Драган Великиќ (српски: Драган Великић; Белград, 1953) - српски писател.

Драган Великиќ
Роден 3 јули 1953(1953-07-03)(71 г.)
Белград,  СФРЈ
Занимање книжевник

Животопис

уреди

Драган Великиќ е роден во Белград, во 1953 година. На Филолошкиот факултет во Белград дипломирал општа книжевност со теорија на книжевноста. Од 1994 до 1999 година работел како уредник на издавачката дејност на Радиото Б 92, а истовремено пишувал колумни за повеќе списанија, како: „Време“, „НИН“, „Данас“, „Репортер“ и „Статус“. Од јуни 2005 до ноември 2009 година бил српски амбасадор во Австрија. Живее во Белград работејќи како слободен писател.[1]

Творештво

уреди

Великиќ е автор на следниве дела:[2]

Неговите книги се преведени на 15 европски јазици и на арапски јазик, а застапен е во неколку српски и странски антологии. Според Горчин Стојановиќ, „... малку се вистинските писатели како Великиќ. Тој е уживање во чистата литература. Неговата реченица секогаш ве води понатаму, како што во музиката правеше Хендрикс“.[3]

Великиќ е добитник на неколку награди и признанија, како:[2]

Наводи

уреди
  1. „O autoru“, во: Dragan Velikić, Islednik, peto izdanje. Beograd: Laguna, 2016, стр. 265.
  2. 2,0 2,1 „O autoru“, во: Dragan Velikić, Islednik, peto izdanje. Beograd: Laguna, 2016, стр. 265-266.
  3. Dragan Velikić, Islednik, peto izdanje. Beograd: Laguna, 2016.