Арад

град во Романија

Арад (романски: Arad, унгарски: Arad, српски: Арад) — град во западниот дел на Романија и административен центар на округот Арад, во историскиот регион на Кришана. Областа зафаќа површина од 46.18 км2.

Арад
Општина



Знаме на АрадГрб на Арад
Арад is located in Романија
Арад
Арад
Местоположба на градот на картата на Романија
Координати: 46°10′N 21°19′E / 46.167° СГШ; 21.317° ИГД / 46.167; 21.317
Земја Романија
ОкругАрад
СтатусОпштина
Површина
 • Вкупна46,18 км2 (1,783 ми2)
Надм. вис.&10000000000000117000000117 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно159,704
 • Густина0,035/км2 (0,090/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски код31xxx
Повик. бр.(+40) 02 57
Рег. таб.AR
КлимаМорска клима
Мреж. местоprimariaarad.ro

Според пописот на земјата од 2011 година, во градот живееле 159,704 лица, што го прави дванаесетти најнаселен град во Романија.

Историја

уреди

Арад за првпат се споменува во документи од 11 век. Монголската инвазија на Кралство Унгарија во 1241 година ја покажала важноста од утврдувања на ова место, кои во втората половина на 13 век започнале да се градат, најчесто од камен во Шоимош, Ширија и Дезна. Османлиското Царство го освоила регионот во 1551 година и под нивна контрола регионот бил до потпишувањето на договорот од Карловци во 1699 година, кога градот бил вклучен во териториите на Хабсбуршката монархија. На почетокот на XVIII век, Арад станал центар на православната Арадска епархија. Според податоците од 1720 година, населението на градот се состоело од 177 романски, 162 српски и 35 унгарски семејства[2].

Првиот евреин кој се населил во градот бил Исак Илија во 1717 година[3]. Пред почетокот на Втората светска војна, бројот на еврејско население бил повеќе од 10.000 луѓе или повеќе од 10% од населението на градот[4].

Новата тврдина била изградена помеѓу 1763 и 1783 година. И покрај тоа што била мала, таа се покажала многу корисна кога одиграла голема улога во унгарската борба за независност во 1849 година. До јули 1849 година, градот бил под заштита на австрискиот генерал Бергер, но во текот на револуцијата Арад бил освоен од унгарските бунтовници, кои градот го претвориле во нивно седиште. Од градот, познатиот унгарски херој Лајош Кошут на 11 август 1849 година објавил проглас со кој управувањето на градот било предадено на Артур Ѓоргеј. Но по поразот во Ширија и предавањето на Артур Ѓоргеј на Русите, триенаесет востаници биле убиени на 6 октомври 1849 година, по наредба на австрискиот генерал Јулиј Јаков фон Хајнау. Овие луѓе денеска се познати како тринаесетте маченици од Арад=. На еден од плоштадите во градот се наоѓа споменик кој бил изграден во нивно сеќавање.

Арад имал голем економски развој во 19 век. Во 1834 година бил прогласен за „слободен царски град“ од страна на царот Франц II.

Во 1910 година, градот имал 63.166 жители: 46.085 (73%) Унгарци, 10.279 (16,2%) Романци, 4.365 (7%) Германци[5]. Со потпишувањето на Тријанонскиот договор, градот бил вклучен во територијата на Кралство Романија.

Географија

уреди

Арад се наоѓа во западниот дел на Романија, на десниот брег на реката Муреш. Арад е еден од романските градови, кои се најдалеку од главниот град Букурешт (550 километри), додека растојанието до Белград е 215 километри. Најблискиот голем град Темишвар се наоѓа јужно на 43 километри од градот.

Градот се наоѓа во источниот крај на Панонската низина, на околу 100 метри надморска височина. Центарот на градот е на границата меѓу рамнините на запад и на почетоците на ридовите на исток. Низ градот тече реката Муреш, која го дели градот на северен (горен) и јужен (долен) дел. Реката претставува границата помеѓу историската провинција Банат и Кришана.

Клима

уреди

Арад има континентална клима со ладни и влажни зими. Летата се топли. Во летните месеци јуни, јули и август има 60 дена над 32 °C.

Климатски податоци за Арад
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 18
(64)
18
(64)
26
(79)
28
(82)
32
(90)
34
(93)
38
(100)
37
(99)
36
(97)
30
(86)
21
(70)
17
(63)
38
(100)
Прос. висока °C (°F) 1
(34)
4
(39)
16
(61)
21
(70)
23
(73)
25
(77)
30
(86)
28
(82)
24
(75)
17
(63)
9
(48)
5
(41)
15
(59)
Сред. дневна °C (°F) −1
(30)
1
(34)
6
(43)
10
(50)
16
(61)
18
(64)
20
(68)
20
(68)
17
(63)
11
(52)
5
(41)
0
(32)
10.2
(50.4)
Прос. ниска °C (°F) −3
(27)
−2
(28)
1
(34)
7
(45)
13
(55)
15
(59)
16
(61)
14
(57)
11
(52)
6
(43)
0
(32)
−2
(28)
6
(43)
Најниска забележана °C (°F) −25
(−13)
−21
(−6)
−15
(5)
−7
(19)
−1
(30)
2
(36)
5
(41)
4
(39)
0
(32)
−11
(12)
−12
(10)
−17
(1)
−25
(−13)
Прос. врнежи мм (ин) 22.8
(0.898)
18.9
(0.744)
22.7
(0.894)
41.5
(1.634)
39.4
(1.551)
63.2
(2.488)
44.9
(1.768)
39.7
(1.563)
40.0
(1.575)
28.2
(1.11)
29.6
(1.165)
31.3
(1.232)
422.2
(16.622)
Прос. бр. дождливи денови 11 11 11 10 12 11 9 8 7 9 12 12 123
Сред. бр. сончеви часови месечно 62 84 124 150 248 270 279 279 210 155 60 62 1.983
Извор: Weatherbase[6] MSN Weather[7] BBC Weather [8]

Население

уреди
Историско население на Арад
Година Население
1900 53,903[9]
1912 63,166
1930 77,181
1948 87,291
1956 106,460
1966 126,000
1977 171,193
1992 190,114
2002 172,827
2011 159,704

Според пописот од 2011 година, во Општина Арад живееле 159.704 жители. Етничката поделба на градот била: 126.075 Романци (85,19%); 15.695 Унгарци (10.06%); 2.535 Роми (1,71%); 1,256 Германци (0,84%); 2.116 и од други националности (1,22%)[1].

Главната религиозна група ја сочинувале припадниците на Романската православна црква (72,7%), Римокатоличката (12,1%), Бсптистите (4,5%), Пентекостите (4,4%), Реформираната црква (3.1%) и гркко-католичката (1,1%).

Стопанство

уреди

Вработени по занимање:

  • Индустрија - 41,5%
  • Трговија - 13,75%
  • Транспорт и телекомуникации - 9.27%
  • Градежништво - 7.92%
  • Образование - 5.99%
  • Здравствени и социјални услуги - 5.14%
  • Комунални услуги - 3,16%
  • Јавна администрација - 2,28%
  • Земјоделска механизација - 1,97%
  • Кредитни и осигурителни институции - 1,70%

Сообраќај

уреди

Арад е најважната транс-европска патна и железничка сообраќајна крстосница во западна Романија, и низ него поминува Паневропскиот прометен коридор IV, кој ја поврзува Западна Европа со Југоисточна Европа и земјите од Блискиот Исток. Градот има широка трамвајска мрежа и неколку автобуски линии кои ги опфаќаат повеќето населби на градот. Меѓународниот аеродром во Арад е со најголемите и најмодерните карго терминали во западна Романија и се наоѓа на само 4 километри западно од центарот на Арад и е директно поврзан со западната обиколница Арад, дел од автопатот А1.

Образование

уреди
 
Железничка станица
 
Римокатоличка катедрала
 
Универзитет

Во Арад има два универзитети, приватниот Западен Универзитет „Василе Голдис“, основан во 1990 година и државниот Универзитет „Аурел Влајку“ основан во 1991 година. Во градот се наоѓаат околу дваесетина средни училишта, од кој најпознати се националниот колеџ, педагошката школа, економскиот колеџ, техничкиот колеџ итн.

Култура

уреди

Театри

уреди
  • Државен арадски театар
  • Меѓународен театарски фестивал
  • Филхармонија
  • Куклен театар

Музеи и изложби

уреди
  • Арадски музејски комплекс
  • ИСториски музеј
  • Меморијален музеј
  • Музеј на уметноста

Меѓународни контакти

уреди

Збратимени градови

уреди

Партнерски градови

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Population at 20 October 2011“ (романски). INSSE. 5 July 2013. Посетено на 5 July 2013.[мртва врска]
  2. Dr Dušan J. Popović, Srbi u Vojvodini, knjiga 2, Novi Sad, 1990, page 326.
  3. Lakatos Otto - Aradi története
  4. (романски) "Sinagoga din Arad - Misterul din spatele usilor : Stiri Arad," Архивирано на 30 април 2011 г. aradnet.ro (13 mar 2008). Retrieved 11-08-2013.
  5. Atlas and Gazetteer of Historic Hungary 1914, Talma Kiadó Архивирано на 14 јануари 2017 г.
  6. „Weatherbase: Historical Weather for Arad, Romania“.
  7. „MSN Weather Averages for Arad“. Архивирано од изворникот на 2013-01-04. Посетено на 2016-10-28.
  8. „BBC Weather Averages for Arad“. BBC News.
  9. Encyclopædia Britannica Eleventh Edition

Надворешни врски

уреди