Трка околу Баскија 2014
Трка околу Баскија 2014 — 54. издание на велосипедската етапна трка Трка околу Баскија. Започнала на 7 април 2014 година во Ордизија и завршила на 12 април во Маркина-Хемејн, составена од шест етапи, вклучувајќи го и поединечниот хронометар. Претставува деветта трка во сезоната на Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2014, трка 9 од 29 | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 7–12 април 2014 | ||
Етапи | 6 | ||
Растојание | 840,8 км | ||
Време | 21ч 09' 11" (24,7 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
![]() |
Победник | ![]() |
(Тинкоф-Саксо) |
Втор | ![]() |
(Омега Парма-Квик Степ) | |
Трет | ![]() |
(Аг2р-Ла Мондијал) | |
![]() |
Бодовен | ![]() |
(Омега Парма-Квик Степ) |
![]() |
Планински | ![]() |
(Канондејл) |
![]() |
Спринтерски | ![]() |
(Каха Рурал-Сегурос РГА) |
Екипен | БМЦ Рејсинг Тим | ||
Трката по третпат била освоена[1] од шпанскиот велосипедист Алберто Контадор од Тинкоф-Саксо,[2] кој ја освоил воведната етапа на трката по нападот кон крајот на етапата и го држел водството на трката до крајот. Контадор го освоил генералниот пласман со 49 секунди[3] пред второпласираниот Михал Квјатковски (Омега Парма-Квик Степ) додека возачот на Аг2р-Ла Мондијал Жан Кристоф Перо го заокружил подиумот,[4] 15 секунди зад Квјатковски и 64 секунди зад Контадор. Обајцата, Квјатковски и Перо, последната етапа ја започнале на места надвор од првите тројца, но се искачиле во пласманот благодарение на нивните солидни резултати на хронометарот.
Со пет трети места од шест етапи, Квјатковски исто така бил победник на белата маичка за бодовниот пласман,[5] преземајќи го водството на последната етапа од возачот на Мовистар Тим Алехандро Валверде; Валверде исто така паднал од второто на петтото место во генералниот пласман.[6] Возачот на Канондејл Давиде Вилела бил освојувач на планинскиот пласман,[7] одржувајќи го тоа водство од почетокот до крајот, додека спринтерскиот пласман втора година по ред бил освоен од возач на екипата Каха Рурал-Сегурос РГА; Омар Фраиле го освоил пласманот,[7] откако Аметс Чурука го направил истото во 2013. Екипниот пласман бил освоен од БМЦ Рејсинг Тим,[8] со тројца од нивните возачи во првите 15 во генералниот пласман.
ЕкипиУреди
Бидејќи Трката околу Баскија е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Специјална покана им била доделена само на Каха Рурал-Сегурос РГА, со што се создала група од 19 екипи.
Екипите кои настапиле на трката биле:[9]
† Специјално поканета екипа на трката.
ЕтапиУреди
Етапа 1Уреди
- 7 април 2014 — Ордизија до Ордизија, 153,4 км
Резултат од етапа 1 и генерален пласман по етапа 1
|
Етапа 2Уреди
- 8 април 2014 — Ордизија до Урдазуби, 155,8 км
Резултат од етапа 2
|
Генерален пласман по етапа 2
|
Етапа 3Уреди
- 9 април 2014 — Урдазуби до Виторија, 194,5 км
Резултат од етапа 3
|
Генерален пласман по етапа 3
|
Етапа 4Уреди
- 10 април 2014 — Виторија до Ејбар, 151 км
Резултат од етапа 4
|
Генерален пласман по етапа 4
|
Етапа 5Уреди
- 11 април 2014 — Ејбар до Хемејн, 160,2 км
Резултат од етапа 5
|
Генерален пласман по етапа 5
|
Етапа 6Уреди
- 12 април 2014 — Хемејн, 25,9 км, поединечен хронометар
Резултат од етапа 6
|
Краен генерален пласман
|
ПоредокУреди
На Трка околу Баскија 2014 се доделувале четири различни маички. На генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Трка околу Баскија 2014 и победникот на пласманот бил победник на трката.
Дополнително, постоел бодовен пласман, на кој се доделувала белата маичка. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите 15 места на етапата. За победа на етапа, возачот добивал 25 бода, второто место добивало 20 бода, третото место 16 бода, четвртото 12 бода, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку до еден бод за 15. место. Постоел, исто така, и планински пласман, каде водството во пласманот било обележано со црвена маичка со бели точки. Во планинскиот пласман, бодовите биле освојувани доколку велосипедистите стигнат на некое искачување пред останатите велосипедисти и повеќе бодови биле достапни на повисоките категоризирани искачувања.
Четвртата маичка го претставувала спринтерскиот пласман, обележан со сината маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите три места на средните спринтови во текот на етапите, со исклучок на завршниот поединечен хронометар. Постоел и екипен пласман, во кој времињата на тројцата најдобри велосипедисти од секоја екипа биле собирани заедно; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најниско вкупно време.
Етапа | Победник | Генерален пласман |
Бодовен пласман |
Планински пласман |
Спринтерски пласман |
Екипен пласман |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | Алберто Контадор | Алберто Контадор | Алберто Контадор | Давиде Вилела | Матео Монтагути | БМЦ Рејсинг Тим |
2 | Тони Мартин | Михал Квјатковски | ||||
3 | Мајкл Метјус | |||||
4 | Ваут Пулс | Алехандро Валверде | Омар Фраиле | |||
5 | Бен Свифт | |||||
6 | Тони Мартин | Михал Квјатковски | ||||
На крај | Алберто Контадор | Михал Квјатковски | Давиде Вилела | Омар Фраиле | БМЦ Рејсинг Тим |
НаводиУреди
- ↑ „Контадор ја освои третата титула на Трката околу Баскија“. USA Today. Gannett Company. Associated Press. 12 април 2014. Посетено на 12 април 2014.
- ↑ „Контадор победи на Трката околу Баскија“. Тинкоф-Саксо. Tinkoff Sport. 12 април 2014. Посетено на 12 април 2014.
- ↑ Вин, Најџел (12 април 2014). „Алберто Контадор победи на Трката околу Баскија“. Cycling Weekly]]. IPC Media. Посетено на 12 април 2014.
- ↑ „ЖК Перо на подиум“. Аг2р-Ла Мондијал. EUSRL France Cyclisme. 12 април 2014. Архивирано од изворникот на 2014-04-13. Посетено на 12 април 2014.
- ↑ „Мартин победи, Квјатковски подиум на етапа и генерален пласман!“. Омега Парма-Квик Степ. Decolef. 12 април 2014. Архивирано од изворникот на 2014-04-13. Посетено на 12 април 2014.
- ↑ „Валверде остана ненаграден“. Мовистар Тим. Abarca Sports. 12 април 2014. Посетено на 12 април 2014.
- ↑ 7,0 7,1 Фаранд, Стивен (12 април 2014). „Контадор ја обезбеди победата на Трката околу Баскија пред Квјатковски“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 12 април 2014.
- ↑ „БМЦ Рејсинг Тим победи на Трката околу Баскија“. БМЦ Рејсинг Тим. BMC Trading. 12 април 2014. Архивирано од изворникот на 2014-04-13. Посетено на 12 април 2014.
- ↑ „Почетна список на Трката околу Баскија 2014“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 8 април 2014.
Надворешни врскиУреди
- Трка околу Баскија 2014 на Ризницата ?
- Матична страница