Тур де Свис 2014
Тур де Свис 2014 — 78. издание на велосипедската етапна трка Тур де Свис. Започнала на 14 јуни со поединечен хронометар во Белинцона, а завршила на 22 јуни во Зас-Фе, одржувајќи вкупно девет етапи.[1] Претставувала седумнаесетта трка во сезоната на Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2014, трка 17 од 29 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 14–22 јуни 2014 | ||
Етапи | 9 | ||
Растојание | 1.322 км | ||
Време | 33ч 08' 35" ( км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Руј Кошта (Португалија) | (Лампре-Мерида) | |
Втор | Матијас Франк (Швајцарија) | (ИАМ Сајклинг) | |
Трет | Бауке Молема (Холандија) | (Белкин Про Сајклинг) | |
Бодовен | Петер Саган (Словачка) | (Канондејл) | |
Планински | Бјерн Турау (Германија) | (Тим Јуропкар) | |
Екипен | Белкин Про Сајклинг | ||
Трката била освоена трета година по ред од возачот на Лампре-Мерида Руј Кошта,[2] кој ја преземал водечката жолта маичка по освојувањето на последната етапа, планинска етапа на растојание од 157 километри,[3], надоместувајќи ја разликата од 1' 05" од претходниот предводник на трката Тони Мартин од Омега Парма-Квик Степ, кој бил предводник на трката од првата етапа.[4] Разликата помеѓу Кошта и второпласираниот Матијас Франк од ИАМ Сајклинг била триесет и три секунди, додека подиумот бил заокружен од возачот на Белкин Про Сајклинг Бауке Молема, седумнаесет секунди зад Франк и педесет зад Кошта.
Во другите пласмани на трката, возачот на Канондејл Петер Саган повторно бил победник на бодовниот, остварувајќи и етапна победа на третата етапа, како и постојани солидни настапи.[5] Планинскиот пласман во трката бил освоен од страна на Бјерн Турау од Белкин Про Сајклинг, додека Белкин Про Сајклинг завршила на чело на екипниот пласман.
Екипи
уредиБидејќи Тур де Свис е настан од Светската турнеја на UCI, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Дополнително биле доделени четири специјални покани на професионални континентални екипи.
Екипи кои настапиле на трката биле:
- Специјално поканети професионални континентални екипи.
Распоред
уредиЕтапа | Датум | Движење | Растојание | Вид | Победник | |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 14 јуни | Белинцона до Белинцона | 9,4 км | поединечен хронометар | Тони Мартин (ГЕР) | |
2 | 15 јуни | Белинцона до Зарнен | 182 км | планинска етапа | Камерон Мајер (АВС) | |
3 | 16 јуни | Зарнен до Хајден | 203 км | среднопланинска етапа | Петер Саган (СВК) | |
4 | 17 јуни | Хајден до Осинген | 160 км | рамна етапа | Марк Кевендиш (ВБР) | |
5 | 18 јуни | Осинген до Бирен на Аре | 184 км | рамна етапа | Сака Модоло (ИТА) | |
6 | 19 јуни | Бирен на Аре до Делемон | 184 км | ридеста етапа | Матео Трентин (ИТА) | |
7 | 20 јуни | Ворб до Ворб | 24,7 км | поединечен хронометар | Тони Мартин (ГЕР) | |
8 | 21 јуни | Делемон до Вербје | 219 км | планинска етапа | Естебан Чавес (КОЛ) | |
9 | 22 јуни | Мартињи до Зас-Фе | 157 км | планинска етапа | Руј Кошта (ПОР) |
Етапи
уредиЕтапа 1
уреди- 14 јуни 2013 — Белинцона, 9,4 км, поединечен хронометар (ITT)
Резултат од етапа 1 и генерален пласман по етапа 1
|
Етапа 2
уреди- 15 јуни 2014 — Белинцона до Зарнен, 182 км
Резултат од етапа 2
|
Генерален пласман по етапа 2
|
Етапа 3
уреди- 16 јуни 2014 — Зарден до Хајден, 203 км
Резултат од етапа 3
|
Генерален пласман по етапа 3
|
Етапа 4
уреди- 17 јуни 2014 — Хајден до Осинген, 160 км
Резултат од етапа 4
|
Генерален пласман по етапа 4
|
Етапа 5
уреди- 18 јуни 2014 — Осинген до Бирен на Аре, 184 км
Резултат од етапа 5
|
Генерален пласман по етапа 5
|
Етапа 6
уреди- 19 јуни 2014 — Бирен на Аре до Делемон, 184 км
Резултат од етапа 6
|
Генерален пласман по етапа 6
|
Етапа 7
уреди- 20 јуни 2014 — Ворб, 24,7 км, поединечен хронометар (ITT)
Резултат од етапа 7
|
Генерален пласман по етапа 7
|
Етапа 8
уредиРезултат од етапа 8
|
Генерален пласман по етапа 8
|
Етапа 9
уредиРезултат на етапа 9
|
Краен генерален пласман
|
Поредок
уредиНа Тур де Свис 2014 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка.[6] Овој пласман бил сметан за најважен на Тур де Свис 2014 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со црвена маичка.[6] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Постоеле дваесет и едно категоризирано искачување на трката, кои биле поделени на пет различни категории.[6]
Третата маичка го претставувало бодовниот пласман наградуван со црвено-бела маичка.[6] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку се пласираат на првите места на етапите. На етапите 4, 5, 6 и 8, победата носела 25 бода, второто место 20 бода, третото 16, четвртото 13, петтото 11 и еден бод помалку за секое место подолу, сè до еден бод за 15. место.[6] На сите останати етапи, победата носела 15 бода, второто место носело 12 бода, третото 10 и еден бод помалку за секое место подолу сè до еден бод за 12. место.[6] Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 6 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[6]
Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[6]
Етапа | Победник | Генерален пласман |
Планински пласман |
Бодовен пласман |
Екипен пласман |
---|---|---|---|---|---|
1 | Тони Мартин | Тони Мартин | недоделена | Тони Мартин | Гармин-Шарп |
2 | Камерон Мајер | Бјерн Турау | Петер Саган | ||
3 | Петер Саган | Џајант-Шимано | |||
4 | Марк Кевендиш | ||||
5 | Сака Модоло | ||||
6 | Матео Трентин | ||||
7 | Тони Мартин | ||||
8 | Естебан Чавес | Лампре-Мерида | |||
9 | Руј Кошта | Руј Кошта | Белкин Про Сајклинг | ||
На крај | Руј Кошта | Бјерн Турау | Петер Саган | Белкин Про Сајклинг |
Наводи
уреди- ↑ „Водич на деветодневната трка“. Sky Sports. 16 мај 2014. Посетено на 15 јуни 2014.
- ↑ „Кошта победи на Тур де Свис“. Cycling News. Future. 22 јуни 2014. Посетено на 24 јуни 2014.
- ↑ „Руј Кошта ја освои последната етапа за трета последователна победа на Тур де Свис“. Velonews. Competitor Group, Inc. 22 јуни 2014. Посетено на 24 јуни 2014.
- ↑ „Тони Мартин го одбрани водството на Тур де Свис, додека Естебан Чавес победи на осмата етапа“. Velonews. Competitor Group, Inc. 22 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2014-06-22. Посетено на 24 јуни 2014.
- ↑ „Петер Саган ја освои третата етапа на Тур де Свис“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. 16 јуни 2014. Посетено на 24 јуни 2014.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 6,7 „Тур де Свис 2013: Технички водач“ (PDF). VeloRooms.com. VeloRooms. ongoing GmbH. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-04. Посетено на 16 јуни 2013.