Филип Кузмановски

македонски ракометар

Филип Кузмановски (роден на 3 јули 1996 г.) — македонски ракометар кој игра за Хановер и за македонската репрезнтација.[1][2]

Филип Кузмановски
Лични податоци
Роден(а) 3 јули 1996(1996-07-03)(27 г.)
Битола, Македонија
Националност Македонија Македонец
Спорт Ракомет
Висина 1.98 м
Позиција Лев бек
Клупски податоци
Тековен клуб Германија Хановер
Број 18
Младински клубови
Македонија Пелистер
Сениорски клубови
2013–2015
2015–2018
2018–2019
2019–2020
2020–
Македонија Пелистер
Македонија Металург Скопје
Македонија Еурофарм Работник
Германија Магдебург
Германија Хановер
Репрезентација
2015– Македонија Македонија 38 (61)

Клупска кариера уреди

Кузмановски започнал да тренира фудбал во младинските категории на фудбалскиот клуб Пелистер во Битола, но поради здравстени проблеми бил принуден да направи пауза од фудбалот, а по враќањето се префрлил во ракометната секција на Пелистер.[3] Тој ги поминал сите возрасни категории во клубот и бил прекомандуван во првиот тим на РК Пелистер, на 17-годишна возраст.

Пред почетокот на сезоната 2015–16, тој потпишал тригодишен договор со Металург Скопје, чиј предводник бил Лино Червар.[4] Иако тој бил еден од главните играчи на Металург во домашното првенство и во Лигата на шампионите, поради финансиските проблеми на клубот, тој бил принуден да го напушти Металург и да се врати во Битола, во Еурофарм Работник.[5] По завршувањето на сезоната 2018–19, Кузмановски преминал во редовите на германскиот бундеслигаш Магдебург, со кој веќе потпишал преддоговор уште пред почетокот на сезоната.

Во март 2020 година, Кузмановски потпишал тригодишен договор со Хановер, и се приклучил на новиот клуб на почетокот на сезоната 2020–21. Во својата прва сезона во дресот на Хановер, тој постигнал 65 гола во Бундеслигата, со процент на реализација од 59%.[6]

Репрезентативна кариера уреди

Кузмановски ги поминал сите возрасни категории во дресот на македонската репрезентација, и за сениорскиот тим за прв пат дебитирал во 2015 година.[7] Тој бил дел од составот на јуниорската репрезентација на Македонија која го освоила 6. место на Светското јуниорско првенство 2017 во Алжир, завршувајќи како втор најдобар стрелец за Македонија со 35 гола.[8]

Своето деби на Европските првенства во репрезентативниот дрес, Кузмановски го имал на Европското првенство 2016 во Полска.

Наводи уреди

Надворешни врски уреди