Џани Москон

италијански велосипедист

Џани Москон (италијански: Gianni Moscon; р. 20 април 1994) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[2]

Џани Москон
Москон на Нокере Курсе 2016
Лични податоци
Цело имеЏани Москон
ПрекарIl Trattore („Тракторот“)[1]
Роден20 април 1994(1994-04-20)(30 г.)
Тренто,  Италија
Висина1,82 м
Маса69 кг
Податоци за клубот
Мом. клубИнеос Гренадиерс
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за класици
Аматерски клубови
2013–2015 Залф-Еуромобил-Дезире-Фјор
Професионални клубови
2016– Инеос Гренадиерс
Значајни победи
Етапни трки
Арктичка трка на Норвешка (2016)
Трка околу Гуангси (2018)

Еднодневни трки и класици

Национално хронометарско првенство (2017, 2018)
Последна промена
10 јули 2019

Ран живот и кариера

уреди

Москон пораснала на фарма за јаболка северно од Тренто во Трентино, во северниот дел на Италија. Ова довело да му биде доделен прекарот „Ил Траторе“ или „Тракторот“.[3]

Професионална кариера

уреди

Тим Скај (2016-денес)

уреди

Во септември 2015 година било објавено дека потпишал договор со Тим Скај за сезоната 2016.[4] Ова дошло по препорака од Фаусто Пинарело, производителот на велосипедите на екипата, кој го гледал Москон како победува аматерски трки.[5]

Во 2016 година, Москон ја забележал својата прва професионална победа на Арктичката трка на Норвешка, каде ја освоил кралската етапа. Подоцна го освоил генералниот пласман, заедно со пласманот за млад возач. Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2017.[6] Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[7]

Контроверза

уреди

Расизам и суспензија

уреди

Во 2017 година, во текот на Тур де Романди, Џани Москон расистички го навредил афрофранцускиот велосипедист Кевин Реза.[8] Џани бил суспендиран од трки од Тим Скај во период од шест недели. Тим Скај назначил дека наредниот расистички инцидент ќе предизвика раскинување на неговиот договор со екипата.[9]

Москон бил исто така обвинет за намерно буткање на возачот на ФДЖ, Себастјен Рајхенбах во текот на Тре Вали Варезине 2017, иако истрагата го отфрлила овој инцидент поради недостиг на докази.

Инцидент на Тур де Франс 2018

уреди

Москон бил дисквалификуван од Тур де Франс 2018 откако го удрил Ели Жесбер од Фортунео-Самсик при етапата 15.[10]

Достигнувања

уреди
2012
4. Краен пласман Џиро дела Луниџана
2014
1. Пиколо Џиро ди Ломбардија
2. ГП Каподарко
5. Гран Премио ди Поџана
6. Џиро дел Белведере
8. Копа дела Паче
9. Гран Премио Палио дел Речото
10. Трофео Алчиде Дегаспери
2015
1.   Национално друмско првенство под 23 години
1. Гран Премио Сан Џузепе
1. Трофео Чита ди Сан Вендемијано
1. Копа деи Лаги-Трофео Алмар
5. Краен пласман Мировна трка под 23 години
2016
1.   Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 3
3. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
Национални друмски првенства
4. Хронометар
5. Друмска трка
5. Краен пласман Тур ди Поату-Шарант
6. ГП Монтреал
7. Краен пласман Тур де Јоркшир
8. Нокере Курсе
2017
Национални друмски првенства
1.   Хронометар
5. Друмска трка
Светски друмски првенства
3.   Екипен хронометар
6. Хронометар
3. Џиро ди Ломбардија
5. Париз-Рубе
5. Џиро дел’Емилија
7. Краен пласман Рут ди Сид
7. Тре Вали Варезине
2018
1.   Национално хронометарско првенство
1.   Краен пласман Трка околу Гуангси
1.   Пласман за млад возач
1. Етапа 4
1. Копа Уго Агостони
1. Џиро ди Тоскана
1. Етапа 3 (ТТТ) Критериум ди Дофине
2. Трофео Сера де Трамунтана
3. Копа Сабатини
5. Светско друмско првенство
8. Е3 Харелбеке
8. Трофео Љосета-Андрат
2019
5. Национално хронометарско првенство

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2016 2017 2018 2019
  Џиро
  Тур ДСК
  Вуелта 27

Распоред на резултатите на класиците

уреди
Распоред на резултатите на монументите
Монумент 2016 2017 2018
Милано-Санремо 49 29
Трка околу Фландрија 77 15 21
Париз-Рубе 38 5 41
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 78
Џиро ди Ломбардија 3

СО = се откажал; — = не учествувал; ДСК = дисквалификуван

Наводи

уреди
  1. „The rise of Gianni Moscon“. Тим Скај. Архивирано од изворникот на 2019-01-05. Посетено на 20 март 2017.
  2. „Team Sky“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Архивирано од изворникот на 5 јануари 2019. Посетено на 5 јануари 2019.
  3. „Stock points skyward for Italian Gianni Moscon“. 17 ашрил 2017. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. „Тим Скај“. Архивирано од изворникот на 2016-02-24. Посетено на 24 септември 2015.
  5. http://www.velonews.com/2017/04/news/stock-points-skyward-italian-gianni-moscon_435757#KWO3owQijZRlqcbo.99
  6. „2017 > 72nd Vuelta a España > Startlist“. ProCyclingStats. Посетено на 17 август 2017.
  7. „2018: 105th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 5 јули 2017.
  8. Даниел Бенсон & Садб О’Ши (29 април 2017). „Moscon racially abuses Reza at Tour de Romandie“. Cycling News.com. Посетено на 22 јули 2018.
  9. Марк Добсон (1 мај 2017). „Team Sky suspend Gianni Moscon for six weeks over racial abuse“. TheGuardian.com. Guardian News and Media. Посетено на 22 јули 2018.
  10. Бери Рајан (22 јули 2018). „Gianni Moscon disqualified from Tour de France“. Cycling News.com. Посетено на 22 јули 2018.

Надворешни врски

уреди