Бихор (округ)
Бихор (романски: Judeţul Bihor; унгарски: Bihar megye) е округ во Романија, сместен во северозападниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Орадеа, а значаен е и градот Салонта.
Округ Бихор Bihor | |
---|---|
Покраина | Кришана |
Седиште | Орадеја |
Население | 600.223 (2002) |
Површина | 7.544 km2 |
Густина на населеност | 84/km2 |
ISO 3166-2 шифра | RO-BH |
Мрежно место | www.cjbihor.ro |
Географија
уредиМестоположба
уредиОкругот Бихор е копнен округ во Романија и пограничен кон Унгарија. Окружен е:
- на север со: Сату Маре;
- на североисток со: Салаж;
- на исток со: Клуж;
- на југоисток со: Алба;
- на југ со: Арад.
Релјеф
уредиБихор се наоѓа во историската област Кришана. Западниот дел од округот е рамничарски, во кој се простира Панонската низина, додека источниот дел е планински со планината Бихор. Големо значење за округот има реката Киреш, која тече во правец исток-запад.
Демографија
уредиОкругот спаѓа во повеќенационалните окрузи во Романија. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 67,6% од населението во округот, Унгарците 26%, 5% се Роми, 1,2% Словаци, а 0,2% се припадници на некоја друга етничка заедница.
Надворешни врски
уреди„Бихор (округ)“ на Ризницата ? |