Џиро д’Италија 2017

издание 2017 на велосипедската трка Џиро д’Италија 2017

Џиро д’Италија 2017 (позната и како Трка околу Италија 2017) — 100. издание на велосипедската голема трка Џиро д’Италија, која се одржала помеѓу 5 и 28 мај како дваесет и први настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]

Џиро д’Италија 2017
Детали за трката
Издание100. Џиро д’Италија
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI 2017 2.UWT
Етапи21
Датуми5 – 28 мај
Растојание3.609,1 км
ДржавиITA Италија
SUI Швајцарија
ПоаѓалиштеАлгеро
ОдредиштеМилано
Екипи22
Возачи на почеток195
Возачи на крај161
Просечна брзина39,84 км/ч
Добитници на наградите
ПобедникNED Том Димулен (Тим ДСМ)
ВторопласиранCOL Наиро Кинтана (Мовистар)
ТретопласиранITA Винченцо Нибали (Бахреин Викториус)
БодовенCOL Фернандо Гавирија (Судал Квик-Степ)
ПланинскиESP Микел Ланда (Инеос Гренадиерс)
СпринтерскиERI Даниел Теклехајманот (Дименжн Дата)
МладинскиLUX Боб Јунгелс (Судал Квик-Степ)
ЕкипенESP Мовистар
Team pointsBEL Судал Квик-Степ
◀20162018▶
Документација

Трката била прва од големите трки во сезоната. Започнувала на 5 мај во Алгеро на островот Сардинија,[3] а завршувала на 28 мај во Милано.

Трката била освоена од Том Димулен, кој станал првиот Холанѓанец кој победил на Џиро.[4]

Екипи

уреди

Бидејќи Џиро д’Италија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[5] Четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.

Секоја екипа се очекувало да започне со девет возачи, освен Астана, со осум возачи, поради смртта на Микеле Скарпони.[6]

Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (4)

Фаворити пред трката

уреди

Фаворити за победа пред трката биле: Наиро Кинтана (Мовистар Тим), Винченцо Нибали (Бахреин-Мерида), Герајнт Томас и Микел Ланда (Тим Скај), Стевен Краусвајк (Лото НЛ-Џамбо), Тибо Пино (ФДЖ), Том Димулен (Тим Санвеб), Адам Јејтс (Орика-Скот), Бауке Молема (Трек-Сегафредо), Илнур Закарин (Катјуша-Алпесин), Тиџеј ван Гардерен (Ванти-Груп Гобер).[7][8][9]

Допинг

уреди

Пред самиот почеток на Џиро д’Италија, UCI објавил дека двајца возачи на Бардијани-ЦСФ, Стефано Пираци и Никола Руфони,[10] кои биле позитивни на хормони за раст пронајдени во примероци собрани на 25 и 26 април 2017 година.[11]

Бидејќи екипата ги прекршила правилата во текот на дванаесет месечен период, UCI размислувала да го употреби членот 7.12.1 од своите правила за антидопинг, со што екипата би добила суспензија од 15 до 45 дена — доведувајќи го во прашање нивното учество на Џиро.[12][13]

Рута и етапи

уреди

Детали за првите три етапи на трката биле откриени на конференција за печат на 14 септември 2016 година. Остатокот од рутата бил претставен од директорот на трката Мауро Вењи на 25 октомври 2016 година.[3] Меѓутоа, организаторите RCS Sport ја објавиле рутата на нивната официјална страница еден ден пред официјалната презентација.[14]

Планирани биле 21 етапа со вкупно растојание од 3.609,1 километар,[15] 142 километри подолго отколку Џиро 2016. Најдолга етапа ќе била дванаесеттата етапа со 229 километри,[15] додека четиринаесеттата етапа со 131 километар ќе била најкратка.[15] Трката имала вкупно 69,1 километар во поединечни хронометри[15] и пет завршници на нагорнина: етапата 4 до Етна; етапата 9 до Мајела; етапата 14 до Оропа; етапата 18 до Ортизеи и етапата 19 до Пјанкавало. Чима Копи (највисока точка на трката) ќе биде Стелвио, на кој ќе се помине на шеснаесеттата етапа.[16]

Етапите биле категоризирани на четири начини од страна на организаторите на трката; хронометри, лесни, средни и тешки етапи.[15]

ЕтапаДатумТекtypeРастојание (км)ПобедникCевкупен лидер
1  5 мајАлгеро – Олбија
 
ридеста етапа
206  Лукас Пестлбергер    Лукас Пестлбергер  
2  6 мајОлбија – Тортоли
 
ридеста етапа
221  Андре Грајпел    Андре Грајпел  
3  7 мајТортоли – Каљари
 
рамна етапа
148  Фернандо Гавирија    Фернандо Гавирија  
4  9 мајЧефалу – Etna
 
планинска етапа
181  Јан Поланц    Боб Јунгелс  
5  10 мајПедара – Месина
 
рамна етапа
159  Фернандо Гавирија    Боб Јунгелс  
6  11 мајРеџо Калабрија – Терме Луиџане
 
ридеста етапа
217  Силван Дилје    Боб Јунгелс  
7  12 мајКастровилари – Албероло
 
рамна етапа
224  Кејлеб Јуан    Боб Јунгелс  
8  13 мајМолфета – Пескичи
 
среднопланинска етапа
189  Горка Исагире    Боб Јунгелс  
9  14 мајМонтенеро ди Бизача – Блокхаус
 
планинска етапа
149  Наиро Кинтана    Наиро Кинтана  
10  16 мајФолињо – Монтефалко
 
индивидуален хронометар
39,8  Том Димулен    Том Димулен  
11  17 мајФиренца – Бањо ди Ромања
 
среднопланинска етапа
161  Омар Фраиле    Том Димулен  
12  18 мајФорлиРеџо Емилија
 
рамна етапа
229  Фернандо Гавирија    Том Димулен  
13  19 мајРеџо Емилија – Тортона
 
рамна етапа
167  Фернандо Гавирија    Том Димулен  
14  20 мајКастеланија – Oropa
 
планинска етапа
131  Том Димулен    Том Димулен  
15  21 мајВалденго – Бергамо
 
среднопланинска етапа
199  Боб Јунгелс    Том Димулен  
16  23 мајРовета – Бормио
 
планинска етапа
222  Винченцо Нибали    Том Димулен  
17  24 мајТирано – Канацеи
 
среднопланинска етапа
219  Пјер Ролан    Том Димулен  
18  25 мајМоена – Ортизеи
 
планинска етапа
137  Тиџеј ван Гардерен    Том Димулен  
19  26 мајИнихен – Пјанкавало
 
планинска етапа
191  Микел Ланда    Наиро Кинтана  
20  27 мајПорденоне – Азијаго
 
планинска етапа
190  Тибо Пино    Наиро Кинтана  
21  28 мајМонцаМилано
 
индивидуален хронометар
29,3  Јос ван Емден    Том Димулен  

Поредок

уреди

На Џиро д’Италија 2017 се доделувале четири различни маички. Во генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси (10, 6 и 4 секунди соодветно) за првите тројца велосипедисти на етапите, предводникот ја добива розовата маичка. Овој пласман се смета за најважен на Џиро д’Италија 2017 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.[17][18]

Бодови за планинскиот пласман
Место 1 2 3 4 5 6 7 8 9
Бодови за Чима Копи 45 30 20 14 10 6 4 2 1
Бодови за категорија 1 35 18 12 9 6 4 2 1 0
Бодови за категорија 2 15 8 6 4 2 1 0
Бодови за категорија 3 7 4 2 1 0
Бодови за категорија 4 3 2 1 0
Дополнителни бодови за МТФ 15 10 6 4 2 0

Постои и планински пласман каде се доделува сината маичка. Во планинскиот пласман, бодовите се добиваат доколку велосипедистите се искачат на врвот на некое искачување пред другите велосипедисти. Секое искачување е категоризирано како прва, втора, трета и четврта категорија, каде за повисоките категории постојат повеќе бодови. На искачувањата од прва категорија, осум возачи добивале бодови; на искачувањата од втора категорија, шест возачи добивале бодови; на искачувањата од трета категорија, само четворица возачи добивале бодови, додека само тројца возачи освојувале бодови на искачувањата од четврта категорија. На „Чима Копи“, највисоката точка на трката, се доделуваат уште повеќе бодови отколку на оние искачувања од прва категорија.[17] Со 2.757 метри, „Чима Копи“ за 2017 година ќе биде превојот Стелвио.

Бодови за бодовниот пласман
Место 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15
етапи 1–3, 5–7, 12–13 50 35 25 18 14 12 10 8 7 6 5 4 3 2 1
етапи 8, 14–15, 17 25 18 12 8 6 5 4 3 2 1 0
други етапи (освен ITT) 15 12 9 7

Дополнително, постои и бодовен пласман, кој се наградува со црвената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови доколку завршат на некое од првите петнаесет места на етапите. Рамните етапи носат повеќе бодови од планинските етапи, означувајќи дека овој пласман ќе биде во корист на спринтерите. Дополнително, бодови може да се освојуваат и на средните спринтови.[17][18]

Четвртата маичка го претставува пласманот за млад возач каде се доделува бела маичка. Овој пласман се смета на истиот начин како генералниот, но тука влегуваат во игра само возачите родени по или на 1 јануари 1992 година.[17]

Постојат два пласмани за екипите. Во пласманот Трофеј Брза екипа се сметаат времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа; водечката екипа е екипата со најниско вкупно време. Пласманот Трофеј Супер екипа претставува екипен бодовен пласман, каде најдобрите 20 возачи на секоја етапа заработуваат бодови (20 за првото место, 19 за второто, 18 за третото итн., сè до еден бод за 20. место) за нивната екипа.[17]

Водството на трката по етапа
Етапа Победник Генерален пласман
 
Бодовен пласман
 
Планински пласман
 
Пласман за млад возач
 
Трофеј Брза екипа Трофеј Супер екипа
1 Лукас Пестлбергер Лукас Пестлбергер Лукас Пестлбергер[заб 1] Чезаре Бенедети Лукас Пестлбергер Бора-Хансгрое Бора-Хансгрое
2 Андре Грајпел Андре Грајпел Андре Грајпел[заб 2] Даниел Теклехајманот Орика-Скот Лото-Судал
3 Фернандо Гавирија Фернандо Гавирија Фернандо Гавирија[заб 3] Квик-Степ Флорс Тим Дименжн Дата
4 Јан Поланц Боб Јунгелс Јан Поланц Боб Јунгелс[заб 4] Канондејл-Драпак ОАЕ Абу Даби
5 Фернандо Гавирија Фернандо Гавирија Квик-Степ Флорс
6 Силван Дилје
7 Кејлеб Јуан ОАЕ Тим Емирати
8 Горка Изагире
9 Наиро Кинтана Наиро Кинтана Давиде Формоло Мовистар Тим
10 Том Димулен Том Димулен Боб Јунгелс
11 Омар Фраиле
12 Фернандо Гавирија Омар Фраиле
13 Фернандо Гавирија
14 Том Димулен Том Димулен[заб 5]
15 Боб Јунгелс
16 Винченцо Нибали Микел Ланда
17 Пјер Ролан
18 Тиџеј ван Гардерен Адам Јејтс
19 Микел Ланда Наиро Кинтана
20 Тибо Пино
21 Јос ван Емден Том Димулен Боб Јунгелс
На крај Том Димулен Фернандо Гавирија Микел Ланда Боб Јунгелс Мовистар Тим Квик-Степ Флорс
Забелешки
  1. На втората етапа, Кејлеб Јуан, кој бил втор во бодовниот и во пласманот за млад возач, ја носел виолетовата маичка, бидејќи Лукас Пестлбергер (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман во текот на етапата. Јаспер Стејвен, кој бил трет во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка како последица на тоа.
  2. На третата етапа, Кејлеб Јуан, кој бил четврти во бодовниот пласман, ја носел виолетовата маичка, бидејќи Андре Грајпел (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман, Даниел Теклехајманот (на второто место) ја носел сината маичка како предводник на планинскиот пласман, а Лукас Пестлбергер (на третото место) ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач во текот на етапата.
  3. На четвртата етапа, Лукас Пестлбергер, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Фернандо Гавирија (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман во текот на етапата.
  4. На етапите 5-9, Адам Јејтс, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Боб Јунгелс (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман.
  5. На петнаесеттата етапа, Омар Фраиле, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел сината маичка, бидејќи Том Димулен (на првото место) ја носел розовата маичка како предводник на генералниот пласман.

Пласмани

уреди
Легенда
  Го означува предводникот на генералниот пласман   Го означува предводникот на планинскиот пласман
  Го означува предводникот на бодовниот пласман   Го означува предводникот на пласманот за млад возач

Победничка екипа

уреди
Екипа Време
1 Мовистар Тим 270ч 36' 48"
2 Аг2р-Ла Мондијал + 59' 46"
3 ФДЖ + 1ч 19' 56"
4 Бахреин-Мерида + 1ч 24' 52"
5 Канондејл-Драпак + 1ч 27' 19"
6 ОАЕ Тим Емирати + 1ч 59' 31"
7 Тим Скај + 1ч 59' 41"
8 Астана + 2ч 09' 05"
9 Трек-Сегафредо + 2ч 23' 12"
10 Тим Санвеб + 2ч 41' 45"

Помали пласмани

уреди

Биле наградувани и неколку други помали пласмани. Првиот бил пласманот за средни спринтови. На секоја друмска етапа имало два спринта. Првите возачи кои ќе поминеле низ целта на средните спринтови добивале бодови; возачот со најмногу бодови на крајот на трката го освојува пласманот. Пласманот бил освоен од Даниел Теклехајманот (Тим Дименжн Дата). Друг пласман — наградата за борбеност (италијански: Premio Combattività) — вклучувала бодови доделени на возачот на завршницата на етапата, на средните спринтови и на врвовите на категоризираните искачувања. Пласманот бил освоен од Микел Ланда (Тим Скај). Постоела и награда за бегство (италијански: Premio della Fuga). За ова, бодови биле доделувани на секој возач вклучен во било кое бегство помало од 10 возачи, кое се одвоило најмалку 5 километри. Секој возач добивал бод за секој поминат километар надвор од групата. Возачот со најмногу бодови на крајот на Џиро ја добивал наградата. Пласманот бил освоен од Павел Брут (Гаспром-РусВело). Завршниот пласман е „фер плеј“ за секоја екипа. Екипите добивале казнени бодови за нарушување на различни правила. Се движеле од половина бод, за нарушувања на предупредувања од организаторите на трката, до 2.000 бода казна за позитивен допинг-тест. Екипата со најмалку бодови на крајот на Џиро го освојувала пласманот. Пласманот бил освоен од Бора-Хансгрое, кои имале само 20 казнени бодови.

Наводи

уреди
  1. „UCI expands WorldTour to 37 events“. Cycling News. Посетено на 2 октомври 2016.
  2. „The UCI reveals expanded UCI WorldTour calendar for 2017“. UCI. Посетено на 2 октомври 2016.
  3. 3,0 3,1 „Giro d'Italia 2017 route: Sardinia start for 100th edition“. cyclingweekly.co.uk. 14 септември 2016. Архивирано од изворникот на 2016-09-19. Посетено на 14 септември 2016.
  4. „Tom Dumoulin overhauls Nairo Quintana to win Giro d'Italia in nail-biting final time trial“. Cycling Weekly (англиски). 28 мај 2017. Посетено на 28 мај 2017.
  5. „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
  6. „Astana decide not to replace Michele Scarponi in Giro d'Italia line-up“. cyclingweekly.com. 30 април 2017. Посетено на 2 мај 2017.
  7. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-04-30. Посетено на 2017-05-07.
  8. http://www.cyclingweekly.com/news/racing/know-now-possible-steven-kruijswijk-ready-take-second-chance-giro-ditalia-327221
  9. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2018-04-30. Посетено на 2017-05-07.
  10. „Two riders fail dope test on eve of 100th Giro d'Italia“. 4 мај 2017.
  11. „Two Bardiani CSF riders positive in out-of-competition control“. Cycling News. 4 мај 2017. Посетено на 5 мај 2017.
  12. „UCI statement on Nicola Ruffoni, Stefano Pirazzi and UCI Professional Continental Team Bardiani CSF“. www.uci.ch.
  13. http://www.uci.ch/mm/Document/News/CleanSport/17/63/88/20170504ProvisionalsuspensionsEN_English.PDF
  14. redazione, La (24 октомври 2016). „In anteprima le altimetrie di tutte le tappe del Giro d'Italia 2017!“. cicloweb.it. Посетено на 2 мај 2017.
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 15,4 Garibaldi 2017, стр. 8.
  16. „Giro d'Italia 2017: The essential guide“. Cycling News. 5 мај 2017. Посетено на 5 мај 2017.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 Лора, Вајсло (13 мај 2008). „Разјаснети пласманите на Џиро д'Италија“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 август 2009.
  18. 18,0 18,1 „Giro revamps time bonus and points systems for 2014 edition“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 8 април 2014. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 16 октомври 2015.

Надворешни врски

уреди