Џулио Чиконе

италијански велосипедист

Џулио Чиконе (италијански: Giulio Ciccone; р. 20 декември 1994) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лидл-Трек.[1]

Џулио Чиконе
Чиконе на Гран при де Денен 2016
Лични податоци
Цело имеЏулио Чиконе
Роден20 декември 1994(1994-12-20)(29 г.)
Кјети,  Италија
Висина1,76 м
Маса58 кг
Податоци за клубот
Мом. клубЛидл-Трек
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2013
2014–2015
Палацаго Фениче Мајет
Колпак
Професионални клубови
2016–2018
2019-
Бардијани-ЦСФ
Трек-Сегафредо
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
Планински пласман (2019)
2 поединечни етапи (2016, 2019)
Последна промена
5 јануари 2020

Кариера

уреди

Бардијани-ЦСФ (2016–18)

уреди

Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Џиро д’Италија 2016, каде ја освоил десеттата етапа.[2] Се приклучил на групата која се одвоила на двете рани искачувања од трета категорија.

На Џиро д’Италија 2018, Чиконе завршил втор во планинскиот пласман, зад крајниот победник на трката Крис Фрум. Исто така, во 2018 година, Чиконе ја освоил Џиро дел’Апенино и завршил втор на воведната трка Адријатика Јоника.

Трек-Сегафредо (2019-денес)

уреди

По три години со Бардијани-ЦСФ, Чиконе се приклучил на Трек-Сегафредо првично со двегодишен договор од сезоната 2019.[3] На Џиро д’Италија, Чиконе го предводел планинскиот пласман без малку на сите етапи, освен една, освојувајќи ја маичката со двојно повеќе бодови од второпласираниот Фаусто Маснада. На крајот завршил на 16. место, со победа на етапата 16.[4] По ова, Чиконе бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс.[5] Во текот на шестата етапа бил дел од бегство кое стигнало до целта. Чиконе успеал да ја преземе жолтата маичка од Жилијан Алафилип и покрај тоа што опаднал со форма во последните метри на искачувањето.[6] Го чувал водството два дена, пред Алафилип повторно да ја преземе маичката откако добил дваесет секунди на завршницата во Сент Етјен.[7] Чиконе, исто така, го чувал водството во пласманот за млад возач четири дена, но на крајот завршил надвор од првите триесет и шести во пласманот за млад возач.[8]

Во текот на Тур, Чиконе потпишал 12-месечно продолжување на својот договор, до крајот на сезоната 2021.[9]

Достигнувања

уреди
2014
1. Трофео Ригоберто Ламоника
5. ГП Каподарко
6. Џиро дела Вале д’Аоста
1.   Планински пласман
9. Гран Премио ди Поџана
2015
1. Басано-Монте Грапа
1.   Планински пласман Џиро дела Вале д’Аоста
2. Пиколо Џиро ди Ломбардија
4. Копа Колекио
6. Краен пласман Тур де л’Авенир
2016
1. Етапа 10 Џиро д’Италија
5. Гран Премио дела Коста Етруски
6. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
2017
3. Про Ецталер 5500
6. Краен пласман Трка околу Јута
1. Етапа 6
6. Краен пласман Трка околу Австрија
2018
1. Џиро дел’Апенино
1.   Планински пласман Трка околу Словачка
2. Краен пласман Трка Адријатика Јоника
7. Гран Премио ди Лугано
9. Краен пласман Трка на Алпите
10. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
2019
Џиро д’Италија
1.   Планински пласман
1. Етапа 16
6. Трофео Лаигвелја
7. Копа Агостони
8. Краен пласман Тур ди О Вар
1. Етапа 2
10. Трофео Сера де Трамунтана

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2016 2017 2018 2019
  Џиро СО 95 40 16
  Тур 31
  Вуелта

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. „Trek-Segafredo announce complete 2020 men's roster“. Cyclingnews.com. Future plc. 9 ноември 2019. Посетено на 3 јануари 2020.
  2. „ЏИРО: Соло победа за Чиконе“. Телеграф.мк. Скопје: Македонски Спорт. 17 мај 2016. Архивирано од изворникот на 2016-05-20. Посетено на 17 мај 2016.
  3. „Ciccone signs two-year deal with Trek-Segafredo“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 18 септември 2018. Посетено на 4 август 2019.
  4. „Ciccone wins Stage 16 of the Giro d'Italia, Carapaz retains the Maglia Rosa“. Џиро д’Италија. RCS MediaGroup. 28 мај 2019. Архивирано од изворникот на 2019-08-04. Посетено на 4 август 2019.
  5. „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.
  6. Флечер, Патрик (11 јули 2019). „Tour de France: Teuns wins atop La Planche des Belles Filles“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 4 август 2019.
  7. Флечер, Патрик (13 јули 2019). „Tour de France: De Gendt wins in Saint Etienne“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 4 август 2019.
  8. „Official classifications of Tour de France 2019 – Stage 21“. Tour de France. Amaury Sport Organisation. Архивирано од изворникот на 29 јули 2019. Посетено на 4 август 2019.
  9. „Tour de France: Ciccone rewarded with contract extension at Trek-Segafredo“. Cyclingnews.com. Future plc. 12 јули 2019. Посетено на 4 август 2019.

Надворешни врски

уреди