Џејмс „Џим“ Даглас Морисон (англиски: James Douglas "Jim" Morrison; 8 декември 1943 - 3 јули 1971) — американски пејач, текстописец, писател и поет, главен изведувач на групата The Doors. Роден бил во Мелбурн, Флорида, од ирско и шкотско потекло[1] , водечки вокал и текстописец американската рок група The Doors, и важи за еден од најхаризматичните водачи во историјата на рок-музиката, а и воопшто. За самата група кружи мислењето дека е една од највлијателните групи во поширока смисла, не само од музички аспект. Морисон е автор на неколку книги со поезија, документарни и кратки филмови и на музичките спотови за песните „The Unknown Soldier“ и „People are Strange“. Смрта на Морисон на 27-годишна возраст во Париз ги запрепастила неговите обожаватели ширум светот. Начинот на кој настанала смртта и тајниот погреб се предмет на разни шпекулации и заземаат голем удел во целата мистичност што и до ден денес се поврзува со неговото име.

Џим Морисон
Животописни податоци
Родено имеЏим Даглас Морисон
Роден(а)8 декември 1943(1943-12-08)
Мелбурн, САД
Починал(а)3 јули 1971(1971-07-03) (возр. 27)
Париз, франција
ЖанровиРок
Занимањамузичар, поет
Период на активност1963—1971
ИздавачиЕлектра Рекордс, Колумбија Рекордс
СоработнициДорс
[
Мреж. местоhttp://www.thedoors.com/
За други луѓе со името Џим или Џејмс Морисон видете Џејмс Морисон.

Морисон е син на Џорџ Стивен Морисон и Клара Кларк Морисон кои се запознале на Хаваите. Трудната Клара се преселила во Клирвотер, Флорида во 1943 и живеела таму со свекрвата и свекорот додека Стивен Морисон учел за пилот во една морнарица во близина на Соединетите Американски Држави. Кога неговата пилотска обука завршила, пролетта 1944 заминал да служи на Тихоокеанскиот фронт за време на Втората светска војна. Клара останала на Флорида со штотуку родениот син. Џим Морисон ја добива и помладата сестра Ана и братот Енди.Како што би се очекувало за еден војнички дом, таткото на Џим Морисон и неговиот дедо биле строго воспитани.

Според Морисон, еден од најзначајните моменти во неговиот живот бил во 1947 година за време на семејното патување во Ново Мексико.За оваа случка има и песна Riders on the storm. “ Првпат во животот ја открив смртта. Мајка ми, татко ми, баба ми, дедо ми и јас се возевме наутро низ пустината. Камион со индијанци удри во колата или така нешто. Имаше насекаде на патот индијанци, крвареа до смрт. Јас бев само дете, така да останав во колата додека татко ми и дедо ми заминаа да проверат што се случува. Не можев да видам ништо... сè што приметив беше една чудна црвена боја и луѓе кои лежеа наоколу, но знаев дека нешто се случило затоа што можев да ги осетам вибрациите на луѓето околу мене и знаев дека ни тие не знаат што се случило. Тоа беше првпат да осетам страв .. и осетив во тој момент дека душите на тие индијанци, можеби еден или двајца, се движеа наоколу... “ – вака Џим ја опишува оваа случка. Двајцата родители на Морисон тврделе дека тоа никогаш не се случило, но тој бил толку потресен од таа несреќа што тие морале да го лажат дека тоа било само сон, само за да го смират. Без разлика дали овој настан бил вистинит, замислен .. Морисон секогаш го спомнува.

Џим завршува во гимназијата “Џорџ Вашингтон” во Александрија, јуни 1961. Следејќи го татко му, целото семејство се преселува во јужна Калифорнија во август истата година. Џим го праќаат да живее со баба му и дедо му во Клирвотер , каде се запишал на колеџот “Сент Петерсбург”. Меѓутоа, животот со строгите старци е тежок за Џим, кој сакал алкохол. Подоцна се префрла на државниот универзитет во Талахаси, Флорида. Јануари 1964, покрај спротивставувањето на неговите родители, Морисон конечно заминал во Лос Анџелес, каде што се запишал на студии за филм.

Уметничките корени на Џим Морисон

уреди

Затоа што неговиот татко бил офицер, Морисонови често се селеле. Поради тоа Џимовото рано школување постојано се прекинувало и додека се преместувал од училиште во училиште. Сепак, се покажува како интелегентен и способен, посебно со часови се посветувал на книжевноста, поезијата, религијата, филозофијата и психологијата. Овие интересирања јасно се одразиле во неговиот развој како текстописец и се од големо значење за неговите ставови спрема животот. Како мал, Морисон ја откривал работата на филозофот Фридрих Ниче. Исто така ги обожавал Вилијам Блејк и Шарл Бодлер. Џек Керуак и неговиот роман “На патот” имале големо влијание на Морисоновите погледи и начини на изразување. Исто така го привлекувал и Луј Фердинан Селин и неговата книга „Патување до крајот на ноќта“. Морисон дури и се запознал и спријателил со Мајкл Маклур, многу познат писател. Маклур уживал во стиховите на Џим, но уште повеќе бил воодушевен од неговата поезија и го охрабрувал да ја развива таа своја уметност. Исто така Џим, посебно го привлекувале митовите и религијата на индијанците. Додека одел на училиште, неговото семејство се преселило во Ново Мексико, каде можел да види важни работи од индијанската култура. Тие места, гуштерите, змиите, пустините и древните езера се појавуваат во неговите песни и во неговата поезија.

”The Doors”

уреди

По неговото дипломирање за филм, 1965, Џим Морисон водел боемски живот на плажата во Венеција. Поради режимот со малку храна и многу ЛСДа, во 1966 Морисон ослабел премногу, тогаш станал Бог на Рок-музиката. Џоел Бродски му направила серија од црно – бели слики позната под името “Сесија на младиот лав” во која била вклучена и култна поза на распнатиот Исус, која била на плочата Best of the Doors. Морисон заедно со неговиот колега од колеџот Реј Манзарек, читајќи му го стиховите за “Moonlight Drive” ја основале групата “The Doors”. Подоцна им се придружил тапанарот Џон Денсмор кој го препорачал и гитаристот Роби Кригер. Името Doors (врата) доаѓа од името на книгата на Олдос Хаскли. Вратата може да се гледа како премин меѓу два светови и не знаеш што се случува во другиот свет, освен ако... не ја преминеш вратата. Како што рекол Морисон : Постојат познати и непознати работи, а помеѓу нив има врата. Со издавањето на првиот албум “Strange days” , The Doors станале еден од најпопуларните рок бендови во САД. Нивната мешавина на блуз, џез и рок никогаш порано не била позната. Веднаш потоа Џим Морисон се оддава на алкохолот кој почнал да го пие во големи количини. Во текот на концертот во Мајами, 1969, Морисон го тужеле за непристојно однесување на сцена и потоа го осудиле, последици од тоа било откажувањето на многу веќе закажани концерти. Поради привременото отсуството на Морисон, The Doors почнале да го менуваат правецот на нивната музика во албумот “Morrison Hotel” . После долга пауза, групата повторно се собрала на крајот на 1970 за да го сними она што ќе биде последната плоча со Џим Морисон “L.A Woman”. Таа го зацврстила враќањето на групата, уклучувајќи ја и песната која набрзо станува една најпопуларните “Texas Radio and the Big Beat” и песната “Riders on the storm”

Приватниот живот на Морисон и неговата жена Памела

уреди

Додека Џим бил мал, неговиот татко бил често отсутен, затоа неговата мајка Клара станала доминантна личност во нивниот дом. Енди, братот на Џим, изјавил дека нивните родители никогаш не користеле телесно казнување за своите деца, туку на друг стар традиционален војнички начин, викање и карање на детето сè додека не ја прифати својата кривица. Енди никогаш не можел да се воздржи и секогаш плачел , но Џим бил многу отпорен и никогаш не пуштил ниту солза. Во текот на својата младост Џим бил многу учтив, неговите родители се надевале дека Џим ќе оди по стапките на својот татко. Во тинејџерските години, Џим го открил чудото на алкохолот и станал долгогодишен зависник од алкохол и дрога. Некогаш послушниот дечко се претворил во вистински бунтовник. Иако неговите професори ја препознале неговата интелегенција (наводно коефициент од 140), Џим често бил немирен на часовите и бил вистински проблем кога станувало збор за дисциплина. И поради сето тоа бил многу популарен.

Џим Морисон бил голем заводник, никогаш не му недостигало внимание на некоја жена, вклучувајќи ја и неговата долгогодишна девојка Памела Курсон. Памела и Џим се запознале пред да стане богат и славен и таа го охрабрувала да ја развие својата поезија која била негова вистинска креативна страст. Со текот на времето Памела почнала да го користи презимето на Џим. Памела не била среќна затоа што The Doors го трошеле целиот талент на Џим, сепак таа сигурно профитирала од неговата заработка, а тој изгледал среќен што троши на неа. Го финансирал и отворањето на нејзиниот бутик. Кога трошоците за бутикот се зголемиле, менаџерот на The Doors го убедувал Џим да ја намали неговата парична помош за Памела, но тој не се согласил со тоа. Сепак односот помеѓу Џим и Памела честопати бил бурен со гласни кавги кои биле пропратени со смирување со солзи. Нивниот бивш соработник Дени Сагермен, рекол дека тоа произлегувало од нивната “отворена” врска која ја пратат болни последици. Иако Џим ја запознал Памела на почетокот на неговата кариера, таа не била неговата прва љубов. Во средно, Морисон имал девојка по име Тенди Мартин, потоа и Мери Вербилоу со која премногу се сакале, но нивната врска не успеала. За неа ја напишал песната The Crystal Ship. Редовно уживал со неговите обожавателки, имал многубројни и кратки авантури со познати личности. По неговата смрт, имало околу 20 барања за признавање на татковството на Џим за децата на некои жени со коишто тој бил некогаш.

Смртта на Џим Морисон

уреди

Во март 1971, се преселил во Париз со намера да прави пауза од концертите и да се сконцентрира на пишувањето. Сакајќи и надевајќи се дека ќе се врати на својот прав пат, ослабел и ја избричил брадата. За брзо време починал, на 3 јули 1971, во својата када, на 27 години. Многумина тврдат дека тоа било поради предозираност со дрога, но според некои извештаи причината било откажувањето на неговото срце. Не се извршила аутопсија затоа што медицинскиот вештак, по правилата на францускиот закон не пронашол траги од борба или некакво насилство. Со тоа оставил простор за премногу шпекулации и гласнини.

Во својата автобиографија, Дени Сагермен кажува дека тајно се сретнал со Памела кога се вратила во Америка во половината на седумдесеттите. Според неговата приказна, Памела му рекла дека Морисон умрел од предозирање со хероин, кога вшмркал обилна кочичина, мислејќи си дека е кокаин. Памела дала исто така различни контрадикторни верзиии за неговата смрт, аma изгледа дека поголемиот број од обожавателите ја прифатиле приказната за хероинот и предозираноста. Памела умрела од предозирање со хероин исто така, веднаш откако ја признале за вонбрачна жена на Морисон. Исто како и него, и таа имала 27 години кога умрела.

Морисон е закопан во источен Париз, на гробиштата Пер Лашез. По повод 10 години од неговата смрт, во 1981 година, хрватскиот вајар изградил и поставил биста на камениот гроб од Џим Морисон, која со текот на времето постетителите ја уништувале, сè до 1988 кога била украдена. Исто така неговите обожаватели оставале графити канабис.

Неговиот гроб е едно од најголемите туристички места во Париз, заедно со Лувр, Ајфеловата кула итн. После неговата смрт постоеле и шпекулации дека можеби Морисон е жив, затоа што малкумина го виделе неговиот труп, и обожавателите се сомневале во неговата смрт. Џери Хопкинс се сеќава дека во песната “The Lizard King“ Морисон се шегувал дека ќе ја исценира својата смрт за да стекне поголема слава и воедно да ги одбегне сите што го следеле секое негово движење. Неговите обожаватели и ден денес веруваат дека неговата смрт е една голема лага.

Влијанието на Џим Морисон

уреди

Морисон е еден од најпознатите, најпопуларните и највлијателните пејачи во историјата на рок-музиката. И ден денес тој е почитуван насекаде низ светот, груб, привлечен и мистериозен. Кожните пантолони за кои бил приврзан на сцената станале стереотип на рок ѕвездите. Морисон влијаел врз многу други пејачи : Пети Смит, Јан Куртис, Мерлин Менсон ...

Мек Клур напишал песна „За Џим Морисон“, во чест на нивното пријателство. Валас Фоули, проферор по француска книжевност на еден од универзитетите во Франција, напишал книга „Рембо и Џим“ . Во оваа книга се сеќава колку се изненадил кога добил писмо од Џим Морисон кој му се заблагодарил за преводот на песните на Рембо на англиски. Кога првпат ги слушнал песните на The Doors, Фоули веднаш го препознал влијанието на Рембо врз стиховите на Џим. Фоули држел предавања на многу универзитети за животот, филозофијата и поезијата на Морисон и Рембо. Кусиот расказ „Откровение“ на македонскиот писател Горан Петревски, исто така, е посветен на Морисон.[2]

Во раните 1980-ти, Кери Бјукенен снимил филм „Повеќе од The Doors“, но филмот бил со низок квалитет. Подоцна, во 1991 година, Оливер Стоун го снимил филмот „The Doors“ со Вал Килмер во главната улога. Филмот критички поминал добро, но бил комерцијален неуспех. Преживеаните членови на The Doors не биле задоволни, а и обожавателите сметале дека не успеал да ја прикаже подобро поетската страна на Џим Морисон и дека се држел само до неговите лоши страни.

Една песна на словенечката рок-група Булдожер (Buldožer) се вика „Смртта на Морисон Џим“ (српскохрватски: Smrt Morisona Džima).[3]

Наводи

уреди
  1. "Dead Famous: Jim Morrison Архивирано на 27 август 2008 г.", The Biography Channel. (Retrieved Dec. 2, 2007).
  2. Современост број 3/2023, стр. 28.
  3. DISCOGS, buldozer - smrt morisona džima (пристапено на 22 јули 2021)

Надворешни врски

уреди