Мехмед V
Мехмед V Решад (турски: Mehmed V Reşad или Reşat Mehmet) (2 ноември 1844 во Цариград – 3 јули 1918 во Цариград) бил 35-тиот отомански султан.[1][3] Бил син на султанот Абдул Меџит I.[4] Како и многу други потенцијални наследници, тој бил затворен цели 30 години во харемите во царскиот сарај. Девет оди тие години тој бил чуван сосема сам. За ова време тој изучувал поезија во стар персиски стил и самиот бил почитуван поет.
Мехмед V | |
---|---|
Османлиски султан и Калиф | |
На престол | 27 април 1909 – 3 јули 1918[1] |
Крунисување | 10 мај 1909 |
Претходник | Абдул Хамид II |
Наследник | Мехмед VI |
Роден(а) | 2 ноември 1844 Топкапи-сарај[2] |
Починал(а) | 3 јули 1918 Палата Јилдиз) | (возр. 73)
династија | Османлиска династија |
Татко | Абдулмеџид I |
Мајка | Ѓулкемал султан |
Вероисповед | суни ислам |
Потпис |
Владеење
уредиПочнал да владее по Младотурската револуција, на 27 април 1909 година, но немал вистинска политичка моќ. Фактичките решенија и заклучоци ги донесувале разни владини функционери, а на крајот, за време на Првата светска војна, решавале трите паши: Енвер Паша, Талат Паша и Џемал Паша.
Единственото политичко дело од значење на Мехмед V била формалната објава на џихад против Антантата во ноември 1914. Ова била последната вистинска објава на џихад во историјата, бидејќи Калифатот постоел до 1924. Објавата немала некаков приметлив ефект врз војната, и покрај фактот што во отоманските територии живееле многу муслимани. Подоцна Арапите им се придружиле на Bританците против Tурците со т.н. Арапска буна во 1916 година.
Мехмед V бил домаќин на кајзерот Вилхелм II, неговиот сојузник, во Истанбул на 15 октомври 1917.
Смрт
уредиПочинал на 3 јули 1918 на возраст од 73 години.[1][5] Тој го провел речиси целиот свој живот во Долмабахче сарајот и Јилдиз сарајот во Истанбул. Гробот му се наоѓа во историскиот дел на Истанбул, Ејуп. Имал два сина: принц Мехмед Зијаедин (1873-1938) и принц Омер Хилми (1888-1935).
Слики
уредиНеговата посета на Македонија во 1911 год. е овековечена во два кратки документарни филма од браќата Манаки:
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Мехмед V“ (PDF). Македонска енциклопедија. МАНУ. 2009. Занемарен непознатиот параметар
|pade=
(help); Не се допушта закосување или задебелување во:|encyclopedia=
(help) - ↑ The Encyclopaedia Britannica, Vol.7, Edited by Hugh Chisholm, (1911), 3; "Constantinople, the capital of the Turkish Empire..".
- ↑ The Encyclopaedia Britannica, Vol.7, 3; "Constantinople, the capital of the Turkish Empire..".
- ↑ Cakir, Coskun (2009). „Abdulmecid“. Encyclopedia of the Ottoman Empire (англиски). Infobase Publishing. Занемарен непознатиот параметар
|pade=
(help); Не се допушта закосување или задебелување во:|encyclopedia=
(help) - ↑ Aksin Somel, Selcuk (2009). „Mehmed V“. Encyclopedia of the Ottoman Empire (англиски). Infobase Publishing. Занемарен непознатиот параметар
|pade=
(help); Не се допушта закосување или задебелување во:|encyclopedia=
(help)