ги продолжил нападите сè до Хераклеја на Мраморното Море. Тука Аварите уништиле еден дел од царската коњаница и ја запалиле црквата посветена на маченицата Гликерија. Со овој напад Аварите за првпат непосредно го загрозуваат Цариград.

Потоа Аварите ја запоседнале тврдината Чорлу кај Хераклеја. Опсадата траела до есен. Еден од византиските офицери намерно дозволил Аварите да го заробат и да му го пронајдат писмото во кое пишувало дека царот Маврикиј планирал изненаден поход против Аварите. Стартегот Приск водел борба со Словените на долен Дунав и тргнал во офанзива на левиот брег. Победите над словенските племенски водачи Ардагаст и Мусокија изразиле недоверба кај аварскиот каган. Царот Маврикиј го сменил стартегот Приск, а за нов заповедник го поставил неговиот брат Петар. Поради бунтот на византиските војници Приск ги пренел војниците на десниот брег на Дунав. Ова било причина за доаѓање на аварско пратеништво во Пирсковиот логор. Меѓу Аварите имало и такви кои не сакале војна. Ова струја ја предводел кагановиот пратеник Таргитиј. Кај каганот како пратеник отишол докторот Теодор кој го одвратил од војната. Пирск им испорачал на Аварите 5,000 заробени Словени, но ова наишло на отпор во цариградскиот двор.

Следната 595 година операциите против Аварите ги предводел братот на царот Петар. Тој водел борби со Словените во долна Мизија, околу Марцианапол и византиската војска избила на Дунав кај градот Асемон на брегот на реката Асма кај Никополис. Тука тие изгубиле една битка со Прабугарите кои биле аварски поданици. Војната со Словените доживеала пораз и довело до нови промени во војниот врв на чие чело повторно застанал стратегот Приск. Во 596 година од Астик Приск избил на Дунав и стигнал во Горна Нова. По неуспешните преговори со Аварите војната продолжила. Повторно прв на удар на Аварите бил Сингидиунум. Аварите го срушиле Сингидунум и извршиле масовно преселување на населението во Сирмиум. Византиската војска се префрлила на ада Синг, а од таму во Цариград каде започнале нови преговори со каганот. Бидејќи каганот се заканувал дека ќе ги уништи Византиските градови Пирск го испратил својот помошник Гудиин во Сингидунум. Аварите поставиле обрач од запрежни коли кој не ги издржал нападите.

Следната 597 година, Аварите тргнале преку Мизија и Тракија кон Црно Море и Цариград. Во овој напад била погодена провинцијата Далмација во која Аварите срушиле 40 тврдини и градот Вонке. Гудуин пратил 2,000 хоплити да ја следат аљварската војска , тие фатиле тројца пијани Авари кои го издале местото каде што го собрале пленот и Гудуин им го собрал пленот и му го испратил на стратегот Приск. „За осумнаесет и повеќе месеци измеѓу Ромеите и варварите на Дунав не се случило ништо што било врено да се спомене.

Во есента 599 година каганот со војска продрел до кастумот Томеа, каде што аварската војска презимила. Царската војска пред Велигден патила од глад а каганот, кога слушнал за тоа чудо побарал од стратегот Приск коли на кои ќе испрати намирници за поклон за да може војската среќно да ги проведе празниците. За возврат Приск му дал на каганот бибер, разни мириси цимет и др. Војсководецот Коментиол бил поставен за командант на војската која тргнала кон Никополеза да се судрат со Аварите. Во Долна Мизија на реката Јантрос, Аварите го поразиле одредот на Коментиол. Потоа паднала тврдината Дризипера. Меѓу Аварите се појавила чума која одземала животи на седум каганови синови. Дошло до преговори во тврдината Дризипера каде што бил сколопен мир. Дунав повторно станал граница меѓу Византиското царство и Каганатот.

Византија добила право да поминува преку Дунав и да се бори против Словените. Византија го зголемила данокот од 100000 на 120000 златници. Но веќе во 600 год. Византија го раскинала договорот. Царот Маврикиј испратил војска на левиот брег на Дунав, стратегот Приск ја преземал врховната команда. Дошло до нова битка во која загинале 300 византиски војници, и 4000 аварски војници. И на крајот борбата завршила со пораз на Аварите. После десет дена дошло до нов судир. Аварите повторно биле поразени и се повлекле на Тиса. На Тиса се одиграле две битки во кои Византијците извојувале победа. После битката Тиса ја преминале 4000 војници кои влегле во три гепидски села каде убиле 30000 луѓе и се вратиле назд со плен. После битката Авариете повторно навалиле на Тиса каде повторно доживеале пораз.

По победата над Аварите византиската војска заробила околу 3000 Авари, 8000 Словени 3200 Гепиди и останати варвари. Приск ги испратил заробениците во Томеа кај Рацијарија поради што било испратено аварско пратеништво во Цариград кое го натерало царот Маврикиј да ги ослободи заробениците и бил постигнат мир. Во 601 год. царевиот брат Петар станал стратег на Европа и со војска избил на Дунав во Паластол, а во есен се префрил во Дарданија бидејќи дознал дека се собрал нов аварски одред под водство на војсководецот Апсих. Дошло до преговори меѓу стратегот Петар и Апсих и се договориле Византијците да се повлечат во Тракија, а Аварите во каструмот Константиол. Во 602 год. Византијците биле известени дека каганот планира нов напад на Цариград. Стратегот Петар се спремил за војна против Словените кои биле под аварска власт. На чело на флотата што што преминувала преку Дунав бил поставен Стрибон Бон, а на чело на војската хипостратегот Гудуин. Гудуин извојувал значајни победи над Словените. Дошло до аварско –византиски сојуз против Словените.

Сојузот на Аварите и Византија против Словените

уреди

Во овој поход Аварите ги уништиле и раселиле Антите чиешто име не се помнува веќе во изворите. Во меѓувреме дошло до одредени судири меѓу аварските кланови и еден дел од нив побегнале на територија на Византија. Во редовите на византиската војска дошло до побуна на која ја предводел центурионот Фока кој станал нов император. За време на царот Фока владеел мир меѓу Византија и Аварите. Тој го зголемил данокот од 120000 златници на 200000 златници. Византиската војска се префрлила кон исток да се бори против Персијците. Аварите заедно со Словените започнале да навлегуваат на Балканот и да пустошат. „На едно место скитските Хариби (Авари), правејќи се мирни, разбојнички ограбувале, а на друго место волците Словени застанувајќи заедно копнената борба ја прошируваат на море.

Словенско-аварски сојуз против Византија

уреди

После поразот кај Солун, словенските племиња побарале помош од Аварите за борба со Византија. Словенските претставници му ветиле на каганот добар дел од пленот ако им помогне да го освојат Солун. Бил постигнат договор меѓу Аварите и Словените и каганот се упатил кон Солун со еден одред коњаница. Аварите убиле и заробиле повеќе земјоделци со добиток и алат. Ова предизвикало паника во Солун. Неколку години подоцна и самиот каган пристигнал кај Солун и го опколил поставувајќи воени справи.

На градот му пристигнала воена помош на чело со префектот Хариј. Кога видел дека не може да го освои градот, каганот почнал да изнудува дарови, но бил одбиен и заради одмазда ги запалил црквите надвор од градот. На крајот граѓаните морале да му удоволат на каганот и тој се повлекол, опсадата траела 33 дена. Истата година бил заземен Драч. Аварите се населиле во Драчката и Атинската област. Пред нив Лакедајмонците побегнале во Сицилија каде се населиле во долината Демен, недалеку од Таормина и оттаму вршиле постојани поморски напади на Аварите кај Драч.

Првиот аварски напад на Цариград се случил во 623 год. Каганот и царот Ираклиј биле во преговори за мир. Аварската војска дошла до Теодосиевиот ѕид и заробиле бројно население и извршиле грабежи. Биле ограбени неколку цркви меѓу кои Св. Кузмaн и Св. Дамјан во Влахерини и Св. Архангел во Промонт. Целиот плен и заробениците биле одведени преку Дунав, а самиот цар Ираклиј едвај се спасил бегајќи во Цариград.

Каганот започнал нов напад на Цариград бидејќи царот Ираклиј заминал во Мала Азија да се бори со Персијците. Аварската војска се наоѓала во Тракија. „Над Цариград се надвил злокобен виор од Тракија. Аварски коњаници избиле кај Дуги. Тие сакале да воспостават врски со Персијците под водство на Шахрабараз, на Халкедон. Магистерот Бон испратил делегација на преговори со Аварите. Меѓутоа обидот за преговори бил без успех. Каганот барал храна за своите војници и граѓаните на Цариград му испратиле. Петтиот ден од опсадата делегација од граѓани водела преговори за примирје, но Аварите поставиле неприфатливи услови, а тоа било сите граѓани да го напуштат Цариград со една кошула. Аварите се договориле со Персијците заедно да го заземат предгадието на Царигради да ги срушат сите цркви и царски приватни куќи. Аварите ја заземале црквата св. Богородица и тука се утврдиле. Магистерот Бон дал предвремен сигнал за напад и Словените тргнале од реката Барбис во напад. Биле запалени со таканаречен течен оган голем број загинале, а преживеаните се правеле мртви или се криеле. Опсадат траела 9 дена од 29 јули 626 год. На крајот Аварите биле поразени. Последиците од поразот биле катастрофални за Аварите. Поразот на Аварите го натерало персискиот војсководец Шахрбараза да се повлече од Халкедон. Дошло до раскол во аварската војска и голем број Авари избегале во Цариград. Каганот наредил да се погубат поглем број Словени што ги сметал за виновни за поразот и тоа довело до судири помеѓу Аварите и Словените. „Партите со оган ги пустошат Персијците и Скитите (Аварите) ги убиваат Словените и потоа стануваат убиени и окрвавени со меѓусебно убивање во многу работи се попречени за водење единствена борба.“

Вториот каганат и Византиското царство

уреди

Контактите меѓу Каганатот и Византија се обновуваат во 678 год. после неуспешната арапска опсада на Цариград. Истата година царот Константин IV извојувал победоносен мир кај западните кралеви кои барале мир и сојуз со Цариград и му праќале поклони и заедно со нив се јавува и аварскиот каган. „А царот попуштил на нивните молби и го одобрил мирот како господар.

Аварите претставувале опасност за новата бугарска држава. Еден дел од прабугарските кланови под водство на Кубратовиот син се населил во каганатот во Панонија признавајќи ја врховната власт на каганот. Во областа околу Сирмиум, Аварите населиле ромејско население кое говорело грчки и се измешало со Аварите и Прабугарите но го задржило христијанството. Аварите ова население го сметале за посебно и каганот за водач им го поставил Кубер кој ја признал врховната власт на каганот.

Ромеите заедно со останатото население се кренало против Аварите. Во разни битки против Аварите од 680 до 685 год. На крајот тие ги победиле Аварите и каганот бил приморан да се повлече на север. Длабоко во внатрешноста на Балканот во Епир се задржал еден помал аварски енклав до крајот на 8 век.

Од крајот на 7 и почетокот на 8 век каганатот не претставувал посебен фактор на Балканот. Од 811 год. византискиот цар Никифор повел офанзива против Бугарите. Бугарите собрале на своја страна аварски наемници заедно со Словени и во една битка му нанеле тежок пораз на Византиското царство. Војската била разбиена а византискиот цар Никифор загинал. Во 814 год. на новиот цар му пристигнала вест за нов напад од страна на Бугарите на чија страна имало и Авари но до тоа не дошло поради смрта на бугарскиот цар Крум.

Наводи

уреди
  1. Carl Waldman & Catherine Mason, 2006, Encyclopedia of European Peoples, Volume 2, New York: Infobase Publishing, p. 769.
  2. Curta, Florin (2004). „The Slavic language franca (Linguistic Notes of an Archeologist Turned Historian)“ (PDF). East Central Europe/L'Europe du Centre-Est. 31 (1): 132.
  3. 3,0 3,1 Curta, Florin (2004). „The Slavic language franca (Linguistic notes of an archaeologist turned historian)“. East Central Europe/L'Europe du Centre-Est. 31: 125–148. doi:10.1163/187633004X00134. Посетено на 29 May 2015. By contrast, there is very little evidence that speakers of Slavic had any significant contact with Turkic. As a consequence, and since the latest stratum of loan words in Common Slavic is Iranian in origin, Johanna Nichols advanced the idea that the Avars spoke an Iranian, not a Turkic language. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Curta“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  4. Helimski, E (2004). „Die Sprache(n) der Awaren: Die mandschu-tungusische Alternative“. Proceedings of the First International Conference on Manchu-Tungus Studies, Vol. II: 59–72.
  5. Fuente, José Andrés Alonso de la. „Tungusic Historical Linguistics and the Buyla (a.k.a. Nagyszentmiklós) Inscription“. academia.edu.
  6. Harmatta, János (1995). „Sogdian Inscriptions on Avar Objects“. Acta Orientalia Academiae Scientarium Hung. XLVIII (1–2): 61–65. JSTOR 43391205.
  7. Some sources claim that Khagan Theodorus and his predecessor Zodan were one and the same; that is, Zodan assumed the name Thedours after converting to Christianity.
  8. The name of Khagan Isaac appears to have been corrupted into Latin as Canizauci princeps Avarum ("Khagan Isaac, Prince of the Avars").
  9. CNG Coins
  10. 10,0 10,1 „Avar“. Encyclopædia Britannica Online. Encyclopædia Britannica. Посетено на May 14, 2015. Avar, one of a people of undetermined origin and language...
  11. Frassetto, Michael (1 January 2003). Encyclopedia of Barbarian Europe: Society in Transformation. ABC-CLIO. стр. 54–55. ISBN 1576072630. Посетено на 28 May 2015. The exact origins of the Avars remain uncertain...
  12. 12,0 12,1 12,2 Waldman, Carl; Mason, Catherine (2006). Encyclopedia of European Peoples. Infobase Publishing. стр. 46–49. ISBN 1-4381-2918-1. Посетено на 5 May 2013.
  13. 13,0 13,1 Beckwith 2009, стр. 390–391: "... the Avars certainly contained peoples belonging to several different ethnolinguistic groups, so that attempts to identify them with one or another specific eastern people are misguided."
  14. 14,0 14,1 Kyzlasov 1996, стр. 322: "The Juan-Juan state was undoubtedly multi-ethnic, but there is no definite evidence as to their language... Some scholars link the Central Asian Juan-Juan with the Avars who came to Europe in the mid-sixth century. According to widespread but unproven and probably unjustified opinion, the Avars spoke a language of the Mongolic group."
  15. Walter Pohl, Die Awaren: ein Steppenvolk im Mitteleuropa, 567–822 n. Chr, C.H.Beck (2002), ISBN 978-3-406-48969-3, p. 26-29.
  16. Historija Naroda Jugoslavije- IZDAVACKO PODUZECE „SKOLSKA KNIGA“ZAGREB
  17. Аварски каганат- Јован Ковачевиќ
  18. Историја на Византија- Георге Острогорски
  19. 19,0 19,1 Szadeczky-Kardoss 1990, стр. 221.
  20. „Helimski: Early European Avars were (in part) Tungusic speakers“. SARKOBOROS (англиски). 2014-09-08. Архивирано од изворникот на 2017-08-05. Посетено на 2017-08-05.
  21. Futaky, I. (2001). Nyelvtörténeti vizsgálatok a Kárpát-medencei avar-magyar kapcsolatok kérdéséhez. Mongol és mandzsu-tunguz elemek nyelvünkben (унгарски). Budapest.
  22. Helimski, Eugene (2000). „Язык(и) аваров: тунгусо-маньчжурский аспект“. Folia Orientalia 36 (Festschrift for St. Stachowski) (руски). стр. 135–148.
  23. Helimski, Eugene (2000). „On probable Tungus-Manchurian origin of the Buyla inscription from Nagy-Szentmiklós (preliminary communication)“. Studia Etymologica Cracoviensia (5): 43–56.
  24. „Kettős honfoglalás“. Wikipédia (унгарски). 2016-11-12.
  25. Avars at the Encyclopedia of Ukraine
  26. Róna-Tas, András (1999-01-01). Hungarians and Europe in the Early Middle Ages: An Introduction to Early Hungarian History (англиски). Central European University Press. стр. 116. ISBN 9789639116481.
  27. Curta, Florin (2004). „The Slavic language franca (Linguistic Notes of an Archeologist Turned Historian)“ (PDF). East Central Europe/L'Europe du Centre-Est. 31 (1): 132–148.
  28. „História 1982-01|Digitális Tankönyvtár“. www.tankonyvtar.hu (унгарски). Посетено на 2016-11-30.

Надворешни врски

уреди