Константин Порфирогенит

Константин VII, наречен уште Порфирогенит, Пурпурно-роден (роден во виолетово во царските одаи, грчки: Κωνσταντῖνος Ζ΄ Πορφυρογέννητος; 905 — 959) — византиски цар од 913 до 959 година. Тој бил четвртиот владетел од Македонската династија. Него повеќе го интересирале научните води, од што државните работи. Од тука, во науката Константин VII Портфирогенит е познат и како "Царот научник". Роден бил во Цариград, каде што и го завршил својот живот. Негов татко бил византискиот цар Лав VI, а мајка му се викала Зоја. На својата шестгодишна возраст, Константин бил назначен за совладетел на татка си. Меѓутоа, за релативно краток период откако се стекнал со совладателската титула, неговиот татко починал. Па така, малолетниот Константин станал жртва на големите дворски сплетки околу престолот.

Константин VII Порфирогенит
Κωνσταντῖνος Ζ΄ Πορφυρογέννητος
Цар на Источното Римско Царство
Константин VII Порфирогенит
Византиски цар
На престол911 — 913 (помлад совладетел со татко му и стрико му)
913 — 920 (под регентство)
920 — 945 (помлад совладетел со Роман I Лакапин)
945 — 959 (самостоен владетел)
Крунисување9 јуни 911
ПретходникАлександар III
НаследникРоман I Лакапин
Роман II
Роден(а)17 или 18 мај 905
Цариград
Починал(а)9 ноември 959
Цариград
СопружникЕлена Лакапина
ДецаРоман II
Теодора
ДинастијаМакедонска династија
ТаткоЛав VI
МајкаЗоја Карбонопсина

Позадина и ран живот

уреди
 
Златен солид на Лав VI и Константин VII

Спорот на Лав VI со црквата околу браковите

уреди

Константин VII потекнувал од четвртиот брак на Лав VI со Зоја Карбоноппсина. Претходно царот Лав со посебен закон ја обновил забраната на трет брак, па дури и го осудил склучувањето втор. Меѓутоа, несреќата го бркала царот: третата сопруга Евдокија умрела веќе на 12 април 901. Лав повторно останал вдовец и наскоро почнал да размислува за нов, четвртти брак, со убавата Зоја Карбонопсина. Бидејќи неговиот трет брак предизвикал судир со црквата и бидејќи неговите нови брачни планови наидувале на општо неодобрување, царот можеби не би се решил за повторна можеби и уште потешка повреда на црковните какони и држави закони, ако во 905 Зоја не родела син. Сега на царот му било важно да го легализира раѓањето на својот престолонаследник. На 6 јануари 906 патријархот Никола Мистик во Света Софија го крстил царевиот син, подоцнежниот цар Константин Порфирогенит, добивајќи претходно ветување од царот дека ќе ги прекине односите со Зоја. Меѓутоа, три дена подоцна, Лав се оженил со жената која му подарила син и ја крунисал за августа. Тоа предизвикало големо огорчување во црковните кругови.[1]

Крунисување за совладетел и регентство

уреди

Константин Порфирогенит на 9 јуни 911 ја добил царската круна како совладател на Лав VI и со тоа, по толку маки, го обезбедил натамошниот опстанок на Македонската династија.[2]

По смртта на Лав VI, високо се истакнувала личноста на Алексадар кој бил стрико на шестгодишниот Константин. Тој имал за цел што поскоро да се ослободи од највлијателните луѓе околу малиот цар, што и му успеало. Меѓутоа неговата лоша надворешна политика го турнала од престолот по само една година владеење. На тој начин, веќе седумгодишниот Костантин бил под закрила на седумчленото регенство, кое управувало во негово име на чело со партијархот Никола Мистик.[3]

Ситуацијата била сложена и несигурна. Никола Мистик управувал во име на детето чие раѓање тој не можел да го смета за законито и чие крунисување не го признавал. Против него опозицијата била водена од најверните елементи на династијата, собрани околу царицата-вдовица, и еден дел од свештенството кој му останал верен на отфрлениот патријарх Евтимиј. Несигурната ситуација ја искористил врховниот заповедник на војската, доместикот на Схола, Константин Дука, и поттикнат од самиот патријарх, се обидел да се домогне од престолот. Овој обид бил спречен дури по уличните борби во престолнината. Во таква ситуација започнала несреќната војна со моќниот бугарски владетел.[4]

Планот на Симеон за узурпирање на византискиот престол

уреди

Симеон без отпор се пробил во византиските земји и веќе во август 913 стоел пред ѕидините на престрашената престолнина. Тој не дошол во Византија само заради грабежи и освојувања. Негова цел била царска круна. Како византиски воспитаник, Симеон кого самите Византијци го нарекувале "полугрк", бил обземен од идејата за возвишеноста на царското достоинство и, слично на Византијците, убеден дека во целиот свет може да постои само едно единствено царство. Тој не сакал да создаде посебно Бугарско Царство, туку да основа ново универзално царство, наместо старата Византија. Поради тоа неговата борба против Византија имала исклучително значење, поради тоа таа се издвојува од сите оние вообичаени војни што Византија ги водела со своите немирни соседи и претставува едно од најтешките искушенија во нејзината историја. Во борбите за Царството во средниот век се огладала борбата за хегемонија. Византија го бранела од Симеон своето предимство во хиерархијата на христијанските држави.[5]

Доаѓајќи пред цариградските ѕидини, Симеон морал да увиди дека ни тој не е во ситуација да ја освои оваа најсилна тврдина на тогашниот свет, па стапил во преговори со византиската влада. Патријархот Никола Мистик го пречекал на царскиот двор, во присутство на младиот цар Константин VII, со големи почести. Вонредните концесии биле последица на нивните преговори. Всушност, византиската влада капитулирала пред притисокот на моќниот бугарски владетел. Симеон ја добил од патријархот царската круна и ветувањето дека младиот цар Константин VII ќе се ожени со неговата ќерка. Секако, Симеон со тоа не бил прогласен за совладетел на Константин VII, туку бил само признат за цар на Бугарија, но и без тоа неговата цел била речиси постигната: добивајќи царска титула, тој како дедо на малолетниот василевс сигурно би станал вистински господар на Византиското царство. Оттаму сега можел да се врати во својата земја, ветувајќи и на Византија траен мир.[6]

Борбите против Симеон

уреди

Меѓутоа, наскоро по Симеоновото заминување, во Византија дошло до пресврт кој ги спречил сите негови горди надежи. Регентсвото на патријархот Никола Мистик, судејќи по се поради тоа што концесиите, што му ги направил на Симеон биле премногу далекусежни. Царицата-мајка Зоја се вратила во дворот и ја презела власта во свои раце. Нејзината влада го отфрлила планот за бугарско-византискиот брак и ја оповргнала правната важност на Симеоновото крунисување. Оттаму меѓу Бугарија и Византија повторно избувнала војна. Бугаритте навлегле во Тракија и Симеон барал од византискиот народ да го признае за свој цар. Во септември 914 му се предало Едрене, идните години тој ги пустошел областите на Солун и Драч. Владата на Зоја морала да ја прими борбата. Врховната команда како доместик на Схола ја имал Лав Фока, син на славниот Никифор, кој меѓутоа не го наследил татковиот стратешки талент. Покрај него бил и неговиот брат Варда, татко на подоцнежниот цар Никифор II Фока. На чело на морнарицата стоел како друнгарија на царската флота, Роман Лакапин, син на обичен стратиот, кој и сам ја започнал кариерата како војник на темата Арменијака.[7]

По опсежните подготовки, византиските оружени сили се пробиле во непријателската земја долж брегот на Црното Море. Симеон ги нападнал Византијците на реката Ахелоја, блиску до Анхијал, и на 20 август 917 ја разбил и сосема уништил нивната војска. По оваа катастрофа, Византијците наскоро претрпеле и нов пораз кај Катасирт, во близина на самата престолнина. Симеон бил господар на Балканскиот Полуостров. Во 918 година упаднал во Грција и се пробил сè до Коринтскиот Залив.[8]

Роман Лакапин како нов регент

уреди

Ако регентството на патријархот Никола Мистик паднало поради тоа што било премногу попустливо спрема Симеоновите барања, истовремено владата на царицата Зоја морала да падне затоа што нејзиниот непопустлив став бил во очигледна несогласност со нејзините сили и способности. Тешката положба во која западнало Царството барала јака и енергична влада. Единствен човек кој и бил дораснат на ситуацијата бил друнгаријата Роман Лакапин. Тој успеал да ги надитри сите свои аристократски соперници и да ја земе власта во свои раце. Со голема вештина Роман постепено ја отстранил царицата Зоја и нејзините помагачи и се зацврстил на власта. Младиот цар Константин VII се оженил во мај 919, со Елена, ќерка на новиот регент. Како царев дедо, Роман Лакапин ја добил титулата василеопатор. Но наскоро тој се искачил уште повисоко: на 24 септември 920 неговиот зет го крунисал за цезар, а на 17 декември истата година за цар-совладетел. Така Роман го постигнал тоа што на Симеон не му пошло од рака: му станал дедо и совладетел на младиот легитимен цар, па според тоа и господар на Византиското царство.[9]

Владеење како трет цар

уреди

Во сенка на Роман Лакапин и неговите синови

уреди

Роман Лакапин ја зацврстил и ја обезбедил својата власт над Византиското царство. Тој долго не се задоволил со позицијата на совладетел на својот млад зет. Наскоро односот меѓу нив и официјално се променил: Роман I станал врховен господар, а Константин VII ја зазел положбата на совладетел на својот дедо. За цареви совладетели биле крунисани и синовите на Роман Лакапин: Христофор на 20 мај 921, а Стефан и Константин на 25 декември 924 Притоа и Христофор добил повисок ранг од Константин Порфирогенит, заземајќи ја положбата на втор цар и престолонаследник на својот татко, додека претставникот на легитимната Македонска династија морал да се задоволи со декоративната улога на трет цар. Така Роман Лакапин покрај Македонската династија создал своја споствена династија и и обезбедил предимство. Тројца негови синови носеле царска титула, а на четвртиот, Теофилакт, му била преодредена духовна кариера: уште како дете тој му бил синкел на патријархот Никола Мистик, а наскоро и самиот станал патријарх.[10]

Отстранување на Роман и враќање на престолот

уреди

Стариот цар Роман, чија позиција изгледала толку безбедна, станал жртва на властољубието на своите синови. Неговиот првенец Христофор, кого тој го определил за престолонаследник, умрел во 931 година. Точно оценувајќи ги своите помлади синови, Роман не ги ставил пред легитимниот цар Константин Порфирогенит, па Стефан и Константин, плашејќи се дека по татковата смрт царската власт ќе му припадне на Константин Порфирогенит, решиле да изведат државен удар. На 16 декември 944 стариот цар по нивни налог бил фатен и протеран во прогонство, каде што и го завршил животот како калуѓер на 15 јуни 948.[11]

Меѓутоа, ако било кој имал корист од паѓањето на Роман, тоа секако бил Константин Порфирогенит. Како претставник на Македонската династија, тој можел да се потпре на силните династички чувства на цариградското население, додека младите Лакапини немале никаква потпара. Токму со тоа што го отстраниле својот татко тие се "ослободиле" себеси од единствената сигурна потпора. До изведувањето на вториот чин на нивниот заговор, отстранувањето на легитимниот цар, воопшто не дошло. На 27 јануари 945 тие биле уапсени по налог на Константин VII и биле испратени во прогонство, каде што подоцна двајцата умреле од насилна смрт. Така Константин VII Порфирогенит, најпосле ја презел царската власт во својата четириесетта година, откако од најраното детство, цели триесет и три години, носел царска круна. На Велигден, на 6 април 945, ја добил царската титула и неговиот син Роман.[12]

Внатрешна политика

уреди

Влијание

уреди

По скршнувањето на Лакапиното владеење на византискиот двор дошло до значајни промени. Константин VII се фрлил во прегратката на моќното семејство Фока. Варда Фока, брат на некогашниот соперник на Роман, Лав Фока, како доместик на Схола ја презел врховната команда. Покрај него, најважна улога во војската играле неговите три сина. Меѓутоа, иако биле променети личностите, иако Константин VII го задржал во тежок спомен во дедо засекогаш, во сите основни прашања била продолжена Романовата политика. Дури и во аграрното прашање владата на Константин VII цврсто се држела до правецот што го посочил Роман I.[13]

Донесени закони

уреди

Со Закон од март 947 безусловно било наредено враќање на сите селски имоти што ги присвоиле велесопствениците по почнувањето на Константиновото самовладеење, а исто така и оние што би биле приграбени во иднина. Дури и во случај на продажба на властелински имоти, право на предимство им давало на купувачите од селанскиот сталеж. За постарите купувачи, пак важела одредбата на Роман I од 934 година, кој предвидувала враќање на куповната цена, така што сега биле опфатени со таа одредба и купувањата меѓу 934 и 945 година, што несомнено претставувало голема концесија за големосопствениците. Навистина, Константиновиот закон ги ослободувал од таа обврска најсиромашните продавачи, чиј имот не надминувал 50 златници. Но од новелата на неговиот син се гледа, дека, попуштајќи пред притисокот на властелата, Константин VII во една подоцнежна, незачувана нареддба ја отповикал оваа привилегија и само го продолжил рокот за враќање на куповната цена од три на пет години.[14]

Вториот Константинов закон се однесувал на војничките имоти. Со тој закон се забранувало продавање на поседите што им служел на војниците за нивно издржување и за воена служба. Притоа се определувало дека имотите на војниците, како и имотите на морнарите од поморските теми (Кивиреота, Архипелаг и Самоса), морале да имаат вредност од најмалку четири фунти злато, а имотите на морнарите од царската флота, кои примале платам од најмалку две фунти злато. Делбата на војничките имоти преку наследување се дозволувала под услов еден од наследниците да вржи воена служба, а другите да учествуваат во неговото вооружување. Ако војничкиот имот ја надминувал со закон утврдената минимална вредност, вишокот можел да се продаде, доколку веќе не бил внесен во војничките списоци. Правото на застареност кај војничките имоти настапувало дури по четириесет години. Со законот натаму се пропишувало дека постојните одредби за враќање на незаконито присвоените војнички имоти, морале да се спроведуваат со поголема строгост отколку дотогаш, при што правото на барање за враќање на тие имоти им се признавало не само на бившиот сопственик, туку и на неговите роднини до шести степен, па дури и на оние војници и селани кои заедно со поранешниот сопственик вршеле воена должност или со него заеднички плаќале даноци, припаѓајќи на иста селска општина.[15]

Надворешна политика

уреди

Борбите со Арабјаните

уреди

Основен надворешно-политички проблем и натаму била војната со Арабјаните на Исток. Монотоните борби во јужна Италија не влијаеле многу врз општиот развој на ситуацијата. На бугарската граница владеел назаматен мир, навлегувањето на Угрите во Тракија успешно биле одбиени (958 година). Според тоа, главните сили на Византијците биле усредоточени на борбата во Азија и во источниот дел на Средоземното Море. Против гусарското легло на Крит, владата на Константин VII презела во 949 година голем поход, сличен на оној од периодот на Лав VI. Но и овој пат резултатот бил негативен и сите напори и финансиски жртви останале напразни Со поголеми, иако променливи успеси биле борбите во северна Сирија, против стариот непријател Саиф-ад-Даулах. Во 949 година, Византијците ја зазеле Германикеја, на непријателската војска и нанеле повеќе порази и во 952 година го преминале Еуфрат. Но потоа среќата се свртела на другата страна. Саиф-ад-Даулах повторно ја запоседнал Германикеја, се пробил во византиските области и го заробил Константин Фока, син на доместикот Варда Фока (953 г.). И идните години Саиф-ад-Даулах се покажал како понадмоќен. Дури во 957 г., откако кон крајот на 954 г. Варда Фока му ја предал врховната команда на својот син Никифор Фока, Византија повторно презела иницијатива. Заземен бил градот Хадад во северна Сирија, а во 958 г. Јован Цимискиј, по жестока борба, ја освоил Самосата во северна Месопотамија.[16]

Дипломатски средби

уреди

Периодот на Константин VII го карактеризираат многу живи дипломатски врски со странските дворови. Покрај бројните пратеништва кои воделе преговори со арабјанските држави на Исток, разменети биле богато опремени пратеништва со омајадскиот калиф Абдурахман III од Кордоба и со германскиот цар Отон I. Посебно значење имал пречекот на руската кнегина Олга, која во есента 957 г., подолго време престојувала на цариградскиот двор. Личната посета на владетелката на младата киевска држава, која се покрстила и притоа го добила името на византиската царица Елена, отворила нова ера во византиско-руските односи и дала нов поттик за мисионерската работа на византиската црква во Русија.[17]

Интересот кон книгата и науката и негови дела

уреди

Тоа што Константин VII толку долго бил лишен од секаков дел во власта и толку долго трпел запоставување, иако тоа доста го болело, не зависело толку од надворешните околности колку од неговите сопствени одлики. Константин VII повеќе бил книжевник и научник отколку државник. Љубител на книгите, внимателен истражувач со изразено интересирање за историјата, тој вистински ги сакал само научните студии и повеќе живеел во минатото отколку во сегашноста. Навистина, се интересирал и за секоја друга област на човековото знаење. Оттаму тој и по преземањето на власта како државник секогаш и се потчинувал на туѓата волја. Историско значење има не неговата слаба и пасивна државничка дејност, туку необично обемната и плодна активност на полето на науката и книжевноста.

„De administrando imperio“ е неговото најзначајно дело кое што дава детални описи за сите краишта на Царството, кое настанало околу 949–955 година. Тој ја составил обемната енциклопедија, полна со разноразни податоци од најголема историска вредност, позната под насловот „Книга за церемониите“ („De caeremoniis“). Напишал историско-географско дело за темите на Византиското царство и мошне важниот надворешно-политички трактат, во кого собрал извештаи за странските земји и народи, меѓу другите и драгоцени извештаи за Србите и Хрватите. И на крајот, напишал опширна биографија на својот дедо Василиј I. Покрај тоа, на негова иницијатива настанале радица значајни историски дела, различни научни списи како и доста важни изводи од делата на старите писатели. Царот-научник им дал силен поттик на духовните сили на Царството и предизвикал голема научна и литературна дејност. Навистина, оваа научна дејност имала главно компилативен карактер и била раководена првенствено од практично-дидактички цели. Во неа немало вистинско и оригинално творештво. На Константин VII му било важно да се собере и да се зачува сè што било вредно од знаењето. Делата што тој ги напишал или ги инспирирал служеле како упатства за неговите соработници, во прв ред на неговиот син и наследник Роман. Енциклопедијата, трактатот, фактографскиот историски извештај — тоа биле формите на литературна активност што се негувале во времето на Константин Порфирогенит.[18]

Наводи

уреди
  1. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 315.
  2. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 316.
  3. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 316-317.
  4. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 317.
  5. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 317-318.
  6. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 318.
  7. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 318-319.
  8. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 319.
  9. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 320-321.
  10. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 327-328.
  11. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 336.
  12. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 336-337.
  13. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 338.
  14. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 338-339.
  15. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 339-340.
  16. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 340.
  17. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 340-341.
  18. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 337-338.
Византиско Царство
Ромејска култура Историја на Римското Царство во средниот век Уредување на Римското Царство во средниот век

Архитектура
Музика
Уметност
Наука
Календар

Градови:
Цариград
Никеја
Мистра

Градби:
Света Софија

Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I
Распад на Персија (628)
Ираклиј I
Иконоборство (726)
Лав III Сириец | Константин Порфирогенит | Василиј II
Големиот раскол (1054)
Битка кај Манцикерт (Кобна 1071)
Алексиј I Комнин | Мануил I Комнин
Падот на Цариград (1204)
Теодор I Ласкарис
Обнова на Римското Царство (1261)
Михаил VIII Палеолог | Константин Драгаш
Падот на Цариград (1453)
Средновековни римски цареви
Средновековна римска дипломатија