Дунавски кнежевства

На територијата на денешна Романија во минатото опстојувале три кнежевства: Влашка, Молдавија и Трансилванија. Падот на Бугарија под византиска власт во почетокот на 11 век и татарските инвазии во 13 век довеле до силното слабеење на средновековна Унгарија. Така во 14 век било создадено Кнежевство Молдавија (1538) и Кнежевство Влашкa. Во 15 век и 16 век двете кнежевства паднале под власта на Отоманското Царство но за разлика од Бугарија и Србија тие ја задржиле својата внатрешна самостојност. По поразот на Унгарија во Мохачката битка во 1526 година, под власта на Османлиите како вазално кнежевство паднала и Трансилванија.

Дунавски кнежевства

Молдавија

уреди

Средновековното Кнежевство Молдавија било основано во 1359 година и опфаќало територии од денешна Молдавија и дел од источна Романија, дел од Украина. На запад се наоѓала денешна Трансилваљнија, на исток Бесарабија, на северозапад Буковина. Кнежевството било формирано од страна на влашките аристократски семејства на чело со Драгош со помош на унгарскиот крал поради одбрана на земјата од татарската инвазија.

Османлиите во 1420 година започнале со заземање на Молдавија. Во 1456 година кнежевството било потчинето како вазална држава и започнало да плаќа годишен данок. Во 1475 година се одвила Битката кај Васлуј каде на чело на Молдавија се наоѓал Стефан III Велики заедно со христијанските сојузници од Кралство Полска и Кралство Унгарија. Христијанските сојузници оствариле голема победа. Битката била опишена како најголема победа на христијанството против исламот дотогаш. Мара Бранковиќ, сопруга на Мурат II, на венецијанскиот пратеник изјавила дека таа битка била една од најкатастрофалните за Османлиите. Кралот Стефан III подоцна од страна на папа Сикст IV бил награден со титулата "Verus christiane fidei aletha" (вистински заштитник на христијанската вера).

Во 1484 година било освоено молдавското црноморско крајбрежје, а во 1503 година цела Бесарабија. Целосното зазимање се случило во 1538 година кога султанот започнал да ги назначува новите кнезови на Молдавија и како титула била користена кајмакам на Молдавија. Освен тоа на Молдавија и било забрането да има какви било односи со странски земји на штета на Османлиите но и била дозволена внатрешна автономија. На Османлиите им било забрането законски да поседуваат земјиште или да градат верски објекти во Молдавија.

Во согласност со договорот од Букурешт во 1812 година, покрај многуте простести на молдавските благородници на сметка на нивната самостојна состојба, Отоманското Царство (чиј вазал бил Молдавија) ја отстапила земјата на Руската Империја источната половина од територијата на кнежевството на Молдавија заедно со Хотин и стара Бесарабија (денешен Буџак, Украина). Новата руска покраина била наречена „Област на Молдавија и Бесарабија“, која на почетокот уживала висок степен на самостојност.

Западниот дел од Молдавија (кој денес припаѓа на Романија) останал самостојно кнежевство, кое подоцна во 1859 година се соединило со Влашка (романски: Wallachia) за формирање на Кралство Романија.

Трансилванија

уреди

Кон крајот на 9 век Трансилванија започнала да биде освојувана од страна на Кралство Унгарија, за да во 1003 година во времето на Иштван I, го порази принцот Ѓула, кој воедно му бил вујко. Во периодот од 1003 до 1526 година, Трансилванија претставувала војводство во рамките на Кралство Унгарија, на чие чело стоел војвода кој директно бил назначуван од страна на унгарскиот крал. По Мохачката битка во 1526 година Трансилванија станала независно кнежевство управувана од калвинистичките унгарски кнезови. Во 1566 година Унгарија била поделена помеѓу Хабсбуршката династија и Османлиите а Кнежевство Трансилванија добила одредена автономија во рамките на османлиската држава. По Битката кај Виена, Хабсбуршката династија во 1683 година ја зазела Трансилванија. Но унгарскиот суверенитет бил признаен над Трансилванија а наспроти ова Трансилванците го признале императорот Леополд I (1687), кое означува дека територијата била под директно влијание на Австријците. По 1867 година, регионот целосно бил заземен од Унгарија, како дел од новоформираната Австроунгарија.

Влашка

уреди

Од 1330 година Влашка станала самостојно кнежевство. Еден од нејзините деспоти бил Влад III Цепеш (1431-1476), подобро познат како грофот Дракула. По долгиот отпор, кон крајот на 15 век Влашка целосно станала зависна од Османлиите. По Битката кај Ровиње во 1395 година, Влашка станала вазална земја на Османлиите, а во времето на Мирчо Стариот била обврзана да плаќа првично данок а подоцна самиот влашки кнез бил поставуван од османлискиот султан.

Влашка никогаш не станала дел од турски санџак за разлика од другите освоени територии кај Дунав. Од 1716 година Високата порта започнала да назначува за управители на областа Грци - фанариоти, со што се зголемило влијанието на Фенар и незадоволство кај влашкото население. Управувањето на фанариотите престанало во 1821 година кога избувнало востание на чело со Тудор Владимиреску. Истата година Стефан Богориди бил назначен за кнез на Влашка од страна на султанот.

Во 1831 година бил донесен статут на Влашка, а во 1859 година заедно со Молдавија било објавено создавањето на Обединетото кнежевство Влашко и Молдавија на чело со Александру Јоан Куза. На 24 декември 1861 година Александру Куза ја прогласил независноста на новата држава Романија, но Романија својата независност ја добила по крајот на Руско-турската војна во 1877 година.