10 јули
датум
10 јули — 191-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (192-и во престапна година). Остануваат 174 денови до крајот на годината. Предлошка:Јули 2025
Настани
уреди1943 | Англо-американските трупи, во текот на Втората светска војна се истоваруваат во Сицилија. |
1953 | Советскиот претседател Никита Хрушчов го сменува министерот за внатрешни работи Лаврентиј Берија, џелатот на Сталинистичките чистки. Подоцна Берија е уапсен, осуден на смрт и стрелан. |
1962 | САД го лансираа првиот телекомуникациски сателит Телстар-1 за пренос на телевизиските програми од САД во Европа. |
1973 | Бахамските Острови стекнаа независност по три векови британско колонијално владеење. |
1992 | Американски суд го осудува поранешниот диктатор на Панама - Мануел Нориега на 40 години затвор поради тоа што дозволил криумчарење на дрога во Панама. |
Родени
уреди1509 | Жан Калвин — верски реформатор. |
1830 | Камиј Писаро — француски сликар и графичар. |
1931 | Алис Манро — канадска писателка. |
1851 | Фридрих Визер — австриски економист. |
1856 | Никола Тесла — истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката. |
1867 | Анте Тресиќ-Павичиќ — хрватски писател и политичар. |
1871 | Марсел Пруст — француски писател и академик. |
1888 | Џорџо де Кирико — италијански сликар. |
1889 | Николај Асеев — советски и руски поет. |
1895 | Карл Орф — германски композитор. |
1911 | Кути Вилијамс — американски блуз и џез-музичар. |
1926 | Павле Вуисиќ — југословенски и српски глумец. |
1930 | Иван Ивановски — македонски поет. |
1931 | Алис Манро — канадска писателка — нобеловка. |
1942 | Мирјана Марковиќ — српска и југословенска политичарка и универзитетска професорка, сопруга на српскиот претседател Слободан Милошевиќ. |
1950 | Абдираим Идризи — македонски и косовски писател. |
1957 | Петар Нечовски — македонски пејач. |
1965 | Митар Мркела — српски и југословенски фудбалер. |
1965 | Алексија — принцеза на Грција. |
1967 | Зоран Џорлев — македонски виолинист. |
1969 | Јонас Кауфман — германско-австриски оперски пејач. |
1976 | Едмилсон — бразилски фудбалер. |
1980 | Џесика Симпсон — американска пејачка, глумица и претприемач. |
1983 | Габи — шпански фудбалер. |
1985 | Марио Гомес — германски фудбалер. |
1995 | Трејвор Бромел — американски атлетичар. |
Починале
уреди685 | Константин IV — византиски цар. |
983 | Бенедикт VII — римски папа. |
1099 | Ел Сид — шпански национален херој. |
1559 | Анри II — француски крал. |
1851 | Луј Дагер — француски пронаоѓач и фотограф. |
1884 | Пол Морфи — американски шахист. |
1986 | Рафаел Хил — шпански режисер. |
1998 | Атанас Близнаков — основач на истоимената фондација при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. |
2001 | Хусни Џемаили — член на ОНА. |
2020 | Џеки Чарлтон — англиски фудбалер. |