Џек Бауер (велосипедист)

новозеландски велосипедист

Џек Бауер (англиски: Jack Bauer; р. 7 април 1985) — новозеландски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мичелтон-Скот.[1]

Џек Бауер
Бауер во текот на хронометарот на Светското друмско првенство UCI 2010
Лични податоци
Цело имеЏек Бауер
Роден7 април 1985 (1985-04-07) (35 г.)
Такака, Тасман, Нов Зеланд Нов Зеланд
Висина1,91 м
Маса74 кг
Податоци за клубот
Мом. клубМичелтон-Скот
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачПанчер
Аматерски клубови
2009 Кингснорт Аматер Вилерс (Белгија)
Професионални клубови
2010–2011
2012–2016
2017
2018-
Ендура Рејсинг
Гармин-Баракуда
Квик-Степ Флорс
Мичелтон-Скот
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
1 етапа ТТТ (2012)

Еднодневни трки и класици

Јапонски куп (2013)
MaillotNuevaZelanda.PNG Национален друмски првак (2010)
MaillotNuevaZelanda.PNG Национален хронометарски првак (2017)
Последна промена
7 април 2019

КариераУреди

Во јануари 2010 година, Бауер станал национален друмски првак, додека возел за Ендура Рејсинг.[2][3] Во ноември 2011, Бауер објавил дека потпишал со професионалната екипа Гармин-Баракуда за сезоните 2012 и 2013 по чекорите на неговиот сонародник, Џулијан Дин.[4][5] Останал со екипата и трета сезона во 2014 и четврта сезона во 2015 година.[6] На петнаесеттата етапа на Тур де Франс 2014, Бауер се одвоил со Мартин Елмигер и возеле сами 222 километри, но биле достигнати од групата на само неколку метри пред целта.[7]

Бауер пораснал во мал град наречен Пара Пара, недалеку од Такака на Јужниот Остров од Нов Зеланд. Првично започнал како возач на мотори (крос-кантри), Бауер се префрлил на друмскиот велосипедизам во 2007. Неговата кариера оттогаш се движи нагоре, особено во 2009, кога освоил бројни друмски трки.

ДостигнувањаУреди

2009
2. Краен пласман Трка околу Саутланд
1. Етапа 2
2010
1.   Национално друмско првенство
1. Етапа 5 Трка околу Велингтон
2. Краен пласман Тур Саутленд
1. Етапа 3
8. Комонвелтско хронометарско првенство
10. Комонвелтско друмско првенство
2011
1. Етапа 2 Трка околу Јута
2. Краен пласман Трка Олимпија
9. Краен пласман Тур де Норманди
2012
1. Етапа 2 (ТТТ) Трка околу Катар
1. Етапа 4 (ТТТ) Џиро д’Италија
4. Краен пласман Три дена Западна Фландрија
7. Национално друмско првенство
10. Олимписка друмска трка
2013
2. Јапонски куп
5. Краен пласман Трка околу Британија
2014
1. Пролог Хералд Сан Тур
2.   Друмска трка на Комонвелтските игри
2. Национално друмско првенство
7. Краен пласман Трка на лозјата
1. Етапа 5
2015
7. Краен пласман Трка околу Баварија
8. Е3 Харелбеке
2016
1. Етапа 1 (ТТТ) Велосипедска трка Чешка
1. Етапа 5 Трка околу Британија
2017
1.   Национално хронометарско првенство

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
  Џиро 114
  Тур СО 137 СО 105 121
  Вуелта

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. Jack Bauer signs two-year contract with Orica-Scott“, „Cyclingnews.com“, Immediate Media Company, 28 август 2017 (посет. 3 јануари 2018 г).
  2. Објавена екипата Тим Гармин Шарп 2014!“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 31 декември 2013 (посет. 2 јануари 2014 г).
  3. Џек Бауер во Гармин-Шарп“, „ЕФ Едукејшн Фирст“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (посет. 6 јануари 2013 г).
  4. Тим Гармин-Шарп-Баракуда го откри составот за 2013“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (посет. 6 јануари 2013 г).
  5. „Велосипедизам: Бауер се придружил на Гармин Сервело“. Tvnz.co.nz. конс. 20 ноември 2011. 
  6. Гармин-Шарп (GRS) – САД“, „Светска турнеја UCI“, Меѓународен велосипедистички сојуз (посет. 2 јануари 2014 г).
  7. Стивен Фаранд. „Бауер скршен по пропуштената прилика за етапна победа во Ним на Тур де Франс“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 7 јули 2014 (посет. 7 јули 2014 г).

Надворешни врскиУреди