Трка Абу Даби 2017 — 3. издание на велосипедскатаетапна тркаАбу Даби, која се одржала помеѓу 23 и 25 февруари како трет настан во сезоната на Светската турнеја. Првпат ќе биде вклучена во календарот на Светската турнеја.[1][2]
Планинската завршница на трката на Џабал Хафит го обезбедила завршниот подиум на трката, откако Марк Кевендиш (Тим Дименжн Дата), Марсел Кител (Квик-Степ Флорс) и Кејлеб Јуан (Орика-Скот) ги освоиле трите спринтерски етапи. Светскиот првак од 2013 година, Руј Кошта, возејќи за новоименуваната ОАЕ Тим Емирати, се одвоил со возачот на Катјуша-Алпесин, Илнур Закарин, останувајќи до крајот; Кошта успеал да го претекне Закарин и ја освоил етапата, а со дополнителните бонус секунди ја зачувал крајната победа за четири секунди.[3] Подиумот бил заокружен од возачот на Тим Санвеб, Том Димулен, кој се обидел да му се приближи на двоецот на искачувањето, но задоцнил десет секунди.
Со завршување на првото, второто и третото место на спринтерските етапи, Кевендиш бил удобен победник на бодовниот пласман. Во другите пласмани, колегата на Кител, Жилијан Алафилип го освоил пласманот за млад возач; се искачил четири места погоре на завршниот ден со трите секунди бонус за освојување на едниот од средните спринтови — искачувајќи се од деветтото на петтото место. Уште еден искачувач на завршниот ден бил возачот на Бора-Хансгрое, Патрик Конрад, кој го освоил пласманот на средните спринтови, освојувајќи уште два други спринта и завршил втор зад Алафилип на третиот. Со осум секунди бонус, се искачил од 24. на 10. место. Екипниот пласман бил освоен од екипата на Кошта, ОАЕ Тим Емирати.
Како нова трка во Светската турнеја, сите UCI World Tour екипи биле поканети на трката, но не биле обврзани да учествуваат на трката. Со тоа, шеснаесет од осумнаесетте екипи — сите освен Канондејл-Драпак и ФДЖ — настапиле на трката.[5] Четири професионални континентални екипи настапиле, со што ја заокружиле главната група од 20 екипи.
На Трката Абу Даби 2017 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван со додавање на завршното време на секој велосипедист на секоја етапа и дозволувајќи временски бонуси за првите тројца на средните спринтови и на завршницата на етапите, предводникот ја добивал црвената маичка.[7] Овој пласман бил сметан за најважен на трката и победникот на пласманот се сметал за победник на трката.
Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка.[7] Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите десет места на крајот на етапата. За победа на етапата, возачот добивал 20 бода, 16 бода за вториот, 12 за третиот, 9 за четвртиот, 7 за петтиот, 5 за шестиот и по еден бод помалку за секое наредно место, сè до 1 бод за 10. место. Бодови за пласманот можеле да се добијат и на средните спринтови во текот на секоја етапа; овие средно спринтови исто така нуделе временски секунди за генералниот пласман. Постоел и спринтерски пласман за бодовите доделени на гореспоменатите средни спринтови, каде водството било обележано со црна маичка.[7]
Четвртата маичка ја претставувал пласманот за млад возач, обележана со бела маичка.[7] Ова било одлучувано на ист начин како во генералниот пласман, но само возачите родени по 1 јануари 1992 година можеле да учествуваат во пласманот. Имало и пласман за екипите, каде биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти по екипа на секоја етапа; предводничката екипа на крајот на трката била екипа со најмало вкупно време.