Алба (округ)
Алба (романски: Judeţul Alba, унгарски: Fehér megye) е округ во Романија, сместен во средишниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Алба Јулија, а значајни градови се и градовите Ајуд, Блаж и Себеш.
Округ Алба Alba | |
---|---|
![]() | |
![]() | |
Покраина | Трансилванија |
Седиште | Алба Јулија |
Население | 382.747 (2002) |
Површина | 6.242 km2 |
Густина на населеност | 61/km2 |
ISO 3166-2 шифра | RO-AB |
Мрежно место | www.cjalba.ro |
ГеографијаУреди
МестоположбаУреди
Округот Алба е копнен округ, кој се граничи:
- на север со: Клуж;
- на североисток со: Клуж;
- на исток со: Сибињ;
- на југ со: Валча;
- на југозапад со: Хунедоара;
- на запад со: Арад;
- на северозапад со: Бихор.
РелјефУреди
Округот е дел од историската покраина Трансилванија. Во западниот дел се простира планината Бихор, а во јужниот Карпатите, деоека во средишниот дел на округот се простира плодната долина Мориш.
ДемографијаУреди
Алба спаѓа во групата на окрузи, во кои живее претежно романско население. Според пописот во 2002 година, структурата на населението била следната:
Бројот на населението во округот по временски периоди е претставен во следната табела:
Година | Население[2] |
---|---|
1948 | 361,062 |
1956 | 370,800 |
1966 | 382,786 |
1977 | 409,634 |
1992 | 413,919 |
2002 | 382,747 |
СтопанствоУреди
Главни индустриски гранки во округот се:
- прехранбената индустрија;
- текстилната индустрија;
- дрвната индустрија;
- механиката;
- производството на хартија; и
- хемиската индустрија.
Минерални ресурсиУреди
Округот Алба е богат со минерални ресурси. Најобилни метали се златото, среброто и бакарот. Освен тоа од округот се исцрпува и сол, а се користат и градежни материјали како мермер и гранит.
Административна поделбаУреди
Округот е поделен на 4 општини, 7 градови и 68 комуни.
НаводиУреди
- ↑ Државен завод за статистика, "Populaţia după etnie" Архивирано на 16 август 2009 г.
- ↑ Државен завод за статистика, "Populaţia la recensămintele din anii 1948, 1956, 1966, 1977, 1992 şi 2002" Архивирано на 22 септември 2006 г.
Надворешни врскиУреди
„Алба (округ)“ на Ризницата ? |