Санстефанска Бугарија
Санстефанска Бугариjа — иредентистички поим со кој се опфаќа предложената територија на Бугарија (автономно, вазално кнежевство на Отоманското Царство со христијанска влада и народна милиција) во периодот (3 март - 13 јули 1878) дефинирана по склучувањето на Санстефанскиот договор помеѓу Руската Империја и Отоманското Царство во 1878.[1] Тој проект никогаш не се остварил, но одиграл огромна улога во формирањето на бугарскиот национализам.
Санстефанска Бугарија е држава која би се создала по Санстефанскиот мировен договор од 1878 година со кој Бугарија добивала автономија, и како таква таа би била најголема држава на Балканот во тоа време.
Таа требало да ги опфаќа териториите од Дунав долж новосоздадената српска граница и по западната граница преку Врање до Скопска Црна Гора. Оттаму границата преминувала по западните граници на Куманово, Кочани, до Кораб планина.
Потоа, границата се спушта на југ по Црн Дрим и потоа по западната граница на Охрид, Старово и Корча до планината Грамошта. Понатаму, границата тргнува на исток преку Костурското Езеро, стигнувала до река Магленица и се спушта до Солунскиот Залив.
Границата го заобиколува Солун и преку езерото Бешик Ѓол излегува на Струмскиот Залив. Од Бурувиот Ѓол границата се извиткува на север кон Родопите до Чепеларе, каде завива на исток и се спушта по Арда, па минува преку Источна Тракија до Црно Море, оставајќи го Едрене во Османлиското Царство, а Лозенград, Лилебургас и Мало Трново во Бугарија. Границата го напушта морскиот брег при Мангалија и преку Добруџа излегува на Дунав при Расово.
Поврзано
уредиИзвори
уреди- ↑ Inari Karsh - „Empires of the Sand: The Struggle for Mastery in the Middle East, 1789-1923“, Harvard University Press, 2001, с. 90