Дарио Каталдо
Дарио Каталдо (италијански: Dario Cataldo; р. 17 март 1985 во Ланчано) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[2]
Каталдо на Тур де Франс 2017 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Дарио Каталдо | ||
Прекар | Пикасо[1] | ||
Роден | 17 март 1985 Ланчано, Италија | ||
Висина | 1,75 м | ||
Маса | 64 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Мовистар Тим | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач[1] | ||
Професионални клубови | |||
2007–2008 2009–2012 2013–2014 2015-2019 2020- | Ликвигас Квик Степ Тим Скај Астана Мовистар Тим | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 5 јануари 2020 |
Кариера
уредиЛиквигас (2007-2008)
уредиПо изненадувачката победа на Бебе-Џиро во 2006,[3] Каталдо потпишал како професионалец за Ликвигас за сезоната 2007.[4] Во јануари 2007, Каталдо бил удрен од автомобил додека тренирал.[5] Подоцна истата година, Каталдо освоил две етапи на Тур де л‘Авенир.[6] По разочарувачката година во 2008, Ликвигас не го обновил неговиот договор.[3]
Квик Степ (2009-2012)
уредиТака, во 2009, Каталдо се префрлил во екипата Квик Степ.[7] Првите две години Каталдо не успевал да го покаже својот талент, меѓутоа во 2012 ги покажал своите вештини. Победил на националното хронометарско првенство 2012 и завршил 12. на Џиро д’Италија. Каталдо ја освои „кралската“ етапа на Вуелта а Еспања 2012, етапата 16 завршувајќи прв на искачувањето, кое било возено по првпат на Вуела, Суиту Негру. Тој побегнал со Томас де Гент од Вакансолел-ДКМ на почетокот на етапата и тие никогаш не биле достигнати од групата. Каталдо се одвоил од Де Гент на помалку од 2 километри до целта на најстрмниот дел на етапата (повеќе од 20%). Успеал да ги подигне рацете кога поминал низ целта за победнички израз, пред да му паднат на дршките за раце на неговиот велосипед поради замор.[8] Каталдо го напуштил Омега Парма-Квик Степ на крајот на сезоната 2012 и се приклучил на Тим Скај за сезоната 2013.[9]
Тим Скај (2013–2014)
уредиНеговиот успех во 2012 го привлекло вниманието на прваците во Светската турнеја на UCI Тим Скај, каде се очекува да има улога на суперпомошник за Бредли Вигинс на Џиро д’Италија или Крис Фрум на Тур де Франс.[9]
Астана (2015-2019)
уредиВо октомври 2014 година, Астана објавиле дека потпишале со Каталдо за сезоната 2015, а генералниот раководител на екипата ја опишал неговата улога како помошник во искачувањето за Винченцо Нибали и Фабио Ару, како и придонесувајќи кон резултатите на екипата на екипните хронометри.[10]
Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[11] Се повлекол поради повреда на 12 јули, предизвикана од пад во зоната за хранење.
Достигнувања
уреди- 2006
- 1. Краен пласман Бебе-Џиро
- 2007
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Сетимана Сиклистика Ломбарда
- 3. Трка околу Франкфурт на Мајна
- 4. Џиро дел Венето
- 10. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 7
- 10. Копа Уго Агостони
- 2008
- 1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
- 2009
- 4. Трка околу Мисури
- 5. Гран Премио Бруно Бегели
- 2010
- 1. Гран Премио Бруно Бегели
- 2. Национални хронометарски првенства
- 2011
- 7. Трофео Магалуф-Палманова
- 9. Краен пласман Трка околу Пекинг
- 2012
- 1. Национално хронометарско првенство
- 1. Етапа 2b (ТТТ) Тур де л’Ен
- 1. Етапа 16 Вуелта а Еспања
- 9. Краен пласман Волта а Каталуња
- 12. Краен пласман Џиро д’Италија
- 2013
- 1. Етапа 1b (ТТТ) Џиро дел Трентино
- 1. Етапа 2 (ТТТ) Џиро д’Италија
- 2014
- 2. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
- 1. Етапа 1б (ТТТ)
- 1. Етапа 4 (ITT)
- 2015
- 4. Краен пласман Џиро дел Трентино
- 2016
- 1. Етапа 2 (ТТТ) Вуелта а Бургос
- 8. Вуелта а Мурсија
- 9. Краен пласман Трка околу Полска
- 2017
- 4. Национално друмско првенство
- 2018
- 1. Планински пласман Критериум ди Дофине
- 2019
- 1. Етапа 15 Џиро д’Италија
- 1. Етапа 1 (TTT) Вуелта а Еспања
- 8. Краен пласман Трка на Алпите
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолема трка | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | СО | 54 | СО | 12 | 12 | 56 | 26 | 25 | — | 14 | — | 48 |
Тур | — | — | — | — | — | — | — | — | — | СО | — | — |
Вуелта | — | — | 71 | 131 | 51 | 74 | СО | 57 | 51 | — | 64 | 68 |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Дарио Каталдо“. Омега Парма-Квик Степ. Decolef. Архивирано од изворникот на 2012-10-11. Посетено на 28 април 2013.
- ↑ „Movistar Team ready to open new era in 2020“. Мовистар Тим. Abarca Sports SL. 19 декември 2019. Посетено на 2 јануари 2020.
- ↑ 3,0 3,1 „Дарио Каталдо (холандски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на холандски]]“. Архивирано од изворникот на 2010-01-08. Посетено на 2012-04-14. URL–wikilink conflict (help)
- ↑ „Ликвигас ја објави екипата за 2007“. Cycling news. 5 октомври 2006. Посетено на 25 јануари 2010.
- ↑ Браун, Грегор (31 јануари 2007). „Каталдо удрен од автомобил додека тренирал“. Cycling news. Посетено на 25 јануари 2010.
- ↑ „Младиот Италијанец во форма“. Cycling news. 13 септември 2007. Посетено на 25 јануари 2010.
- ↑ Прел, Моника (27 ноември 2009). „Каталдо му се придружи на Квик Степ“. Cycling news. Посетено на 25 јануари 2010.
- ↑ Бен Аткинс (3 септември 2012). „Вуелта а Еспања: Дарио Каталдо ја однел историската победа додека водечките на трките се бореле зад него“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 3 септември 2012.
- ↑ 9,0 9,1 „Каталдо го напушта Омега Парма-КвикСтеп за Скај“. Cycling News. Future Publishing Limited. 5 септември 2012. Посетено на 24 септември 2012.
- ↑ „Дарио Каталдо потпиша за Астана да биде помошник во искачувањето за Винченцо Нибали и Фабио Ару“. skysports.com. 1 октомври 2014. Посетено на 5 октомври 2014.
- ↑ „2017: 104th Tour de France: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 28 јуни 2017.
Надворешни врски
уреди„Дарио Каталдо“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Дарио Каталдо“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Дарио Каталдо“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Дарио Каталдо“. ProCycling.
- Профил на Cycling Base Архивирано на 1 февруари 2014 г.