Романска војна за независност
Романската војна за независност претставува војна од 1877 година на сојузничките руско-романски сили против Османлиското Царство. На 4 април 1877 година Русија и Романија потпишале договор во Букурешт за поминување на руските војски преку романска територија а за возврат по војната на Романија и била гарантирана независноста. Така на 12 април руските сили влегле на романска територија.
Заднина
уредиНа 21 мај 1877 година романскиот парламент на чело со Михаил Когалничану ја прогласил земјата за независно кралство а по еден ден оваа одлука била поддржана и од романскиот крал по кое романските власти откажале да го платат годишниот данок на империјата во износ од 914,000 леи.
Конфликт
уредиПред започнувањето на Руско-турската војна, Русите не сакале да соработуваат со романската армија, ниту да ја вклучат Романија во повоените договори. Но кај Плевен руската армија се соочила со силната армија на Осман паша составена од 50,000 војници. Во двата напади руската армија била поразена со големи загуби.[1]. Поради тоа рускиот кнез Николај му понудил договор на романскиот кнез Карол I за вклучување на Романија во војната. Самиот крал бил назначен за главен командант на своите сили.[1][2]. Така романските сили учествувале во третиот неуспешен обид за зазимање на Плевен но по блокадата на градот биле заземени Гривица и Орјахово а по неколкуѕ месеци сојузниците го зазеле и Плевен.
По крајот на Битката кај Плевен, романските сили се свртиле кон Дунав и учествувале во Битката кај Видин. По повлекувањето на османлиските сили кон јужните делови на Бугарија и склучувањето на примирјето од Едрене војната била добиена. Романија во војната имала околу 10,000 жртви.
По крајот на војната бил потпишан најпрвин Санстефанскиот а потоа и Берлинскиот конгрес по кој Романија добила независност.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 http://www.archive.org/stream/reminiscencesofk00kremiala "Reminiscences of the KING OF ROMANIA", Edited from the original with an Introduction by Sidney Whitman, Authorized edition, Harper& Brothers: New York and London, 1899
- ↑ The telegram of Nikolai to Carol I (translated in Romanian): "Turcii îngrãmãdind cele mai mari trupe la Plevna ne nimicesc. Rog sã faci fuziune, demonstratiune si dacã'i posibil sã treci Dunãrea cu armatã dupã cum doresti. Între Jiu si Corabia demonstratiunea aceasta este absolut necesarã pentru înlesnirea miscãrilor mele" ("The Turks, massing together the largest army at Pleven, are laying us waste. I ask you to make mergers, demonstrations and if it is possible cross the Danube with the army as you wish. Between Jiu and Corabia this demonstration is absolutely necessary to facilitate my movements.)