Тракијци

(Пренасочено од Траки)

Тракијците или Траките (старогрчки: Θράκες) биле стар индоевропски народ кој главно живел на територијата на денешна Бугарија, но исто така во европска Турција, Романија, северна Грција, источна Србија и источните делови на Македонија. Првпат ги споменува Хомер во епот Илијада како сојузници на Тројанците.

Tракиско царство во 5 в. пр н. е.

Местоположба

уреди

Тракиски племиња

уреди

Познати се повеќе тракиски племиња, како: Серди, Беси, Ордиси итн. Според Херодот, тие биле најбројен народ по Индијците. Во изворите се спомнуваат како груби и воинствени варвари. Некои известни тракиски племе се: Мизи, Витини, Гети (Готи, Даки), Беси, Струмяни, Мигдони, Одриси, Едони, Фриги (Бриги), Пелазги, Меди.

Одриската држава

уреди

Социјално-економскиот, политичкиот и културниот развиток на тракиските племиња постепено создал услови за обединување на некои тракиски племиња и за создавање на држава. Кон крајот на VI век пред н.е. кнезот Терес ја создал првата моќна Одриска Држава што ја зафаќала територијата на поречието на реката Марица.

Кралот ја имал целокупната власт во своите раце, од законодавната и судската, до религиозната и извршната. За позначајните решенија се советувал со Советот на претставниците на аристократијата. Најголемиот дел од населението го сочинувале слободните селани, а ропството не било многу масовно.

Со време, на север границата на Одриската Држава стигнала до бреговите на реката Дунав. Голем подем државата достигнала во времето на кралот Ситалк во втората половина на V век пред н.е. Ситалк склучил сојуз со Атињаните и презел неуспешен поход против македонската држава.

Најголем подем Одриската Држава достигнала во времето на кнезот Котис I (389-259 година пред н.е.). Тој водел променлива политика кон Атина, а се мешал и во династичките борби за македонскиот престол.

Македонскиот крал Филип II презел неколку походи во Тракија и во 341 година пред н.е. ја покорил Одриската Држава. Филип II го основал и градот Филипопол (денешен Пловдив).

По смртта на кралот Котис, неговата држава се распаднала на три дела и никогаш веќе не успеала да се обнови.

Во наредниот период одделни тракиски племиња преземале походи против Македонија, но брзо биле совладувани од моќната македонска војска. Постоеле и случаи кога владетелите од ордиската династија учествувале со војски како сојузници на страната на Македонија во војната против Римјаните.

Паѓањето на Тракија под римска власт

уреди

По паѓањето на Македонија под римска власт во 148 година пред н.е., поголемиот дел и од територијата на Тракија била вклучена во рамките на провинцијата Македонија. Во наредниот период римските провинциски управници во Македонија воделе чести војни со повеќе тракиски племиња. Меѓу нив највоинствени биле Бесите. Тие заедно со Македонците и со други балкански народи активно учествувале и во римските граѓански војни во I век пред н.е., поддржувајќи една од судрените страни на римската политичка елита.

Во почетокот на I век од н.е. Бесите кренале големо востание против Рим. По жестокиот судир и поразот од Рим, тие биле наполно разбиени. По овој пораз Бесите никогаш веќе не успеале да се опорават.

Кратко време потоа големо востание против Рим кренало и тракиското племе Ордиси, кое исто така вило разбиено од римската војска.

Поради нестабилноста на власта во Тракија, причинета од честите востанија и походи на тракиските племиња Рим решил да преземе нови мерки. За таа цел Рим во 45 година од н.е. ја претворил Тракија во посебна римска провинција, издвојувајки ја од административната управа на провинцијата Македонија.

Во Тракија немало изградени поголеми градски центри и развиен патен систем. Поради тоа, по формирањето на провинцијата Тракија, Рим почнал да формира свои колонии, да подига нови градови и да гради патни комуникации.

Посебно значење добил патот од Сингидунум (Белград), преку Наисус (Ниш), Сердика (Софија), Филипопол (Пловдив) до Византион (Цариград). Овој пат овозможил поврзување на Средна Европа со Азија и придонел за интензивирање на трговските врски преку Тракија.

Поради својата географска местоположба, територијата на Тракија во наредниот период станала објект на постојани воени напади од Готите и Хуните, а од VI век и од словенските племиња. Бугарската наука Тракијците ги смета како учесници во етногенезата на бугарскиот народ.

[1] [2]

Извори

уреди
  1. Christopher Webber, Angus McBride (2001). The Thracians, 700 BC–AD 46. Osprey Publishing. ISBN 1-84176-329-2.
  2. Блаже Ристовски, Симо Младеновски, Тодор Чепреганов, Митко Б. Панов, Шукри Рахими (2006). Историја за I-ва година гимназиско образование. Алби. ISBN 9989-919-67-4.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди