Поединечен хронометар
Поединечен хронометар (ITT) — друмска велосипедска трка во која велосипедистите возат сами против часовникот на рамен или променлив терен или планинска трка, како што е Алп д’Ез (на француски: contre la montre – буквално „спроти часовникот“, на италијански: tappa a cronometro „етапа на штоперица“). Исто така постои и велодромски хронометар, каде возачите се натпреваруваат на велодроми и екипни хронометри (ТТТ). Поединечните хронометар исто така се сметаат како „трка на вистината“, бидејќи победувањето зависи само од силата и издржливоста на возачот и без помошта обезбедена од совозачите и другите возејќи напред и создавајќи заветрина.
Времињата на почетокот се во еднакви растојанија, обично една или две минути разлика. Почетниот поредок е обично заснован на завршните времиња на претходните трки (или претходните етапи во случај на повеќеетапна трка), каде највисоко пласираниот велосипедист започнува последен. Почнувајќи подоцна му дава на возачот предност во знаењето на времето кое е потребно да се победи (и исто така го прави настанот поинтересен за гледачите). На натпреварувачите не им дозволено возење еден зад друг и создавање заветрина. Секоја помош помеѓу возачите е забранета. Возачот со најбрзо време се прогласува за победник.
Професионално ниво
уредиГрадбата на велосипедот е ограничена преку одредби кои ги покриваат димензиите и другите делови, како и самата тежина на велосипедот. На професионално ниво, хронометрите често се придружени со мотори, некои носат видео-опрема или организаторите на трката и возачите може да бидат следени од автомобилот на екипата, кој ги носи тренерите и додатни делови, но на велосипедистите не им е дозволено да возат зад возилата. Одредбите на трката обично одредуваат минимално растојание зад велосипедистот, кое автомобилот мора да го одржува и минимално растојание помеѓу двајца велосипедисти пред автомобилот да може да влезе во тоа растојание.
Поединечните хронометри често се користат како етапи на етапните трки како што се Гранд Тур; тие се разликуваат од кратки пролози со не повеќе од осум километри,[1] до настани со подолги растојанија на рамни или променливи терени, до одредени искачувања на планински патишта (планински хронометар). Во 1989 на Тур де Франс, крајниот победник Грег Лемонд направил 50 секунди разлика од второпласираниот Лорен Фињон на растојание од 24,5 километри во текот на поединечниот хронометар на последната етапа и победил на трката со осум секунди, најмалата разлика некогаш. На Вуелта а Еспања често завршува со последен поединечен хронометар во Мадрид, каде често се одлучува за победникот, обезбедувајќи повеќе драма и возбуда на крајот на етапната трка.
Grand Prix des Nations бил полукласик; професионалците можат исто така да настапуваат на годишното Светско хронометарско првенство. Поединечниот хронометар е исто така олимписка дисциплина, каде на професионалците им е дозволено да настапат.
Многу од врвните возачи се исто така добри специјалисти за хронометар, како што се Еди Меркс, Алфредо Бинда, Жак Анкетил, Бернар Хино, Фаусто Копи, Лорен Фињон, Грег Лемонд, Мигел Индураин, Јан Улрих, Ленс Армстронг, Иван Басо, Алберто Контадор, Кедел Еванс, Фабијан Канчелара и Бредли Вигинс. Скоро сите неодамнешни победници на Тур де Франс биле добри специјалисти за хронометар, со познатиот исклучок на Марко Пантани, победник на Тур де Франс 1998, како и Карлос Састре, победник на Тур де Франс 2008, кој е специјализиран само во искачување и исто така Енди Шлек.
Резултат и тактики
уредиЗа добар настап на поединечниот хронометар, велосипедистот мора:
- да одржува рамномерно темпо долги периоди
- да одржува контролирано чукање на срцето долги периоди
- да има воедначена техника за педалирање
- неговата положба да биде целосно аеродинамична
- да се контролира да се движи до анаеробниот праг до крајот на патеката
Почетниците често се критикувани за ставање во положба на латиничната буква J, означувајќи дека тие често одат пресилно во почетокот, надоместувајќи со намалување на нивните напори во средината и потоа сфаќајќи кон крајот дека тие не вложиле доволно напори во текот на трката. Како последица на ова, хронометарот често е сметан за најтешкиот дел од секоја поголема трка за младите велосипедисти.
Најбрзи хронометри во историјата
уредиОткако Крис Бордман го соборил часовниот рекорд по првпат, Лук Лебланк забележал дека ако Бордман можел да го собори, половина од професионалците можат да го направат тоа. На неговиот прв Тур де Франс, Бордман го достигнал неговиот претходник, Лебланк, на патека од 7,1 километар и поставил најбрзо време на една етапа на Тур некогаш.
Рик Вербруге го држел рекордот за најбрза некогаш возена етапа на Гранд Тур. 58,874 км/на час на прологот од 7,6 километри на Џиро д’Италија 2001. Марио Чиполини го држел рекордот за најбрза друмска етапа (48,521 км/на час) од изданието во 1997, а Алекс Циле за најбрза хронометарска етапа (53,771 км/на час) на изданието во 1998.
Најбрзата етапа на Вуелта а Еспања била возена од Рубен Плаза. Плаза победил на етапата 20, хронометар од 39 километри во 2005 со брзина од 56,22 км/на час. Ова ја направило најбрза некогаш возена етапа (не пролог) на Гранд Тур. Игор Гонсалес де Галдеано го држи рекордот за најбрза друмска етапа, на етапата 9 во 2001, 55,176 км/на час.
- Најбрза етапа
Марио Чиполини 50,355 км/на час Лавал-Блоас 1999
Пабло Ластрас 49,938 км/на час Бордо-Сен Мексен л’Екол 2003
Јохан Брујнел 49,417 км/на час Евро-Амјен 1993
- Најбрз хронометар подолг од 20 км
Грег Лемонд 54,545 км/на час Версај-Париз 1989
Дејвид Милар 54,361 км/ на час Порник-Нант 2003
- Најбрз пролог
Крис Бордман 55,152 км/на час Лил-Оралил 1994
Крис Бордман 54,193 км/на час Даблин 1998
Фабијан Канчелара 53,660 км/на час Лондон 2007
- Најбрз екипен хронометар
Дискавери Ченл Тим 57,320 км/на час Тур-Блоас 2005
Гевис-Балан 54,930 км/на час Мајен-Аленкон 1995
Карера 54,610 км/на час Берлин 1987
Наводи
уреди- ↑ UCI Cycling Regulations, Part II: Road Races, UCI, 1 февруари 2012, стр. 40