Вуелта а Еспања 2018
Вуелта а Еспања 2018 (познато и како: Трка околу Шпанија 2018) — 73. издание на велосипедската голема трка Вуелта а Еспања, која се одржала помеѓу 25 август и 16 септември како завршна голема трка во сезоната на Светската турнеја.[1][2][3] Трката започнала во Малага, а завршила во Мадрид.
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 73. Вуелта а Еспања | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2018 2.UWT | ||
Етапи | 21 | ||
Датуми | 25 август – 16 септември | ||
Растојание | 3.271,4 км | ||
Држави | Шпанија Андора | ||
Поаѓалиште | Малага | ||
Одредиште | Мадрид | ||
Екипи | 22 | ||
Возачи на почеток | 176 | ||
Возачи на крај | 158 | ||
Просечна брзина | 39,846 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Сајмон Јејтс (Тим Џејко АИУла) | ||
Второпласиран | Енрик Мас (Судал Квик-Степ) | ||
Третопласиран | Мигел Анхел Лопес (Астана Казахстан Тим) | ||
Бодовен | Алехандро Валверде (Мовистар) | ||
Планински | Томас де Гент (Лото-Судал) | ||
Младински | Енрик Мас (Судал Квик-Степ) | ||
Борбеност | Бауке Молема (Трек-Сегафредо) | ||
Комбиниран | Сајмон Јејтс (Тим Џејко АИУла) | ||
Екипен | Мовистар | ||
◀2017 | 2019▶ | ||
Документација |
Трката била освоена од британскиот возач Сајмон Јејтс за негова прва победа на некоја голема трка и прв победа на некоја голема трка за неговата австралиска екипа Мичелтон-Скот. Тоа било втора последователна Вуелта и петта последователна голема трка, која била освоена од британски возач и била заокружена годината на победи на големите трки од тројца различни возачи од иста држава, со победата на Крис Фрум на Џиро д’Италија и победата на Герајнт Томас на Тур де Франс.
Екипи
уредиИзданието на Вуелта а Еспања во 2018 година било составено од 22 екипи.[4] Сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
Фаворити пред трката
уредиПрвакот од 2017 година, Крис Фрум од Тим Скај одлучил да не ја брани титулата откако возел на четири големи трки по ред, освојувајќи три од нив.[6] Четворица други поранешни победници настапиле на трката: Наиро Кинтана, Алехандро Валверде (обајцата од Мовистар Тим), Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида) и Фабио Ару (ОАЕ Тим Емирати).[7] Други возачи сметани за кандидати во генералниот пласман биле Ричи Порт (Ванти-Груп Гобер), Сајмон Јејтс (Мичелтон-Скот), Мигел Анхел Лопес (Астана), Михал Квјатковски (Тим Скај), Вилко Келдерман (Тим Санвеб), Стевен Краусвајк (Лото НЛ-Џамбо), Тибо Пино (Групама-ФДЖ) и Ригоберто Уран (ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак).[8]
Рута и етапи
уредиЕтапа | Датум | Тек | type | Растојание (км) | Победник | Cевкупен лидер |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 25 авг | Малага – Малага | 8 | Роан Денис | Роан Денис | |
2 | 26 авг | Марбеља – Каминито дел Реј | 163,5 | Алехандро Валверде | Михал Квјатковски | |
3 | 27 авг | Михас – Алхаурин де ла Торе | 178,2 | Елија Вивијани | Михал Квјатковски | |
4 | 28 авг | Велес-Малага – Алфакар | 161,4 | Бен Кинг | Михал Квјатковски | |
5 | 29 авг | Гранада – Рокетас де Мар | 188,7 | Сајмон Кларк | Руди Молар | |
6 | 30 авг | Уеркал-Овера – Сан Хавиер | 155,7 | Насер Бухани | Руди Молар | |
7 | 31 авг | Пуерто Лумбрерас – Посо Алкон | 185,7 | Тони Галопен | Руди Молар | |
8 | 1 сеп | Линарес – Алмаден | 195,1 | Алехандро Валверде | Руди Молар | |
9 | 2 сеп | Талавера де ла Рејна – Ла Коватиља | 200,8 | Бен Кинг | Сајмон Јејтс | |
10 | 4 сеп | Саламанка – Bermillo de Sayago | 177 | Елија Вивијани | Сајмон Јејтс | |
11 | 5 сеп | Момбуеј – Рибејра Сакра | 207,8 | Алесандро Де Марки | Сајмон Јејтс | |
12 | 6 сеп | Мондоњедо – Естака де Барес | 181,1 | Александар Жење | Хесус Ерада | |
13 | 7 сеп | Кандас – Ла Камперона | 174,8 | Оскар Родригес | Хесус Ерада | |
14 | 8 сеп | Систерна – Лес Праерес де Нава | 171 | Сајмон Јејтс | Сајмон Јејтс | |
15 | 9 сеп | Рибера де Ариба – Лагос де Ковадонга | 178,2 | Тибо Пино | Сајмон Јејтс | |
16 | 11 сеп | Сантиљана дел Мар – Торелавега | 32 | Роан Денис | Сајмон Јејтс | |
17 | 12 сеп | Гечо – Оис | 157 | Мајкл Вудс | Сајмон Јејтс | |
18 | 13 сеп | Ехеа де лос Кабаљерос – Љеида | 186,1 | Јеле Валајс | Сајмон Јејтс | |
19 | 14 сеп | Љеида – Андора | 154,4 | Тибо Пино | Сајмон Јејтс | |
20 | 15 сеп | Аскалдес-Ангурдањ – Кол де ла Гаљина | 97,3 | Енрик Мас | Сајмон Јејтс | |
21 | 16 сеп | Алкоркон – Мадрид | 100,9 | Елија Вивијани | Сајмон Јејтс |
Преглед на трката
уредиПласмани
уредиПостоеле четири главни пласмани на Вуелта а Еспања 2018, меѓу кои најважен бил генералниот пласман. Генералниот пласман бил пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, вклучувајќи ги и добиените временски бонуси. Велосипедистот со најмало вкупно време бил предводник на трката, препознаван преку црвената маичка; победникот на овој пласман бил сметан за победник на Вуелта.[9]
Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат меѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови. Велосипедистот со најмногу бодови го предводел пласманот и бил препознаван со зелената маичка.[9]
Категорија | 1. | 2. | 3. | 4. | 5. | 6. |
---|---|---|---|---|---|---|
Чима Алберто Фернандес | 20 | 15 | 10 | 6 | 4 | 2 |
Специјална категорија | 15 | 10 | 6 | 4 | 2 | |
Прва категорија | 10 | 6 | 4 | 2 | 1 | |
Втора категорија | 5 | 3 | 1 | |||
Трета категорија | 3 | 2 | 1 |
Постоел, исто така, и планински пласман. Организаторите категоризирале некои искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодовите за овој пласман биле освојувани од првите велосипедисти на врвот на некое искачување, каде повеќе бодови биле достапни за повисоко категоризираните искачувања. Велосипедистот со најмногу бодови водел во пласманот и бил препознаван од сината точкеста маичка.[9]
Четвртиот поединечен пласман бил комбинираниот пласман, во кој се доделувала белата маичка. Овој пласман бил сметан преку додавање на местата на секој велосипедист во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман — возачот морал да има резултат во сите пласмани за да може да учествува во овој пласман — велосипедистот со најмал вкупен збир бил победник на пласманот.[9]
За екипниот пласман биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време.[9]
Дополнително постоеле и две поединечни награди: наградата за борбеност и наградата за млад возач. Наградата за борбеност била доделувана по секоја етапа на возач кој се сметал за најборбен, најхрабар во текот на една етапа, исклучувајќи ги хронометрите. Победникот го носел зелениот број на следната етапа. На последниот ден на трката, судиите одлучувале за тројца најборбени возачи во текот на целата трка, а јавноста го избирала победникот. Наградата за млад возач се сметала на истиот начин како и генералниот пласман, но само за возачите родена на или по 1 јануари 1993 година. Предводникот го носел црвениот број.[9]
Завршни пласмани
уредиЛегенда | |||
---|---|---|---|
Го означува предводникот на генералниот пласман[10] | Го означува предводникот на бодовниот пласман[10] | ||
Го означува предводникот на планинскиот пласман[10] | Го означува предводникот на комбинираниот пласман[10] | ||
Го означува предводникот на наградата за борбеност | Го означува предводникот на наградата за млад возач |
Генерален пласман
уредиМесто | Возач | Екипа | Време |
---|---|---|---|
1 | Сајмон Јејтс (ВБР) | Мичелтон-Скот | 82ч 05' 58" |
2 | Енрик Мас (ШПА) | Квик-Степ Флорс | + 1' 46" |
3 | Мигел Анхел Лопес (КОЛ) | Астана | + 2' 04" |
4 | Стевен Краусвајк (ХОЛ) | Лото НЛ-Џамбо | + 2' 54" |
5 | Алехандро Валверде (ШПА) | Мовистар Тим | + 4' 28" |
6 | Тибо Пино (ФРА) | Групама-ФДЖ | + 5' 57" |
7 | Ригоберто Уран (КОЛ) | ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак | + 6' 07" |
8 | Наиро Кинтана (КОЛ) | Мовистар Тим | + 6' 51" |
9 | Јон Изагире (ШПА) | Бахреин-Мерида | + 11' 09" |
10 | Вилко Келдерман (ХОЛ) | Тим Санвеб | + 11' 11" |
Бодовен пласман
уредиМесто | Возач | Екипа | Бодови |
---|---|---|---|
1 | Алехандро Валверде (ШПА) | Мовистар Тим | 131 |
2 | Петер Саган (СВК) | Бора-Хансгрое | 119 |
3 | Елија Вивијани (ИТА) | Квик-Степ Флорс | 105 |
4 | Сајмон Јејтс (ВБР) | Мичелтон-Скот | 104 |
5 | Мигел Анхел Лопес (КОЛ) | Астана | 103 |
6 | Тибо Пино (ФРА) | Групама-ФДЖ | 95 |
7 | Дилан Тенс (БЕЛ) | Ванти-Груп Гобер | 93 |
8 | Стевен Краусвајк (ХОЛ) | Лото НЛ-Џамбо | 80 |
9 | Дани ван Попел (ХОЛ) | Лото НЛ-Џамбо | 80 |
10 | Џакомо Ницоло (ИТА) | Трек-Сегафредо | 76 |
Планински пласман
уредиМесто | Возач | Екипа | Бодови |
---|---|---|---|
1 | Томас де Гент (БЕЛ) | Лото-Судал | 95 |
2 | Бауке Молема (ХОЛ) | Трек-Сегафредо | 83 |
3 | Луис Анхел Мате (ШПА) | Кофидис | 64 |
4 | Бен Кинг (САД) | Тим Дименжн Дата | 56 |
5 | Мигел Анхел Лопес (КОЛ) | Астана | 45 |
6 | Сајмон Јејтс (ВБР) | Мичелтон-Скот | 38 |
7 | Тибо Пино (ФРА) | Групама-ФДЖ | 36 |
8 | Пјер Ролан (ФРА) | ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак | 31 |
9 | Мајкл Вудс (КАН) | ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак | 21 |
10 | Михал Квјатковски (ПОЛ) | Тим Скај | 20 |
Комбиниран пласман
уредиМесто | Возач | Екипа | Бодови |
---|---|---|---|
1 | Сајмон Јејтс (ВБР) | Мичелтон-Скот | 11 |
2 | Мигел Анхел Лопес (КОЛ) | Астана | 13 |
3 | Алехандро Валверде (ШПА) | Мовистар Тим | 18 |
4 | Тибо Пино (ФРА) | Групама-ФДЖ | 19 |
5 | Енрик Мас (ШПА) | Квик-Степ Флорс | 24 |
6 | Стевен Краусвајк (ХОЛ) | Лото НЛ-Џамбо | 29 |
7 | Бен Кинг (USA) | Тим Дименжн Дата | 41 |
8 | Ригоберто Уран (КОЛ) | ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак | 45 |
9 | Наиро Кинтана (КОЛ) | Мовистар Тим | 47 |
10 | Рафал Мајка (ПОЛ) | Бора-Хансгрое | 47 |
Екипен пласман
уредиМесто | Екипа | Време |
---|---|---|
1 | Мовистар Тим | 246ч 50' 04" |
2 | Бахреин-Мерида | + 45' 36" |
3 | Бора-Хансгрое | + 47' 57" |
4 | Астана | + 48' 10" |
5 | ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак | + 58' 49" |
6 | Мичелтон-Скот | + 1ч 27' 43" |
7 | Тим Дименжн Дата | + 1ч 31' 01" |
8 | АГ2Р-Ла Мондијал | + 1ч 37' 13" |
9 | Тим Скај | + 1ч 47' 43" |
10 | Еускади Баск Кантри-Муријас | + 1ч 47' 50" |
Забелешки и наводи
уредиБелешки
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 На втората етапа, Виктор Кампенертс, кој бил трет во бодовниот и генералниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Роан Денис ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман; Михал Квјатковски, кој бил втор во генералниот и бодовниот пласман, избрал да го носи неговиот национален дрес. Нелсон Оливеира, кој бил четврти во генералниот и бодовниот пласман, ја носел сината точкеста маичка на втората етапа, иако не биле доделени бодови на воведниот поединечен хронометар. Дилан ван Барле, кој бил петти во генералниот и бодовниот пласман, затоа го носел белиот дрес во комбинираниот пласман.
- ↑ 2,0 2,1 На етапите 3-5, Алехандро Валверде, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи првопласираниот Михал Квјатковски ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. Како последица на тоа, белата маичка ја носел третопласираниот возач во комбинираниот пласман, на етапите 3 и 4, таа била носена од Лауренс де Плус, додека Бен Кинг ја носел маичката на петтата етапа.
- ↑ На седмата етапа, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Михал Квјатковски ја носел зелената маичка, како предводник на бодовниот пласман.
- ↑ На етапите 8 и 9, Бен Кинг, кој бил трет во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Алехандро Валверде ја носел зелената маичка како предводник на бодовниот пласман; Михал Квјатковски, кој бил втор во комбинираниот пласман, избрал да го носи неговиот национален дрес. Кинг ја носел маичката и на етапата 10 и на етапите 12-14, поместувајќи се на второто место во комбинираниот пласман по неговата победа на деветтата етапа. На етапите 15-17, Мигел Анхел Лопес, кој бил трет во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Алехандро Валверде ја носел зелената маичка како предводник на бодовниот пласман; Сајмон Јејтс, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. Лопес, исто така, ја носел маичката на етапите 16, 18 и 19, поместувајќи се на второто место во комбинираниот пласман зад Валверде.
- ↑ На дваесеттата етапа, Мигел Анхел Лопес, кој бил трет во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи првопласираниот Сајмон Јејтс ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман; Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел зелената маичка како предводник на бодовниот пласман.
Наводи
уреди- ↑ „UCI announces 2018 road calendar“. Cycling News. Посетено на 20 октомври 2017.
- ↑ „2018 UCI WorldTour calendar unveiled“. Velon. Архивирано од изворникот на 2017-09-25. Посетено на 20 октомври 2016.
- ↑ „The official route of la Vuelta 2018 is revealed in Estepona“. La Vuelta. 13 јануари 2018. Посетено на 13 јануари 2018.
- ↑ „Vuelta a España 2018 start list: Nibali, Aru and Porte seek redemption in Spain“. Cycling Weekly. 31 јули 2018. Посетено на 2 август 2018.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ „Team Sky's Geraint Thomas and Chris Froome to skip Vuelta for Tour of Britain“. 16 август 2018. Посетено на 24 август 2018.
- ↑ „Vuelta a Espana 2018: Preview“. Cyclingnews.com. Посетено на 24 август 2018.
- ↑ „Vuelta a España 2018 odds: Who are the bookmakers backing for victory?“. Cycling Weekly. 21 август 2018. Посетено на 24 август 2018.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 „Sporting stakes / rules“. lavuelta.com. Архивирано од изворникот 2017-08-18. Посетено на 18 август 2017.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 Race regulations 2017, стр. 50.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 „Classifications 2018 after the stage 19“. Посетено на 16 септември 2018.
Надворешни врски
уреди- Вуелта а Еспања 2018 на Ризницата ?
- Матична страница