Диего Улиси

италијански друмски велосипедист

Диего Улиси (италијански: Diego Ulissi; р. 15 јули 1989 во Чечина) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ОАЕ Тим Емирати.[1]

Диего Улиси
Лични податоци
Цело имеДиего Улиси
Роден15 јули 1989(1989-07-15)(35 г.)
Чечина,  Италија
Висина1,75 м
Маса61 кг
Податоци за клубот
Мом. клубОАЕ Тим Емирати
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2008
2009
Сеано Ванги-Молино ди Феро
Хопла-Сеано-Белисима
Професионални клубови
2010– Лампре-Фарнезе Вини
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
6 поединечни етапи (2011, 2014, 2015, 2016)

Етапни трки

Трка околу Турција (2017)
Трка околу Словенија (2011, 2019)

Еднодневни трки и класици

Милано-Торино (2013)
Џиро дел’Емилија (2013)
ГП Монтреал (2017)
Последна промена
31 август 2020

Кариера

уреди

Тој победил на јуниорската друмска трка на Светските првенства во 2006 и 2007. Тој е втор велосипедист некогаш - по Џузепе Палумбо – кој успеал да победи на две јуниорски светски првенства по ред. Тој победил на етапата 17 на Џиро д’Италија 2011, откако резултатот на Џовани Висконти бил повлечен поради несоодветен спринт.[2]

Улиси подоцна ја освоил кралската етапа и генералниот пласман на Трката околу Словенија.[3][4][5]

Во сезоната 2012, Улици повторно настапил на Џиро д’Италија, завршувајќи четврти во пласманот за млад возач.[6]

Улиси ја освоил втората победа во Светската турнеја во текот на првата етапа на Трката околу Полска 2013, претекнувајќи ги Дарвин Атапума и Рафал Мајка од групата на бегството од 15 возачи.[7] Подоцна, наесен освоил три италијански класици. На Милано-Торино, Илиси нападнал од мала група на фаворити, вклучувајќи го бранителот на титулата Алберто Контадор, на последното искачување за победа.[8] Го освоил спринтот на нагорнина на Копа Сабатини една недела подоцна.[9] На крај, Улиси повторно се одвоил од водечката група пред целта на Џиро дел’Емилија за победа.[10]

Улиси освоил повеќе етапи во 2014 година и покрај недоволната форма на пролетните класици. Ја освоил втората етапа на Тур Даун Андер, започнувајќи ран спринт за да го порази етапниот фаворит Сајмон Геранс. Освоил две етапи на Џиро д’Италија. На петтата етапа отпочнал доцен напад против групата на фаворити[11] и тесно ги поразил фаворитите на целта на првата поголема планинска етапа.[12]

Откако ја завршил суспензијата поради допинг-тестот во март 2015 година, Улиси се вратил со победа на седмата етапа на Џиро д’Италија.[13]

ВО 2016 година, Улиси се вратил на Џиро д’Италија, каде освоил две етапи. На четвртата етапа, Улиси се одвоил од водечката група и го поразил Том Димулен за пет секунди.[14] На етапата 11 го претекнал предводникот Боб Јунгелс во завршните метри на етапата.[15] Улиси го освоил својот прв поединечен хронометар во неговата кариера на втората етапа на Трката околу Словенија, победувајќи го крајниот победник на трката Реин Тарамае на кратката ридска патека.[16] Во август, Улиси ја освоил третата етапа и крајниот пласман на Трката околу Чешка.[17]

Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[18] Ги претекнал Хесус Ерада и Том-Јелте Слагтер за победа на ГП Монтреал, негова прва победа во Светската турнеја во сезоната 2017.[19] Улиси ја освоил Трката околу Турција, негова прва етапна трка.[20] На трката ја преземал водечката маичка со соло-напад на четвртата етапа.[21]

Улиси ја освоил петтата етапа на Тур де Свис 2018, поразувајќи го Енрик Мас во завршниот спринт.[22]

Во 2019 година, Улиси го освоил Гран Премио ди Лугано во Швајцарија. Исто така, ја освоил третата етапа и генералниот пласман на Трката околу Словенија и тест-трката за друмската трка на Летните олимписки игри 2020 во Токио.[23]

Допинг

уреди

Во јуни 2014 година било објавено дека Улиси имал позитивни резултати на допинг-тестот во текот на Џиро д’Италија 2014, каде освоил две етапи. Бил позитивен на лекот за астма салбутамол.

Улиси имал дозвола да го користи лекот, меѓутоа тестот покажал ниво, кое било скоро двапати поголемо.[24] Исто така добил парацетамол од докторот на трката откако бил вклучен во пад на етапата.[25]

Улиси и самиот доктор на екипата негирале дека го користеле инхалаторот за да се здобио со натпреварувачка предност, тврдејќи дека Улиси имал само две вдишувања пред почетокот на етапата.[25] Екипата и предводникот на италијанската репрезентација, Давиде Касани, изразиле поддршка за Улиси. Сепак, бил привремено суспендиран од екипата и не можел да тренира со репрезентацијата.[26]

Улиси се жалел до Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) бидејќи се соочувал со двегодишна суспензија. По некое одложување, UCI го предале случајот на швајцарската федерација (поради живеалиштето на Улиси во Лугано) за да се отпочне дисциплинско сослушување. Улиси тврдел дека падот на етапата 11 на Џиро можела да предизвика повисоко ниво на салбутамол.[27]

Швајцарскиот олимписки комитет се сложил со одбраната на Улиси дека го користал несоодветно салбутамолот и не со намера да мами. Затоа добил намалена деветмесечна суспензија, која завршила во март 2015 година.[28][29]

Достигнувања

уреди
1.   Светско друмско јуниорско првенство
2007
1.   Светско друмско јуниорско првенство
2010
1. ГП Индустрија е Комерсио де Прато
8. Краен пласман Трка околу Полска
2011
1. Краен пласман Трка околу Словенија
1. Етапа 2
1. Етапа 17 Џиро д’Италија
2. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
1. Пласман за млад возач
2012
1. Гран Премио Индустрија е Комерчо Артиџанато Карнагезе
2. Милано-Торино
3. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
1. Бодовен пласман
1. Пласман за млад возач
1. Етапи 3 & 4
6. Гран при Квебек
10. Класика де Сан Себастијан
2013
1.   Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 2
1. Милано-Торино
1. Копа Сабатини
1. Џиро дел’Емилија
1. Етапа 1 Трка околу Полска
2. Гран Премио Чита ди Камаиоре
2. Гран Премио дела Коста Етруски
4. Трофео Лаигвелја
6. Краен пласман Трка околу Баварија 2013
1.   Пласман за млад возач
7. Краен пласман Париз-Ница
2014
1. Гран Премио Чита ди Камаиоре
Џиро д’Италија
1. Етапа 5
1. Етапа 8
3. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 2
3. Гран Премио ди Лугано
5. Трофео Лаигвелја
2015
1. Етапа 7 Џиро д’Италија
1. Меморијал Марко Пантани
2. Јапонски куп
5. Гран Квебек
5. Краен пласман Трка Абу Даби
6. Краен пласман Трка околу Полска
2016
1.   Краен пласман Велосипедска трка Чешка
1. Етапа 3
Џиро д’Италија
1. Етапа 4
1. Етапа 11
1. Сиркуито де Гечо
1. Етапа 3 (ITT) Трка околу Словенија
2. Копа Уго Агостони
2. Гран Премио ди Лугано
2. Тре Вали Варезине
3. Краен пласман Тур ди О Вар
3. Гран Премио дела Коста Еструски
3. ГП Монтреал
3. Краен пласман Трка Абу Даби
5. Милано-Торино
6. Трофео Лаигвелја
7. Страде Бјанке
7. Амстел Голд Рејс
7. ГП Квебек
8. Флеш Валон
8. Џиро дел'Емилија
2017
1.   Краен пласман Трка околу Турција
1. Етапа 4
1. ГП Монтреал
1. Гран Премио дела Коста Етруски
2. Национално друмско првенство
4. Тре Вали Варезине
5. Краен пласман Тур Даун Андер
7. Џиро дел’Емилија
10. Флеш Валон
2018
4. Краен пласман Тур Даун Андер
4. Краен пласман Трка околу Турција
4. Гран Премио ди Лугано
7. Краен пласман Трка Абу Даби
7. ГП Монтреал
9. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 5
10. Џиро ди Тоскана
2019
1.   Краен пласман Трка околу Словенија
1. Етапа 3
1. Гран Премио ди Лугано
1. Токио 2020 тест-трка
2. Гран при Монтреал
3. Краен пласман Трка околу Полска
3. Флеш Валон
4. Национално друмско првенство
4. Гран при Квебек
5. Краен пласман Трка околу Германија
6. Џиро дел’Емилија
9. Краен пласман Тур Даун Андер
2020
2. Краен пласман Тур Даун Андер
2. Џиро дел Пиемонт
3. Џиро дел’Емилија
4. Краен пласман Сетимана Интернационале Копи е Бартали
5. Краен пласман Трка околу Полска
8. Џиро ди Ломбардија
9. Краен пласман Трка ОАЕ

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 41 21 СО 64 21 28 42
  Тур 39
  Вуелта 32

Распоред на резултатите на класиците

уреди
Монумент 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Милано-Санремо 140 СО СО СО 58 40 103 72
Трка околу Фландрија
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 76 78 20 66 СО 55 30 28
Џиро ди Ломбардија СО СО 41 28 74 22 21 60 8
Класични трки 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Амстел Голд Рејс СО СО 25 34 49 7 27 50 22
Флеш Валон СО 9 13 17 50 8 10 14 3
Гран при Квебек 70 6 5 7 11 11 4 НСО
Гран при Монтреал 58 67 СО 3 1 7 2 НСО

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи

уреди
  1. „UAE Team Emirates complete 2020 roster with re-signing of former world champion Rui Costa“. Cyclingnews.com. Future plc. 8 октомври 2019. Посетено на 3 јануари 2020.
  2. „Ulissi awarded stage after Visconti gets grabby“. Архивирано од изворникот на 27 May 2011. Посетено на 25 May 2011.
  3. Archives, Cycling. „Ulissi is de baas in koninginnenrit van Slovenië“. www.cyclingarchives.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.
  4. „Tour de Slovénie 2011: Stage 2 Results“.
  5. „Ulissi wins in Slovenia“. 19 June 2011.
  6. Archives, Cyclig. „Giro d'Italia 2012“. www.cyclingarchives.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.
  7. „Ulissi wins Italian kickoff to 2013 Tour of Poland“. www.velonews.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.
  8. Farrand, Stephen. „Ulissi triumphs at Milano-Torino“. www.cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.
  9. Farr, Stephen; October 2013, 10. „Gran Premio Città di Peccioli - Coppa Sabatini 2013: Results“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  10. October 2013, Cycling News 12. „Giro dell'Emilia 2013: Results“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.
  11. Farr, Stephen; May 2014, 14. „Giro d'Italia 2014: Stage 5 Results“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  12. May 2014, Susan Westemeyer 17. „Giro d'Italia 2014: Stage 8 Results“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.
  13. Stephen Farrand (16 May 2015). „Giro d'Italia: Ulissi wins in Fiuggi“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 16 May 2015.
  14. May 2016, Daniel Benson 10. „Giro d'Italia 2016: Stage 4 Results“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.
  15. May 2016, Cycling News 18. „Giro d'Italia 2016: Stage 11 Results“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.
  16. June 2016, Cycling News 18. „Tour de Slovénie 2016: Stage 3 Results“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.
  17. August 2016, Cycling News 14. „Czech Cycling Tour 2016: Stage 4 Results“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.
  18. „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јуни 2017.
  19. September 2017, Cycling News 10. „Grand Prix Cycliste de Montreal 2017: Results“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.
  20. October 2017, Cycling News 15. „Presidential Cycling Tour of Turkey 2017: Stage 6 Results“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.
  21. October 2017, Cycling News 13. „Presidential Cycling Tour of Turkey 2017: Stage 4 Results“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.
  22. June 2018, Barry Ryan 13. „Tour de Suisse 2018: Stage 5 Results“. cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2020-08-18.
  23. „Diego Ulissi“. Посетено на 2020-08-18.
  24. „Етапниот победник на Џиро д'Италија падна на тестот за допинг“. bbc.co.uk. 25 јуни 2014. Посетено на 26 јуни 2014.
  25. 25,0 25,1 „Lampre: Ulissi suspended after failed anti-doping control during Giro“. www.velonews.com. Посетено на 2020-08-18.
  26. „Facing two-year ban, Ulissi has Italy's support“. www.velonews.com. Посетено на 2020-08-18.
  27. „With doping case still open, Ulissi returns to racing“. www.velonews.com. Посетено на 2020-08-18.
  28. Gregor Brown (19 January 2015). „Diego Ulissi banned for nine months for doping“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 16 May 2015.
  29. „Ulissi banned nine months after failed doping control at 2014 Giro“. www.velonews.com. Посетено на 2020-08-18.

Надворешни врски

уреди