Гепиди
Гепидите (латински: Gepidae, Gipedae, старогрчки: Γήπαιδες) биле источногерманско племе кое живеело на територијата на денешна Романија, Унгарија и Србија, помеѓу реките Тиса, Сава и Карпатите. Се вели дека ја делеле религијата и јазикот на Готите и Вандалите.
Кралство на Гепидите | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
454–567 | |||||||||||||
Говорени јазици | Источногермански јазици (можеби и готски) помеѓу елитите. | ||||||||||||
Вероисповед | Германски паганизам, аријанство (помеѓу елитите) | ||||||||||||
Уредување | Монархија | ||||||||||||
Крал | |||||||||||||
• ок. 454 | Ардарик | ||||||||||||
• ок. 560-567 | Кунимунд | ||||||||||||
Историја | |||||||||||||
454 | |||||||||||||
• Кралството било уништено од Ломбардите и Аварите | 567 | ||||||||||||
| |||||||||||||
Денес дел од | Романија, Унгарија, Србија |
За прв пат ги споменуваат римските извори во третиот век. Во четвртиот век, тие биле меѓу народите инкорпорирани во Хунската империја, во која сочинувале важен дел. По смртта на Атила, Гепидите под водство на нивниот водич Ардарик, предводеле сојуз на племиња кое биле дел од империјата, и ги победиле синовите на Атила и нивните сојузници на реката Недао во 454 година. Последователно, Гепидите и сојузниците формирале кралства во средното Подунавје, на границата на Римската империја. Гепидското кралство било едно од најважните и најдолготрајните од нив, со седиште во Сирмиум (Срем), а понекогаш се нарекува и Гепидија.[1] Покривало голем дел од поранешната римска провинција Дакија, северно од Дунав, и во споредба со другите среднодунавски кралства останало релативно неповрзано со Рим.
Гепидите биле поразени од Ломбардите и Аварите еден век подоцна во 567 година, кога Константинопол не им дал никаква поддршка. Некои од Гепидите им се придружиле на Ломбардите во нивните походи во Италија, некои преминале на Римска територија, додека некои останале на територијата на поранешното кралство откако било освоено од страна на Аварите.
Некои археолошки наоѓалишта можат со сигурност да им се пришишат на Гепидите. По нивното населување во Панонската Низина, тие главно биле сконцентрирани околу реките Сомеш и Кереш, но не се мешале со другите народи.[2]