Дилан Тенс
Дилан Тенс (холандски: Dylan Teuns; р. 1 март 1992) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Израел-Премиер Тек.[3]
Тенс на Брабантсе Пејл 2015 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Дилан Тенс | ||
Роден | 1 март 1992 Дист, Белгија | ||
Висина | 1,81 м[1] | ||
Маса | 64 кг[1] | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Израел-Премиер Тек | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за искачување[2] | ||
Аматерски клубови | |||
2011–2013 2014 2014 | Јонг Вландерен-Баукнехт БМЦ Дивилопмент Тим Ванти-Груп Гобер (стажант) | ||
Професионални клубови | |||
2015–2018 2019-2022 2022- | Ванти-Груп Гобер Бахреин-Мерида Израел-Премиер Тек | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 25 ноември 2022 |
Кариера
уредиРоден во Дист во Фламански Брабант, Тенс живее во Хален во Лимбург.[1]
БМЦ Рејсинг Тим (2015–18)
уредиПрвично се приклучил на екипата како стажант[1] пред да биде објавен како дел од составот на екипата за сезоната 2015.[4] Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016[5] и во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017.[6]
Во јули 2017 година, Тенс победил на Тур де Валони, воедно освојувајќи две етапи и бодовниот пласман.[7] Потоа, Тенс го освоил генералниот пласман на Трката околу Полска. Следниот месец ја освоил Арктичката трка на Норвешка, освојуваќи две етапи и бодовниот пласман.
Бахреин-Мерида (2019–2022)
уредиПо четири години со Ванти-Груп Гобер, Тенс објавил дека ќе се приклучи на Бахреин-Мерида за сезоната 2019.[8] Во јули 2019 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2019.[9] Тенс ја освоил шестата етапа на трката претекнувајќи го возачот од бегството Џулио Чиконе на врвот на Ла Планш де Бел Фил.[10]
Во текот на Тур де Франс 2021, Тенс ја освоил својата втора етапна победа на Тур де Франс, освојувајќи ја осмата етапа на трката.[11] На последното искачување на денот, Кол де ла Коломбиер, Тенс го достигнал соло-предводникот Мајкл Вудс и на крајот го претекнал на врвот на качувањето. Зад Тенс, Тадеј Погачар нападнал од главната група и ги бркал возачите пред него.[12] Погачар се доближил на 15 секунди зад Тенс, но не ризикувал да го достигне на влажните патишта до Ле Гран-Борнан.[13]
Откако настапил на етапните трки Волта а ла Комунитат Валенсијана и Волта а Каталуња во првата четвртина од сезоната 2022,[14][15] фокусот на Тенс се префрлил на класиците. Откако зел места меѓу првите десет на Трката околу Фландрија (шести),[16] Амстел Голд Рејс (десетти),[17] и Брабантсе Пејл (осми),[18] Тенс ја освоил својата прва победа на еднодневна трка, на Флеш Валон.[19] Тенс го направил потегот на последното искачување на Мур де Хуј и успеал да се одржи пред петкратниот победник на трката Алехандро Валверде да стане прв Белгиец кој ја освоил трката по Филип Жилбер во 2011.[20][21]
Достигнувања
уреди- 2009
- 6. Трка околу Фландрија за јуниори
- 2010
- 1. Омлоп Хет Ниусблад за јуниори
- 2012
- 4. Краен пласман Ронд де л’Изар
- 2013
- 1. Етапа 1 Триптих Арден
- 3. Краен пласман Ронд де л’Изар
- 5. Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години
- 9. Меморијал Ван Конингсло
- 2014
- 1. Етапа 5 Тур де л’Авенир
- 1. Етапа 3 Џиро дела Вале д’Аоста
- 1. Пласман за млад возач Трка околу Јута
- 2. Краен пласман Тур де Бретањ
- 2. Лиеж-Бастоњ-Лиеж под 23 години
- 2. Омлоп Хет Ниусблад под 23 години
- 2. Пиколо Џиро ди Ломбардија
- 6. Гран при де Валони
- 10. Краен пласман Трка околу Британија
- 2015
- 1. Етапа 3 (ТТТ) Критериум ди Дофине
- 3. Класик Волта Лимбург
- 4. Краен пласман Трка околу Белгија
- 2016
- 10. Класик Волта Лимбург
- 2017
- 1. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
- 1. Краен пласман Тур де Валони
- 1. Краен пласман Трка околу Полска
- 1. Етапа 3
- 3. Флеш Валон
- 6. Гран при де Валони
- 8. Гран при Пино Черами
- 2018
- 3. Џиро ди Ломбардија
- 3. Џиро дел’Емилија
- 5. Краен пласман Трка околу Полска
- 6. Краен пласман Париз-Ница
- 7. Брабантсе Пејл
- 2019
- 1. Етапа 6 Тур де Франс
- 5. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 5. Омлоп Хет Ниусблад
- 6. Краен пласман Критериум ди Дофине
- 1. Етапа 2
- 9. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
- 10. Вуелта а Андалусија
- 2020
- 5. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 1. Етапа 5 (ITT)
- 5. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 10. Гент-Вевелгем
- 2021
- 1. Етапа 8 Тур де Франс
- 4. Краен пласман Трка околу Германија
- 7. Брабантсе Пејл
- 8. Краен пласман Трка околу Полска
- 2022
- 1. Флеш Валон
- 1. Етапа 1 Тур де Романди
- 4. Гран при де Валони
- 5. Краен пласман Трка околу Британија
- 6. Трка околу Фландрија
- 6. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
- 8. Брабантсе Пејл
- 10. Амстел Голд Рејс
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | 75 | — | — | — | — | — |
Тур | — | — | — | 44 | — | 17 | 19 |
Вуелта | 100 | — | 33 | 12 | — | — | — |
Распоред на резултатите на класиците
уредиМонумент | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | — | — | — | СО | 70 | — | — |
Трка околу Фландрија | — | — | — | — | — | 11 | 35 | 6 |
Париз-Рубе | — | — | — | — | — | НСО | — | СО |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | 31 | 17 | 24 | 20 | 9 | 27 | 34 | 6 |
Џиро ди Ломбардија | 70 | — | — | 3 | СО | — | 37 | — |
Класик | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
Омлоп Хет Ниусблад | 38 | — | — | — | 5 | 18 | 40 | — |
Гент-Вевелгем | — | — | 90 | — | — | 10 | — | — |
Брабантсе Пејл | 40 | 28 | 33 | 7 | 66 | 12 | 7 | 8 |
Амстел Голд Рејс | 64 | 18 | 44 | 25 | 64 | НСО | 33 | 10 |
Флеш Валон | 13 | 30 | 3 | 30 | 14 | 75 | 32 | 1 |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-09-13. Посетено на 2017-04-19.
- ↑ „Dylan Teuns“. BMC Switzerland. Архивирано од изворникот на 2017-07-06. Посетено на 6 април 2015.
- ↑ Ostanek, Daniel (5 August 2022). „Dylan Teuns leaves Bahrain Victorious for Israel-Premier Tech in shock mid-season transfer“. cyclingnews.com. Cycling News. Посетено на 5 August 2022.
- ↑ Виндзор, Ричард (17 декември 2014). „BMC announces 2015 squad, with eight new signings“. Cycling Weekly. Посетено на 6 април 2015.
- ↑ „71st Vuelta a España“. ProCyclingStats. Посетено на 20 август 2016.
- ↑ „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 2 мај 2017.
- ↑ „Tour de Wallonie: Teuns wins final stage and overall“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 26 July 2017. Посетено на 30 July 2017.
- ↑ „Bahrain Merida Pro Cycling Team“. Merida Bikes. Merida Industry Co., Ltd. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2019. Посетено на 1 јануари 2019.
- ↑ „2019: 106th Tour de France: Start List“. ProCyclingStats. Посетено на 1 јули 2019.
- ↑ Fletcher, Patrick (11 July 2019). „Tour de France: Teuns wins atop La Planche des Belles Filles“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 29 July 2019.
- ↑ Whittle, Jeremy (3 July 2021). „Tadej Pogacar seizes Tour de France lead as Dylan Teuns takes stage“. The Guardian. Архивирано од изворникот на 3 July 2021. Посетено на 10 April 2022.
- ↑ Nicholson, Kit (3 July 2021). „Pogačar takes control of yellow as Teuns wins stage 8 of the Tour de France“. CyclingTips. CyclingTips Media Pty Ltd. Посетено на 10 April 2022.
- ↑ Marshall-Bell, Chris (3 July 2021). „Tour de France: Dylan Teuns misheard radio, thought he had larger gap that helped him win stage eight“. Cycling Weekly. Future plc. Посетено на 10 April 2022.
- ↑ „Mohorič and Sánchez lead Bahrain Victorious in Valenciana“. Тим Бахреин Викториус. Bahrain World Tour Cycling Team. 31 January 2022. Посетено на 5 June 2022.
- ↑ „Bahrain Victorious to Volta a Catalunya“. Тим Бахреин Викториус. Bahrain World Tour Cycling Team. 20 March 2022. Посетено на 5 June 2022.
- ↑ „Top Ten Finishes for Dylan Teuns and Fred Wright at Tour of Flanders“. Тим Бахреин Викториус. Bahrain World Tour Cycling Team. 3 April 2022. Посетено на 5 June 2022.
- ↑ „Top Ten for Teuns at Amstel Gold Race“. Тим Бахреин Викториус. Bahrain World Tour Cycling Team. 10 April 2022. Посетено на 5 June 2022.
- ↑ Ryan, Barry (13 April 2022). „Magnus Sheffield secures solo win at Brabantse Pijl“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 5 June 2022.
- ↑ Dabbs, Ryan (20 April 2022). „Dylan Teuns wins first-ever Classic with victory at La Flèche Wallonne“. Cycling Weekly. Future plc. Посетено на 5 June 2022.
- ↑ Ryan, Barry; Weislo, Laura (20 April 2022). „Dylan Teuns wins La Flèche Wallonne“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 5 June 2022.
- ↑ Ostanek, Daniel (20 April 2022). „Teuns: It's all or nothing on the Mur de Huy“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 5 June 2022.
Надворешни врски
уреди„Дилан Тенс“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Дилан Тенс“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Дилан Тенс“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Дилан Тенс“. ProCycling.