Хуан Хосе Кобо

шпански велосипедист

Хуан Хосе Кобо Асебо (шпански: Juan José Cobo Acebo; р. 11 февруари 1981) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално во периодот 2004-2014 година. Победил на Вуелта а Еспања 2011 како возач на Геокс-ТМЦ, негова прва и најголема победа, но во јули 2019 година му била одземена титулата откако бил пронајден виновен за допинг од UCI.[1] Бил сметан за добар специјалист за искачување и постигнувал добри времиња на хронометарските етапи.

Хуан Хосе Кобо
Лични податоци
Цело имеХуан Хосе Кобо Асебо
ПрекарEl Bisonte de La Pesa
Роден11 февруари 1981(1981-02-11)(43 г.)
Торелавега, Кантабрија, Шпанија
Висина1,75 м
Маса69 кг
Податоци за клубот
Мом. клубпензиониран
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување и хронометри
Аматерски клубови
2002
2003
Соние Дувал
Вини Калдирола-Со.Ди (стажант)
Професионални клубови
2004–2009
2010
2011
2012–2013
2014
Соние Дувал-Продир
Кес д’Епарњ
Геокс-ТМЦ
Мовистар Тим
Торку Шекерспор
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 поединечна етапа (2008)

Етапни трки

Трка околу Баскија (2007)

На 13 јуни 2019 година, UCI изјавиле дека Кобо бил пронајден виновен за допинг, засновано на неговите податоци од биолошкиот пасош.[2]

Животопис

уреди

Во 2003 година, Кобо го освоил националното хронометарско првенство под 23 години. Бил избран во националниот сосав за европските првенства во Атина во август и за светските првенства во Хамилтон, Канада, во октомври. На Европските првенства завршил четврти, 30 секунди зад победникот Маркус Фотен. На Светските првенства учествувал на хронометарот со Исидро Нозал и го освоил 33. место. Во септември ѝ се приклучил на професионалната екипа Вини Калдирола како стажант.

Во 2004 година, Кобо станал професионалец во новата шпанска екипа Соние Дувал-Продир, предводена од Мауро Џанета, менаџер на Вини Калдирола во 2003. Негов најдобар резултат во сезоната било деветтото место на Јапонскиот куп.

Во 2005 година учествувал на неговата прва голема трка, на Џиро д’Италија.

Во 2007 година победил на Трката околу Баскија, каде освоил две етапи. Ја освоил водечката маичка уште на првата етапа, која ја освоил, но ја загубил на третата етапа од возачот на Релакс-ГАМ Анхел Висиосо. Повторно победил на етапата 5 и повторно се стекнал со водство на трката, кое успеал да го одржи на хронометарот на наредната етапа и ја освоил трката.[3] Потоа, Кобо учествувал на Тур де Франс каде се надевал на етапна победа. Во тоа не успеал, но завршил на трката на 20. место.

Во 2008 година имал слаб почеток на сезоната, но завршил втор на етапа на Тур де Франс, зад неговиот колега Леонардо Пјеполи. И покрај силната форма на првата планинска етапа на Тур де Франс, Кобо бил приморан да се откаже од трката со неговата екипа по позитивниот резултат на Италијанецот Рикардо Рико. Подоцна му била доделена етапната победа откако на Пјеполи му биле одземени резултатите поради допинг.[4] Соние Дувал го промениле името во Скот-Американ Биф, но не биле поканети на Вуелта а Еспања.

Екипата станала Фуџи-Сервето на почетокот на сезоната 2009. Кобо останал верен, што му дозволило да ја презема одговорноста како водач на екипата, завршувајќи 10. на Вуелта а Еспања. Не учествувал на Тур де Франс, бидејќи неговата екипа не била поканета од организаторите. Ја претставувал Шпанија на Светските друмски првенства во Мендрисио.

Во 2011 година, екипата Геокс-ТМЦ била поканета на Вуелта а Еспања со специјална покана. Кобо бил избран да вози на трката како поддршка за неговиот водач Денис Мењшов. По освојувањето на 15. етапа на стрмниот врв на Англиру станал водач на трката и екипата. Кобо го зачувал водството до крајот на трката, одолевајќи на нападите од Крис Фрум, кој бил второпласиран за само 13 секунди. Особено жесток бил нападот на Фрум во последниот километар на седумнаесеттата етапа, кога Кобо отпаднал едно време, но успеал да се врати и завршил зад Фрум со доцнење од 1 секунда.[5][6][7]

Откако Геокс-ТМЦ се распаднала на крајот на 2011, Кобо се приклучил во Мовистар Тим за сезоната 2012.[8] Имал година без победи, учествувајќи на Тур де Франс, каде завршил на 30. место во генералниот пласман. Било предвидено да биде водач на екипата на Вуелта а Еспања за одбрана на титулата, но набрзо водството му било предадено на Алехандро Валверде, откако Валверде подобро се покажал на првите етапи од Кобо.[9] Кобо му помогнал на Валверде да заврши како втор, додека тој завршил на 67. место.[10]

Кобо го напуштил Мовистар Тим на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Торку Шекерспор за сезоната 2014.[11] Се пензионирал по таа сезона.

На 18 јуни 2019 година по сознанија од неговиот биолошки пасош, кои покажале користење средства за подобрување на резултатите, на Кобо му била одземена титулата на Вуелта, како и сите други резултати помеѓу 29 август 2009 година и 27 септември 2009 година, како и помеѓу 20 август 2011 година и 11 септември 2011 година, што значело дека го загубил и 10. место на Вуелта во 2009 година.[12] Бидејќи Кобо не поднел жалба во рокот од 30 дена, му била одземена титулата на Вуелта 2011 на 18 јули 2019 година.[13]

Достигнувања

уреди
2003
  Шпанија Национални хронометарски првенства под 23 години
1. Етапа 5b (ITT) Вуелта а Навара
2004
9. Јапонски куп
2005
10. Копа Плаки
2007
1. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
1. Етапа 1
1. Етапа 5
3. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
3. Субида а Уркиола
5. ГП Мигел Индураин
9. Лиеж-Бастон-Лиеж
2008
1. Етапа 10 Тур де Франс
2. Субида а Уркиола
4. Краен пласман Волта а Португал
1. Етапа 9
6. Краен пласман Вуелта а Бургос
1. Етапа 5
2009
9. Џиро ди Ломбардија
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 19
10. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон
1. Етапа 4
10. Национални друмски првенства
2011
1. Краен пласман   Вуелта а Еспања
1.   Комбиниран пласман
1. Етапа 15
3. Трофео Деја
3. Краен пласман Вуелта а Бургос
8. Трофео Инка
9. Меморијал Марко Пантани
2014
6. Краен пласман Трка околу Турција

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
  Џиро СО 116
  Тур 20 СО 30
  Вуелта СО 10 1 67

СО = се откажал; — не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Cobo brings home his first Grand Tour victory“. Архивирано од изворникот на 2013-01-02. Посетено на 2013-03-12.
  2. „UCI statement on Juan José Cobo Acebo, Jun 13, 2019, 16:18 PM“. Архивирано од изворникот на 2019-07-07. Посетено на 2019-09-15.
  3. IOL Sports. Independent Online. 14 април 2007 http://www.iol.co.za/sport/spain-s-cobo-wins-tour-of-basque-country-1.571376#.UMvyQuT7JxM. Посетено на 15 декември 2012. Отсутно или празно |title= (help)
  4. Ендру Худ (6 септември 2011). „Wiggins gives Cobo benefit of doubt“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 14 декември 2012.
  5. „Британците Крис Фрум и Бредли Вигинс на подиум на Вуелта а Еспања“. Guardian. 11 септември 2011. Посетено на 12 септември 2011.
  6. „Cobo secures maiden Vuelta crown“. ABC News. 11 септември 2011. Посетено на 12 септември 2011.
  7. „Кобо ја прослави победата на Вуелта во Мадрид“. Cycling News. 12 септември 2011. Посетено на 12 септември 2011.
  8. „Кобо му се приклучи на Валверде во Мувистар“. Yahoo! Eurosport. TF1 Group. Reuters. 30 декември 2011. Посетено на 4 јануари 2012.
  9. Вил Протеру (20 август 2012). „Вуелта а Еспања 2012: Алехандро Валверде победи на етапата 3 и го презема водството“. Bleach Report. 2012 Bleacher Report, Inc. Посетено на 15 декември 2012.
  10. „Поредок на Вуелта а Еспања 2012“. Cycling Central. SBS 2012. Посетено на 15 декември 2012.[мртва врска]
  11. „Поранешниот победник на Вуелта Кобо се сели во екипата Торку“. VeloNation. VeloNation LLC. 6 декември 2013. Посетено на 25 декември 2013.
  12. Лонг, Џони (18 јуни 2019). „Juan José Cobo has been stripped of his 2011 Vuelta a España title after being found guilty of doping“. Cycling Weekly. Посетено на 18 јуни 2019. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  13. „Chris Froome awarded 2011 Vuelta a Espana as Juan Jose Cobo stripped of title“. 18 јули 2019. Посетено на 18 јули 2019.

Надворешни врски

уреди