ЦЕФТА
ЦЕФТА (англиски: Central European Free Trade Agreement (CEFTA)) е трговски договор помеѓу Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Србија, УНМИК во име на Република Косово и Црна Гора. Поранешни членови се Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Унгарија и Хрватска кои станале чланки на Европската Унија.
![]() Знаме на ЦЕФТА | |
![]() Членки на ЦЕФТА | |
Основана | 21 декемвари 1992 |
---|---|
Тип | Трговски договор |
Членство | |
Држава која претседава со организацијата | ![]() |
Генерален секретар | Рената Витез |
Мреж. место | cefta.int |
ЦЕФТА ја основале Полска, Чехословачка и Унгарија на 21 декември 1992 во Краков. Подоцна членки станале Словенија (1996), Романија (1997), Бугарија (1998), Хрватска (2002) и Македонија (2006).
ЦЕФТА е договор кој денес ја дефинира единствената слободна трговска зона во југоисточна Европа, иако името на договорот го опишува договорот на земјите средна Европа.
ИсторијаУреди
Првобитен договорУреди
Првобитниот договор го потпишале земјите од Вишеградската група, односно Полска, Унгарија и Чехословачка на 21 декември 1992 во Краков, во Полска. Договорот стапил на сила во јули 1994.
Словенија се приклучила во 1996, Романија 1997, Бугарија 1998, Хрватска 2003 и Македонија 2006.
Договор од 2006Уреди
Сите земји од оригиналниот договор, со исклучок на Македонија, влегоа во Европската Унија и со тоа ја напуштија ЦЕФТА. Поради тоа, беше одлучено Договорот да се прошири за да ги покрие и останатите балкански држави, кои веќе создале матрица на билатерални договори за слободна трговија во рамки на Пактот за стабилност во Југоисточна Европа.
На Самитот на премиерите на Југоисточна Европа, во Букурешт на 6 април 2006, ја усвоиле Декларацијата за проширување, која ќе ги опфати Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Србија, Црна Гора и УНМИК (во име на Косово)[1]. Било разговарано за можното пристапување на Украина.[2] Новиот Договор бил потпишан на 19 декември 2006 на Самитот на премиери од Југоисточна Европа во Букурешт.[3] До ратификација дошло на 31 март 2007 и новиот договор стапил во сила на 1 мај 2007 година.[4]
Сегашни и поранешни членки на ЦЕФТАУреди
Држава | Пристапување | Заминување | - | |
---|---|---|---|---|
Полска | 1992 | 2004 | ||
Унгарија | 1992 | 2004 | ||
Предлошка:CZS | Чешка (1993) | 1992 | 2004 | |
Словачка (1993) | 2004 | |||
Словенија | 1996 | 2004 | ||
Романија | 1997 | 2007 | ||
Бугарија | 1999 | 2007 | ||
Хрватска | 2003 | 2013 | ||
Македонија | 2006 | — | ||
Албанија | 2007 | — | ||
Босна и Херцеговина | 2007 | — | ||
Молдавија | 2007 | — | ||
Црна Гора | 2007 | — | ||
Србија | 2007 | — | ||
Косово | 2007 | — |
ГалеријаУреди
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ „action = total_news & main_id = 417“. Архивирано од изворникот на 2018-03-05. Посетено на 2018-02-18.
- ↑ [1]
- ↑ [2]
- ↑ „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2007-03-08. Посетено на 2018-02-18.