Амијан Марцелин
Амијан Марцелин (Ammianus Marcellinus, роден околу 330-335 во Антиохија – починат околу 395 (и пред 400) веројатно во Рим) бил еден од позначајните историчари на Доцната антика. Иако од грчко потекло, тој пишувал на латински и впрочем е последниот голем историчар кој го користел овој јазик[1].
Амијан е автор на Res Gestæ (Историја) кој покрива период од 96 до 378. Само делот кој зборува за периодот од 353 до 378 бил сочуван, но станува збор за најдетален дел на делото : тоа се 17 од 31 книга колку што имало делото Res Gestae. Овој зачуван дел зборува за периодот кога почнуваат големите инвазии, период кој го знаел Амијан кој бил војник под власта на Констанциј II и на Јулијан Отпадник. Повеќе од другите антички историчари, Амијан се труди да биде објективен, иако некои од неговите ставови јасно се изразени.
Империјата во времето на Амијан Марцелин
уредиКога се родил Амијан со обединетата империја владеел Константин. Глобално, контролата на границите била обезбедена. Во текот на последните месеци од неговиот живот, Константин подготвувал воен поход против Сасанидското Царство, но смртта го спречила да го оствари тоа.
Сепак, во тек на 4 век, империјата била соочена со многу тешкотии како на внатрешен така и на надворешен план. Од 337/338, речиси постојано била во војна со Истокот. Персијците одново ги напаѓале источните провинции. На Запад, во Галија биле зачестени нападите на германските племиња. Узурпатори како Магненциј, ја презеле власта. Империјата опстојувала но со потешкотии.
Се појавиле длабоки верски промени. Дотогаш потиснуваното христијанство, земало сила во времето на Константин. Во тек на векот, тоа последователно било потиснувано или фаворизирано, зависно од тоа кој ќе дошол на власт. Односот на политиката и религијата добил ново значење. Амијан не бил многу наклонет кон христијанството, но сепак покажувал поголема толеранција кон него за разлика од многу други автори од неговото време.
Животопис
уредиЗа Амијан не се знае многу иако одреден број информации може да се извлечат од неговото дело. Тој е роден околу 330 во Антиохија во Сирија[2], еден од најзначајните градови на Империјата. Веројатно потекнува од богато грчко семејство и се чини дека имал добри познавања на грчката и латинската книжевност. На околу дваесет години, служел во римската армија како протектор доместикус : требал да го придружува и лично да го штити неговиот претпоставен магистер милитум Урсицин.
Амијан учествувал во деликатни мисии во Галија (356-357) и на персиската граница. После поразот на Амида, Урсицин бил разрешен и воената кариера на Амијан привремено била прекината. Тој дефинитивно ја напуштил војската по смртта на царот Јулијан на 26 јуни 363, во тек на некоја битка против Персијците.
Токму топгаш ја започнал својата книжевна кариера. Откако поминал низ Антиохија или низ Тракија, се доселил во Рим после 375. Делото Res gestæ го пишувал дваесет години, од 375 до 395.
Дело
уредиАмијан го напишал делото Res Gestae во периодот меѓу 380 и 395.
Според самиот автор Res Gestae , составено од 31 книга започнувало во 96 година, кога на власт дошол Нерва (и годината кога завршува делото Истории од Такит). Делото завршува со Битката кај Адријанопол во 378.
Од 31 книга колку што бил обемот на делото, првите 13 не се зачувани. За нив се знае само дека сочинувале кратко резиме на периодот од 96-353, во кој период историчарот не бил директен сведок. Последните 18 кои се зачувани се детален преглед на историјата на Империјата во периодот од 353-378.
Приближна содржина на зачуваните 18 книги:
- 14-16 : падот на Констанциј Гал. Јулијан е прогласен за цезар на Галија.
- 17-19 : Јулијан ја обезбедува границата на Рајна. Походот на Констанциј II против Персијците.
- 20-22 : Јулијан е прогласен за Август. Настаните до смртта на Констанциј II потоа владеењето на Јулијан како единствен император сè до 362.
- 23-25 : походот против Персија и смртта на Јулијан. Кусото владеење и смртта на Јовијан.
- 26 : Валентинијан I и Валенс ја делат власта.
- 27-30 : на Запад, походите и смртта на Валентинијан I. На Исток, власта на Валенс.
- 31 : Готите кои бегаат пред Хуните се населуваат во Империјата. Битката кај Адријанопол.
Интересот на Амијан најмногу се задржува на борбата на Римјаните со варварите, внатрешната политика и однесувањето на императорите. Низ неговите раскажувања се стекнува една општа слика за Рим и за Истокот.
Фактите се претставени на јасен начин ; Амијан голем дел од нив ги преживеал и бил нивен сведок. Тој се обидува да зачува одредена политичка објективност и останал речиси неутрален во однос на прашањето на христијанството.
Понекогаш се чувствува дека латинскиот не му бил мајчин јазик. Дискурсот честопати зема трагични, епски, односно романтични тонови. Негов јунак бил паганскиот император Јулијан.
Библиографија
уредиПреводите на Res Gestae
уреди- Histoires (Res Gestae, 395), sous la dir. de Jacques Fontaine, Les Belles Lettres, 1968 ss. T. I : livres XIV-XVI, 1968 ; t. II : livres XVII-XIX ; t. III : livres XX-XXII ; t. IV : livres XXIII-XXV, 1977 ; t. V : livres XXVI-XXVIII ; t. VI : livres XXIX-XXXI (index général).
- Histoire de Rome, trad. M. Nisard, 1869. Trad. fr..
- Texte latin Архивирано на 27 ноември 2012 г..
Студии за Амијан Марцелин
уреди- Jacques Fontaine, Ammien Marcellin, historien romantique, Association Guillaume Budé, 1969
- Pierre-Marie Camus, Ammien Marcellin, témoin des courants culturels et religieux à la fin du IVe siècle, Paris, 1975.
- Guy Sabbah, La méthode d'Ammien Marcellin: recherches sur la construction du discours historique dans les Res Gestae, Paris, CUF, 1978.
- Hubert Zehnacker et Jean-Claude Fredouille, Littérature latine, PUF, coll. « Quadrige Manuels », pp. 426–8, 1993.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ Другиот голем историчар на Доцната антика е Цезариски, кој живеел во 6 век и пишувал на грчки.
- ↑ Барем така велат класичарите. Тимоти Д. Барнс (Timothy D. Barnes, Ammianus Marcellinus and the Representation of Historical Reality, Ithaca, 1998), вели дека Амијан долго време живеел во Антиохија но дека не е роден таму.