Тервел
Тервел (уште и Тербел) е хан кој управувал со Бугарија од околу 700 до 721 година. Се претпоставува дека бил син на ханот Аспарух.
Тервел | |
---|---|
Хан на Бугарија | |
На престол | 700–721 |
Претходник | Аспарух |
Наследник | Кормесиј |
Роден(а) | 675[се бара извор] Бугарско Царство |
Починал(а) | 721 Бугарско Царство |
Деца | Телериг |
Династија | Дуло |
Татко | Аспарух |
Сојузот со Јустинијан IIУреди
Неговото управување се карактеризира со активна надворешна политика, а поточно со Византија. Во 705 година императорот Јустинијан II Ринотмет, преку Херсон пребегал кај него. Тервел се согласил да му помогне да се врати на престолот и со 15 000 војска дошол пред ѕидовите на Цариград. Јустинијан успеал да си ја врати круната, а на Тервел му ја дал покраината „Загоре“ и многу скапи дарови и титулата „кесар“ (цезар), совладар. Но во 708 Јустинијан решил да си ја врати земјата и се кренал на поход. Двете војски се судриле крај Анхиало, при што Бугарите победиле. Во 716 година склучил нов мировен договор со Византија, според кој таа и го признава правото на Бугарија врз Загоре, се задолжува да и плати скапо црвено крзно, обете земји да си ги враќаат бегалците, а стоки да се увезуваат само ако имаат државен печат. Се смета дека релјефот Мадарски коњаник е исечен по негова наредба.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Претходник Аспарух |
Кан на Бугарија околу 700–721 |
Наследник Кормесиј |