Тур де Романди 2012 било 66. издание на велосипедската етапна трка Тур де Романди. Започнала на 24 април во Лозана и завршила на 29 април во Кран-Монтана и се состоела од шест етапи, вклучувајќи го и прологот и поединечниот хронометар. Таа била 14. трка од оваа сезона на Светската турнеја.
Трката била освоена од Британецот Бредли Вигинс од Тим Скај,[2] откако победил на две етапи, вклучувајќи го и последниот хронометар, со што го преземал генералниот пласман последниот ден. Вигинс го освоил генералниот пласман со 12 секунди пред Ендру Талански од Гармин-Баракуда,[3] кој завршил веднаш зад Вигинс на последната етапа; Талански исто така го освоил и пласманот за млад возач. Третото место му припаднало на возачот на Мовистар ТимРуј Кошта откако и тој покажал добри резултати на хронометарот,[4] и остварил значајно време зада се помести од деветтата позиција.
Во другите пласмани на трката, Петр Игнатенко од Катјуша ја освоил зелената маичка за најмногу освоени бодови на спринтовите во трката и розовата маичка за планинскиот пласман,[5] додека Тим Скај завршил на чело на екипниот пласман,[6] со трите возачи од екипата – Вигинс, Ричи Порт и Мајкл Роџерс – кои завршиле во првите пет.[7]
Бидејќи Тур де Романди е дел од Светската турнеја, сите 18 UCI ProTeam екипи биле повикани автоматски и се обврзани да испратат свој состав. Две други екипи биле дополнително повикани во трката,[8][9] и така се создала главната група од 20 екипи.
Екипите, кои ќе се натреваруваат на трката се:[10]
↑„News“. Тур де Романди. Chassot Concept SA. Архивирано од изворникот на 2012-04-26. Посетено на 24 април 2012. По Јуропкар и втор континентален тим ќе бида награден со покана за Тур де Романди. Тоа е францускиот Сор-Сохасун. Учеството на Тур де Романди сега е завршено со 20 екипи по 8 возачи.