Апулија
Апулија (италијански: Puglia, латински: Apulia) — една од 20-те покраини на Италија. Се наоѓа во источниот дел на земјата. Главен град е Бари, а други познати градови се Таранто, Фоџа, Бриндизи, Лече. Апулија е позната како „пета“ на "италијанската чизма".
Потекло на името
уредиАпулија го добила името по древниот народ Апили кои живееле на ова подрачје во времето пред Стар Рим. Италијанското име за оваа покраина е Пуља.
Положба
уредиАпулија е и источна и јужна покраина на Италија. Морето ја опкружува покраината од три страни - на север Јадранско Море, на исток Отрантски Проток и на југ - Јонско Море. На запад се наоѓаат следниве покраини:
- југозапад - Базиликата
- запад- Кампанија
- северозапад - Молизе
Природни одлики
уредиПовршината на покраината е 19.358 км2 и според тоа Апулија е една од средноголемите италијански покраини. Таа ја сочинува таканаречената пета на италијанската чизма.
Релјеф: Источниот дел (53% од површината) — рамничарско подрачје. Тука се одгледуваат маслинки, агруми, винова лоза). Крајниот западен и северен дел е планински во прегратките на Апенините.
Клима: Климата во поголемиот дел е средоземна со благи зими и долги топли и сушни лета. Бреговата разгранетост е голема. Единствено островските покраини Сицилија и Сардинија имаат подолги брегови. На север излегува на Јадранско Море, а на југ на Јонско Море.
Население
уредиДенес Апулија има преку 4 милиони жители и е една од најнаселените покраини на Италија. Густината на населеност — преку 200 ж./км2, што е многу слично со државниот просек. Рамничарскиот дел на покраината е погусто населен.
Етничка слика Во покраината доминира италијанското население, а постојат и мали заедници на Грци. Во последно време се населуваат и значителен број Албанци.
Јазик Службен јазик е италијанскиот од 1861 година. Меѓутоа, локалните дијалекти прилично се разликуваат од стандардниот јазик. Покрај тоа, мал дел од населението зборува грчки и албански јазик.
Надворешни врски
уреди„Апулија“ на Ризницата ? |
- www.regione.puglia.it Официјална страница на Апулија
- www.nelsalento.com Област Саленто
- Туристички водич низ Апулија Архивирано на 23 февруари 2007 г.
- Карта на Апулија Архивирано на 10 мај 2006 г.