Питер Венинг
Питер Венинг (холандски: Pieter Weening; р. 5 април 1981) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Ромпот-Шарл.
Венинг на Трката околу Полска 2013 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Питер Венинг | ||
Роден | 5 април 1981 Харкема, Холандија | ||
Висина | 1,86 м | ||
Маса | 68 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Ромпот-Шарл | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување | ||
Аматерски клубови | |||
2003 | Рабобанк (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2004–2011 2012–2015 2016- | Рабобанк ГринЕЏ Ромпот-Оранје Пелотон | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 21 јануари 2016 |
Кариера
уреди2005
уредиВо 2005 година, Венинг победил на етапа на Тур де Франс. До денес, Венинг е последниот холандски етапен победник на Тур де Франс. По една од најтесните завршници на Тур некогаш, Венинг ја освоил осмата етапа пред Андреас Кледен. Во истата година освоил етапа на Трката околу Полска и завршил втор во генералниот пласман, само пет секунди зад победникот Ким Кирхен. По оваа успешна година бил прогласен за холандски велосипедист на годината.[1][2]
2011
уредиБез етапната победа на Трката околу Австрија, Венинг морал да чека шест години на својата следна голема победа. На Џиро д’Италија 2011, само еден ден по неутрализираната етапа поради смртта на Ваутер Вејлант, Венинг победил на етапата 5. Аналитичарите ја оцениле оваа етапа како „мини Џиро ди Ломбардија“.[3] Етапата завршувала на нагорнина и се протегала по неколку неасфалтирани делови (Страде Бјанки). Венинг бил најсилен на крајот од малото бегство и останал напред пред главната група. По етапна победа ја преземал розовата маичка. Освоената маичка добиена на подиумот ја предал на семејството на Ваутер Вејлант.[4]
На 10 август 2011 и по осум сезони со Рабобанк, Венинг ја напуштил екипата и заминал во новата екипа ГринЕЏ во нивната прва сезона во 2012.[5]
2013
уредиВо 2013 година, Венинг ја освоил Трката околу Полска откако го започнал хронометарот како петти во генералниот пласман и 27 секунди зад тогашниот предводник. Успеал да го преземе водството со одличен резултат.
2014
уредиВо 2014 година, Венинг повторно освоил етапа на Џиро д’Италија, откако бил дел од екипата која го освоила екипниот хронометар на првата етапа. На деветтата етапа бил дел од главното бегство на денот, заедно со Давиде Малакарне (Тим Јуропкар), успевајќи да остане до крајот на етапата. Го претекнал Малакарне во завршницата, освојувајќи ја третата поединечна етапна победа во кариерата.[6] Венинг исто така го освоил Џиро дела Тоскана 2014 со соло напад.[7]
2015
уредиВо август 2015 година било објавено дека Венинг потпишал за Ромпот за сезоната 2016.[8]
Достигнувања
уреди- 2002
- 2. ГП Вилереву
- 6. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 2003
- 1. Краен пласман Јадранска магистрала
- 1. Етапа 2
- 9. Краен пласман Трка околу Австрија
- 10. Краен пласман Трка околу Долна Саксонија
- 2005
- 1. Етапа 8 Тур де Франс
- 2. Краен пласман Трка околу Полска
- 1. Етапа 6
- 9. Краен пласман Вуелта а Мурсија
- 2006
- 8. Краен пласман Критериум Интернасионал
- 2008
- 7. Краен пласман Реџо-Тур
- 2009
- 3. Краен пласман Вуелта а Мурсија
- 4. Краен пласман Трка околу Полска
- 6. Краен пласман Трка околу Австрија
- 1. Етапа 3
- 2010
- 2. Национално друмско првенство
- 5. Краен пласман Стер Електротур
- 8. Краен пласман Вуелта а Мурсија
- 10. Краен пласман Трка околу Австрија
- 2011
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 5
- Ја носел розовата маичка на четири етапи
- 6. Краен пласман Тур де Романди
- 2012
- 10. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 2013
- 1. Краен пласман Трка околу Полска
- 2. Краен пласман Тур де Лангкави
- 2. ГП Импанис-Ван Петегем
- 6. Краен пласман Трка околу Баскија
- 8. Краен пласман Енеко Тур
- 8. Амстел Голд Рејс
- 9. Трофео Сера де Трамунтана
- 2014
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 9
- 1. Џиро ди Тоскана
- 2015
- 1. Етапа 1 (TTT) Џиро д’Италија
Распоред на резултатите на Гранд Тур
уредиГранд Тур | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | — | — | — | 24 | 45 | — | 38 | СО | 92 |
Тур | — | 72 | 93 | 128 | 63 | — | — | — | 72 | — | — | — |
Вуелта | 59 | — | 61 | — | — | 44 | — | — | 88 | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ Pieter Weening wielrenner van het jaar (холандски)
- ↑ Gezocht:opvolger voor Weening[мртва врска] (холандски)
- ↑ Cycling News (2 мај 2011). „Преглед на етапата 5“. Cycling News. Future Publishing Limited. Архивирано од изворникот на 2010-10-27. Посетено на 6 мај 2011.
- ↑ Cycling News (13 мај 2011). „Погребот на Вејлант закажан за среда“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 13 мај 2011.
- ↑ Обри, Џејн (10 август 2011). „Венинг му се приклучи на ГринЕЏ“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 1 јануари 2012.
- ↑ „Pieter Weening wins Giro d'Italia stage nine after breakaway“. The Guardian. 18 мај 2014. Посетено на 11 август 2015.
- ↑ „Џиро дела Тоскана 2014 - Класик“. ProCyclingStats. Посетено на 11 август 2015.
- ↑ „Weening tekent bij ploeg Boogerd“ [Weening signs for Boogerd's team]. De Telegraaf (холандски). 11 август 2015. Посетено на 11 август 2015.
Надворешни врски
уреди„Питер Венинг“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Питер Венинг на Trap-Friis.dk
- „Достигнувања на Питер Венинг“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Питер Венинг“. Cycling Quotient.